Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска и Агелер на вежба со хеликоптери „Блек хок“ на Криволак: Сојузништвото значи грижа и поддршка едни со други

0
By Ана Василевска on March 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: Ариан Мемети
Фото: Ариан Мемети
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 10, 2023 16:15

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот Black Hawk на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата на Република Северна Македонијa.

Фото: Ариан Мемети
Фото: Ариан Мемети

Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот Криволак се користи од страна на армиите на сојузничките земји и партнери, со што се покажува дека секоја инвестиција која што е направена во полигонот е оправдана.

Денеска заедно со амбасадорката Агелер сме дел од активностите кои се  составен дел на обуката за блиска воздушна поддршка со воздухопловите Black Hawk. Минатата година за само шест месеци одржани се 10 повеќедневни вежбовни активности на сојузничките армии и на партнерите од НАТО, а нашата Армија се разбира секој месец по неколку пати во текот на месецот ги извршува своите редовни вежбовни активности, меѓутоа и обуките на нашите припадници. Ова покажува дека секоја инвестиција која што е направена во тренинг центарот Криволак е оправдана и затоа сакам особена благодарност да изразам и до нашите партнери. Сојузништвото всушност е токму и тоа, грижа и поддршка едни со други“ истакна Петровска.

Фото: Ариан Мемети
Фото: Ариан Мемети

 Петровска се заблагодари за поддршката од САД подвлекувајќи дека само во последната година САД ја поддржаа македонската одбрана со 137 милиони долари, наменети за проектите за модернизација и опремување на Армијата.

Американската амбасадорка Агелер подвлече дека Криволак е полигон за обука од светска класа кој нуди одлични услови за извежбување. Ваквиот тип на обуки, додаде таа, ја покажуваат и потврдуваат силата на соработката и партнерството помеѓу САД и Република Северна Македонија.

„Денеска се хеликоптерите од типот Black Hawk минатата недела беа воздухопловите F-18. Секојдневно работиме заедно и развиваме нови начини за соработка, развој на интероперабилноста и зацврстување на безбедноста. Ние ќе продолжиме да помагаме во развојот на овој полигон со цел заеднички со сојузниците да реализираме уште повеќе вежби и обуки“, рече Агелер.

Обуката за блиска воздушна поддршка со воздухоплов од Копнените сили на САД се реализира во периодот од 5 до 11 март и вклучува два американски хеликоптери „Black hawk“.

Анџела Агелер воена вежба Криволак Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.