Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Јаху њус објави внатрешен стратешки документ од претседателската администрација на Путин, кој ги открива плановите на Москва за Молдавија. Пишува: Борјан Јовановски Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска го посети главниот град на Молдавија каде што вети 10 милиони фунти финансиска помош за оваа земја поради, како што соопшти неговиот кабинет „да и помогне на Молдовија да се справи со „малигното мешање“ од Русија“. „Вие не сте сами, ние, заедно со меѓународните партнери ќе и помогнеме на Република Молдавија да се соочи со оваа без преседан, брутална војна на вашиот праг“, рече Клеверли на прес-конференција. „Со исклучок на…
Администрацијата на Џо Бајден побара кинеските сопственици на ТикТок да ги отпишат своите удели во популарната видео апликација или ќе се соочат со можна забрана од САД, пренесуваа Ројтерс. Овој потег е најдраматичниот во серијата неодамнешни чекори на американските официјални лица и законодавци кои изразија стравувања дека податоците за американските корисници на ТикТок би можеле да бидат доставени до кинеската влада. ТикТок е во сопственост на ByteDance и има повеќе од 100 милиони корисници во САД. Ова е прв пат администрацијата на Бајден експлицитно да се закани дека ќе го забрани ТикТок. И претходникот на претседателот Бајден, Доналд Трамп, се…
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан е во Турција на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Неговата посета доаѓа истиот ден кога и финскиот претседател Саули Ниинисто пристигнува во Турција, наводно за да добие позитивни вести од Анкара за кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО на состанокот со Ердоган во петокот. Пред да замине од Хелсинки, Ниинисто рече дека имал „добар разговор“ со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Нордиските земји чекаат Анкара и Будимпешта да ги ратификуваат нивните апликации за НАТО, што ги спречува Финска и Шведска да станат полноправни членки на воената алијанса. Унгарскиот парламент треба да гласа за…
Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември усогласено согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, како што посочи, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти. -Со покачувањата на пензиите што се случија лани во март и септември,…
Уставните измени се во ваши раце и тоа е ваша суверена одлука, но од наша страна јасно порачуваме прозорецот на можности е отворен и Северна Македонија има голем потенцијал да оди напред, сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, но треба да се направат одредени чекори за кои ќе ве туркаме напред, велат претставници на ЕУ. Како што јави известувачот на МИА од Брисел, во однос на тоа дали ќе се случат уставни измени со оглед дека нема двотретинско мнозинство и противењето на опозицијата, велат дека невозможното секогаш станува возможно кога ќе се постават големи услови и кога ќе се увиди важноста на ова прашање…
Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот. Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното…
Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари.„Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени од странски законодавци. СПАК посвети посебно внимание на кривичните дела трговија сонаркотици или тероризам. Случаите поврзани со корупција се зголемени за 30 отсто“, истакна тој, јави Ора њуз.Од друга страна, тој наведе и дел од проблемите што ги констатирал во периодот додека е на чело на…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, обраќајќи се пред Бундестагот, истакна дека гарантира натамошна воена помош за Украина, како од Германија, така и од европските земји. „Германија, заедно со европските партнери, ќе се погрижи Украина да продолжи да се снабдува со оружје и опрема за да истрае во одбраната“, рече германскиот канцелар за време на поднесувањето на извештајот за работата на коалициската влада до Бундестагот, во пресрет на состанокот на самитот на Советот на Европската Унија следната недела во Брисел. Тој рече дека сега е многу важно Украина да се снабди со муниција што е можно побрзо. „На состанокот на Советот…
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на прес – конференција на 07.03.2023, изнесе тврдење дека во последниве осум години во земјава имало стотина нерасветлени убиства: „Додека Спасовски осум години е прв човек на полицијата, се случија стотина нерасветлени убиства“. Истиот ден, повеќе медиуми ја пренесоа оваа изјава на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, без да ги проверат податоците. Но, изјавата на Стоилковски содржи неточни информации. Прво, на страницата на МВР може да се види дека Спасовски не бил осум години прв човек на полицијата, туку околу шест години со прекини: од 11.11.2015 до 18.05.2016, од 02.09.2016 до 29.12.2016, од 31.05.2017 до 03.01.2020, и од 31.08.2020 досегa. …
Македонските џез и хип-хоп легенди Тони Китановски и Димитри од Чаир вечерва во Бруталиск ќе го претстават својот нов проект на бесплатен целовечерен настап пред скопската публика. Насловен како „“Ентропија” материјалот се состои од инструментално солирање со светски препознатливата гитара на Китановски врз семплови од познати музички стандарди на тапани подготвени од славниот Чаирчанец Димитар, а настапот започнува во 21 часот на бул. Илинден 38А. Кога говориме за ентропија како научен поим, тогаш асоцијацијата е наизменичност, спротивставување на два елементи, уништување на едниот со преоѓање во другиот или термодинамички хаос. Но, ентропија во музичка смисла е воздигнување на индивидуалните квалитети до момент кога две различности создаваат…
Премиерот на Република Косово, Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува косовската Радио-телевизија. Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и Вучиќ, па потоа и заедничка…
Повеќе од еден месец домашната, а пред се филмска и уметничка јавност, ја брануваат факти и информации изнесени од медиумите во кои се отвораат серија прашања за начините на кои во минатото биле доделувани и трошени државните пари за филмовите на Милчо Манчевски. Милионски доделени суми надвор од процедури и неисполнети обврски кон Филмскиот фонд се само дел од наодите во медиумските статии. Но сега, се чини дека случајот добива нова димензија, откако претседателката на невладината Транспаренси Интернешнл вчера излезе во јавност со барање за поништување на доделувањето средства од годинешниот конкурс на Агенцијата за филм, поради наводен конфликт на…