Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц: Потребно е што е можно побрзо Украина да се снабди со муниција

0
By Ана Василевска on March 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Олаф Шолц
Олаф Шолц
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 16, 2023 13:14

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, обраќајќи се пред Бундестагот, истакна дека гарантира натамошна воена помош за Украина, како од Германија, така и од европските земји.

„Германија, заедно со европските партнери, ќе се погрижи Украина да продолжи да се снабдува со оружје и опрема за да истрае во одбраната“, рече германскиот канцелар за време на поднесувањето на извештајот за работата на коалициската влада до Бундестагот, во пресрет на состанокот на самитот на Советот на Европската Унија следната недела во Брисел.

Тој рече дека сега е многу важно Украина да се снабди со муниција што е можно побрзо.

„На состанокот на Советот на Европската Унија следната недела ќе усвоиме мерки со нашите европски партнери за да постигнеме подобро и пред се континуирано снабдување“, рече Шолц, истакнувајќи дека Германија веќе обезбедува значителна воена помош за Украина, која се брани од руската агресија.

Шолц ги повика граѓаните на Германија да гледаат кон иднината со доверба и покрај драстичните промени што се случија по рускиот напад на Украина.

„Точно е дека самодовербата и оптимизмот не можат да се наметнат со декрет, но тие се плод на реализираните напори“, рече Шолц и укажа на фактот дека во меѓувреме, за само осум месеци, Германија стана независна од рускиот гас и масло.

„Немаше ниту економски пад, ниту затворање на индустриските постројки, како што некои предвидуваа“, потенцираше Шолц.  „Ова покажува дека, кога е потребно, можеме многу брзо да ја извршиме трансформацијата“, заклучи канцеларот Шолц.

Војна во Украина Муниција Олаф Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.