Author: Ана Василевска

Агенцијата на Европската унија одговорна за безбедност на железницата ги предупредила грчките власти во повеќе наврати во текот на изминатите неколку години за системски проблеми поврзани со безбедноста на железничкиот сообраќај Јозеф Допелбауер, извршен директор на Агенцијата во изјава за Еуроњус ЕУ рече дека Грција не реагирала навреме за да го обезбеди својот железнички систем и покрај предупредувањата упатени до Атина. За лошата состајба на безбедноста на железничкиот сообраќај било укажано и во последиот извештај на оваа агенција во 2022 година. „Во текот на последните неколку години, констатираме  дека Грција се рангираше меѓу„ лошите ученици “, вели  Јозеф Допелбауер. Од…

Read More

„Потребата од вработување на лектори во сите државни институции беше еден од мотивите за пристапувањето кон изменување и дополнување на законот за заштита на македонскиот јазик. На тој начин како држава и државни институции ќе покажеме дека ние сме првите кои се залгаме за употребата на македонскиот јазик“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Објектив“ на МТВ. Таа додаде дека на овој начин ќе се зголеми и интересот за студентите да студираат на програмите за македонски јазик. „На крајот на денот навистина треба да ја зголемиме и свеста што значи да си го почитуваш сопствениот јазик, бидејќи ние…

Read More

Европската унија во вторникот одлучи да санкционира девет лица, вклучително и високи функционери на руската армија вклучени во бруталната инвазија на Украина и три ентитети обвинети за кршење на правата на жените во големи и систематски размери, објавија европските медиуми. Тоа е првпат блокот да го користи режимот на санкции за човекови права, воспоставен во декември 2020 година, за да таргетира злосторства за сексуално насилство. Потегот, усвоен едногласно од 27-те земји-членки, беше намерно темпиран да се спушти пред Меѓународниот ден на жената, кој се слави на 8 март низ целиот свет. „Зголеменото угнетување на глобално ниво врз жените и девојчињата…

Read More

ЕУ денеска ги оцени како „апсурдни“ казните против Светлана Тихановскаја и другите претставници на опозицијата во егзил во Белорусија. „ЕУ ги осудува овие апсурдни казни засновани на измислени обвиненија за предавство, екстремизам, заговор и поттикнување омраза“, се вели во соопштението на високиот европски претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Според него, казните се уште еден пример за тековната „пародија на правдата“ и политичка злоупотреба на правосудниот систем од страна на непризнатиот и санкциониран од ЕУ белоруски претседател Александар Лукашенко. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува сите оние кои храбро се борат за независна и демократска држава и е…

Read More

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Како што потврдија од ОЈО за МИА, барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство. Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство. На почетокот на првото…

Read More

Украинското Министерство за надворешни работи објави на Твитер две слики од градот Маринка во источниот регион Доњецк во Украина. Министерството напиша дека градот е срамнет со земја. Новинската агенција АП објави фотографии од украинскиот град Маринка направени со дрон на кои се гледаат слични сцени. Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, рече дека неговиот град е уништен. Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Нема начин цивилното население да живее таму. Руските сили намерно ги срамнуваат урнатините на градот за да ги уништат сите засолништа, без разлика дали се работи за цивилно засолниште или воен објект. Уништуваат…

Read More

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска и утре ќе престојува Киев каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, најави денеска портпаролот на Он, Стефан Дизариќ. Ова ќе биде трето патување на Гутереш за Украина од почетокот на руската инвазија врз земјата, од пред една година. Генералниот секретар на ОН вчера пристигна во Полска, од каде ќе го продолжи патувањето за Киев пред утре да се сретне со украинскиот претседател, се наведува во соопштението на Дизариќ. Тој кажа дека Гутереш ќе разговара со Зеленски за продолжување на договорот за извоз на украински житарки.

Read More

Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје. Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот. „Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени…

Read More

На 16 октомври Тирана ќе биде домаќин на следниот самит на Берлинскиот процес. Веста ја соопшти германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин, со албанскиот премиер Еди Рама, јави Топ чанел. Тој додаде дека Западен Балкан и неговата интеграција во Европската унија се многу важни. „Во многу наврати го свртев вниманието на фактот дека ова е една од големите задачи што Европа мора да ги исполни сега. Западен Балкан е дел од Европа и дел од европското семејство. Затоа, мило ми е што следниот Самит на Берлинскиот процес ќе се одржи на 16 октомври во Албанија. На овој начин, Самитот на Берлинскиот процес за првпат…

Read More

Младите Албанци ја напуштаат земјата поради сиромаштија и корупција. Но, во Британија се соочуваат со експлоатација и стануваат жртви на модерното ропство, наведува британски „Гардијан“, јави Ора њуз. Гардијан во посебен напис ги прикажува страдањата на барателите на азил од Албанија, кои, според весникот, во Британија патуваат главно поради сиромаштија и корупција. Написот опишува како младите се користат од локалното население откако ќе пристигнат илегално. Статистиката за имиграција покажува дека во 2022 година, Албанците сочинувале 28 отсто од имигрантите кои патувале со мали чамци, што е најголем процент од која било националност, а потоа следат Авганистанците со 20 отсто, пренесува телевизијата. Од Албанците кои пристигнале на британска територија, 85 отсто поднеле барање за азил, а околу…

Read More

Канадскиот премиер Џастин Трудо повика на истрага за странско мешање во изборите во неговата земја, најавувајќи дека ќе назначи специјален истражител кој ќе го испита наводното кинеско мешање во канадските избори. Трудо се најде под притисок да дејствува откако канадските медиуми, повикувајќи се на анонимни разузнавачки извори, објавија наводи за кинеско мешање во изборите во Канада во 2021 и 2019 година. „Глоуб и мејл“ минатиот месец објавија дека Кина ги фаворизира либералите на Трудо и сака да ги види повторно избрани на изборите во 2021 година и дека работи на поразување на конзервативните политичари кои се сметаат за непријателски настроени…

Read More

Се повеќе болници во Романија затвораат цели одделенија поради недостиг на персонал. Во последните години во медицинските установи недостигаат 1.200 лекари годишно, пренесува Диги24. Забележлив е недостигот на специјалисти по анестезија, интензивна нега, психијатрија, кардиологија, радиологија, гастроентерологија. „На многу болници им се заканува затворање затоа што немаат анестезиолог или имаат само еден, што не е нормално. Тој човек не може да има слободни денови, коментира Дорел Сундеск“, претседател на Комисијата за анестезија и интензивна нега. Во најголемата психијатриска болница во Романија „Проф. д-р Александру Обрегија“ има 120 лекари за 1200 пациенти. Еден лекар се грижи за десет пациенти, во некои одделенија дури и за…

Read More