Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
УНИЦЕФ до дополнително известување го суспендираше ангажманот со уметникот Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, откако Лејла Кашиќ, водителката и продуцентка на емисијата „Дневница“ што се емитува на црногорскиот Јавен сервис, го обвини за сексуално вознемирување. УНИЦЕФ синоќа реагираше преку соопштение и информираше дека се запознаени со обвинувањата против Пушиќ, пренесува РТЦГ. „УНИЦЕФ има политика на нулта толеранција кон каква било форма на сексуално несоодветно однесување, бидејќи тоа е спротивно на основните вредности на УНИЦЕФ“, се наведува во соопштението. Пушиќ беше ангажиран како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и учествуваше во кампањата за медиумска писменост во Црна Гора. Кашиќ…
Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат. Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е забележана во Кина со 2,0%. Најголем пораст на цените во ЕУ во 2022 година има кај трошоците за домување и храна. Потрошувачките цени за домување, вода, струја, гас и други горива минататата година забележаа досега најголем пораст од 18,0%. Следува транспортот со просечен пораст од…
Пишува: Борјан Јовановски Молдавија станува една од главните теми во ЕУ по избувнувањето на немирите кои ги организираа проруски инсталации во таа земја која сместена меѓу Романија и Украина има значајна геополитичка улога. Молдавската влада вчера соопшти дека уапсила седум лица обвинети за поттикнување немири за време на антивладините протести. Апсењата доаѓаат по предупредувањата од прозападната влада на Молдавија и официјални претставници на САД, кои експлицитно укажаа на агенти поврзани со Русија кои се инфилтрираа во земјата се обидуваат да предизвикаат рушење на владата. „Испраќам предупредување до предавниците на земјата дека наскоро ќе застанат пред судот, без разлика колку пари…
СОЊА ТАНЕСКА По серијата написи на ЦИВИЛ Медиа за можните финансиски злоупотреби на средствата од Агенцијата за филм за филмовите на режисерот Милчо Манчевски, Управниот одбор на Агенцијата донел заклучок да ги повика надлежните државни органи да ги проверат тие информации. Деновиве, се очекува органите да спроведат инспекциски надзор, по што е можно да следат санкции за злоупотреба на државните средства кои, исто така, треба да ги проверат документите за незавршени финансиски обврски од страна на Манчевски во врска со претходните негови проекти за кои веќе и неколку пати пишуваше ЦИВИЛ медиа. Според документите со кои располага нашата редакција, Манчевски има…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот Black Hawk на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата на Република Северна Македонијa. Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот Криволак се користи од страна на армиите на сојузничките земји и партнери, со што се покажува дека секоја инвестиција која што е направена во полигонот е оправдана. Денеска заедно со амбасадорката Агелер сме дел од активностите кои се составен дел на обуката за блиска воздушна поддршка со воздухопловите Black Hawk.…
Нашите очекување се дека на крај ќе успееме да добиеме ослободителна пресуда, бидејќи ова обвинение значи враќање на вербален деликт на мала врата, изјави адвокатот Коста Најков, бранител на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“. Во изјава за медиуми по денешната расправа, Најков рече дека без оглед на она што го пишувал Стаменковски и дали тоа некому му се допаѓа или не, како што рече „тука разговараме за кривична одговорност, односно дали има или нема извршување на кривична одговорност, а ние сметаме дека такво нема“. Адвокатот информираше дека обвинетиот се изјаснил за невин и кажа дека денешната расправа продолжила…
Напаѓачот кој синоќа во Хамбург уби седум членови на заедницата на Јеховините сведоци, а потоа се самоуби, порано и самиот припаѓал на оваа заедница и имал дозвола за носење оружје, соопшти полицијата во Хамбург. „Никогаш не сме виделе масакр од вакви размери во Хамбург“, рече Енди Гроте, сенатор за внатрешни работи на градот-сојузна покраина Хамбург. Тој објасни дека полицијата била на местото на настанот само четири минути по првиот повик. Тој оцени дека брзото пристигнување на полицијата „спасило многу животи“. На состанокот во зградата имало околу 50 луѓе. По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот побегнал на првиот кат, каде си го…
Најавите за властите во Република Српска за криминализирање на клеветата и воведување регистар на „странски агенти“ наидоа на остра осуда и од американската Амбасада во БиХ, предупредувајќи дека тоа се планови чија јасна намера е репресија и ограничување на слободата на изразување. Американската дипломатија жестоко реагираше на најавите за измени на Кривичниот законик во Република Српска, со што ќе се воведат драстични казни за клевета, односно повреда на честа и угледот, како и на најавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, дека тој предлага во ентитетот да се донесе закон со кој ќе се воведе обврска за регистрација на…
Цената на природниот гас на европските берзи доживеа нов пад. Според индексот ТТФ на најголемата европска берза за гас во Холандија, отсега за еден мегават час се тргува меѓу 41 и 43 евра. Во меѓувреме, компанијата Макпетрол која е увозникот на природен гас за месец март во земјава, го продава гасот на државата 20 евра поскапо, односно за 60,10 евра по мегават час без ДДВ. Токму Макпетрол, како и телевизијата Телма, беа најголемите критичари на решението да се увезува гас по фиксна цена, иако ваквата одлука носи предвидливост на пазарот, што беше важен услов за властите. Макпетрол дури реши и…
Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучи комисијата при Министерството за култура. На распишаниот конкурс беа пријавени и Струга и Маврово-Ростуше. Стручната комисија при Министерството оцени дека Крушево понуди богата програма и издржан програмски концепт, со содржини од различни жанрови, од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници. Во програмата се 62 проекта од сите дејности, кои подразбираат достапност на културата за сите во Општината и учество на многу млади домашни уметници и автори, оценила Комисијата. Крушево ќе ги стави во функција инфраструктурните и човечките капацитети и ќе…
Француската католичка црква исплати околу 7 милиони евра како компензација на жртвите на сексуална злоупотреба, откако беше претставен извештај за тие злосторства во есента 2021 година, јави ДПА. Од почетокот на 2022 година, 190 жртви во просек добиле отштета од 37.000 евра, објави во Париз независното тело создадено специјално за таа намена. Во 40 од случаите исплатен е максимален надомест од 60.000 евра. Досега до специјалното тело се обратиле 1.133 жртви на сексуално насилство извршено од свештеници, а многу од случаите се уште се истражуваат. Повеќе од две третини од жртвите биле мажи. Насилството извршено од страна на свештениците било…
Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија, најави министерот Кренар Лога. Министерот нагласи дека во образложението на барањето за екстрадиција ќе пишува дека Груевски казната ќе ја одлежува во т.н. „хашките ќелии“, кои ги исполнуваат пропишаните условите, од причина што азилот во Унгарија го добил брз основа на тврдењето дека земјава „нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици“. „Груевизмот нема да избега од Северна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за…