Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По обвинувања за сексуално вознемирување, УНИЦЕФ го прекина ангажманот со Рамбо Амадеус

0
By Ана Василевска on March 13, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 13, 2023 09:43

УНИЦЕФ до дополнително известување го суспендираше ангажманот со уметникот Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, откако Лејла Кашиќ, водителката и продуцентка на емисијата „Дневница“ што се емитува на црногорскиот Јавен сервис, го обвини за сексуално вознемирување.

УНИЦЕФ синоќа реагираше преку соопштение и информираше дека се запознаени со обвинувањата против Пушиќ, пренесува РТЦГ.

„УНИЦЕФ има политика на нулта толеранција кон каква било форма на сексуално несоодветно однесување, бидејќи тоа е спротивно на основните вредности на УНИЦЕФ“, се наведува во соопштението.

Пушиќ беше ангажиран како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и учествуваше во кампањата за медиумска писменост во Црна Гора.

Кашиќ вчера, на социјалната мрежа Инстаграм јавно го обвини Пушиќ за сексуално вознемирување.

„Вчера на снимањето на епизодата на „Дневница“ доживеав сексуално вознемирување од нашиот гостин, големата интелектуална, регионално призната и влијателна личност, амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Антоније Пушиќ, попознат под псевдонимот Рамбо Амадеус“, напиша Кашиќ во својата објава.

Кашиќ наведе дека за целиот случај го известила УНИЦЕФ и дека „ќе бидат информирани и надлежните органи“.

Како што наведе Кашиќ на својот профил, непријатностите ги доживеала во Херцег Нови, каде екипата на РТЦГ снимала епизода од шоуто „Дневница“ со Рамбо Амадеус.

Кашиќ во својата објава на Инстаграм напиша и дека „страшно, опасно, проблематично е некој склон кон девијантно однесување преку вклучување во УНИЦЕФ да има пристап до најранливите категории на општеството“.

„Тоа е неприфатливо. Секако дека ме нарекоа лудача и глупача. По вербалниот конфликт и крајот на се, добив порака која е само уште еден обид за манипулација, во која вели дека имам лош впечаток за него дека можеме да бидеме добри пријатели“, напиша Кашиќ.

Таа апелираше до сите жени да не молчат за сексуалното вознемирување, како и да не се плашат од оние кои сакаат да ја искористат својата позиција на моќ.

„Изминатата ноќ се чувствував збунето, немоќно и незаштитено. А потоа се претвори во гнев и бес. Конечно, одвратност и нервен слом. Што треба да се случи за да се чувствуваме безбедно додека ги извршуваме нашите секојдневни активности? Колку се потребни засрамени жртви за да ни биде јасно дека нема оправдување?До кога ќе слушаме што НИЕ требало да направиме?До кога мажите ќе мислат дека ги почитуваат жените, ако реагираат само на малтретирање и насилство врз нивните ќерки/сестри . Значи до кога, уште колку?“, напиша Кашиќ.

Владан Оташевиќ, авторот и уредник на емисијата „Дневница“ за медиумите изјави дека е непријатно изненаден од однесувањето на Рамбо Амадеус и дека осудува секакви општествено девијантни однесувања, невоспитување и непочитување.

– На крајот од снимањто сите од тимот дознаа што се случило. Непријатно сум изненаден од однесувањето на Рамбо. Ваквите постапки не доликуваат на личност на неговата возраст и углед. Ја разбирам колешката Лејла и многу ми е жал што и се случи ова. Ги осудувам сите видови на социјално девијантно однесување, невоспитување и непочитување. Особено кон жените. Секој треба да одговара за своите постапки, а јавните личности имаат посебна јавна одговорност, рече Оташевиќ.

Тој рече дека како уредник и автор на емисијата, која е препознаена како црногорски бренд од значење за јавното добро, има обврска јавно да каже дека го осудува тоа што се случи и смета дека на ниту една жена не треба да и се случи нешто слично.

„Се надевам дека и Рамбо се покаја за своите постапки и искрено и се извини на Лејла. А за она што следува понатаму, постојат институции и судот на јавноста“, заклучи Оташевиќ.

Рамбо Амадеус сексуално вознемирување Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.