Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври

0
By Ана Василевска on March 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 7, 2023 14:05

На 16 октомври Тирана ќе биде домаќин на следниот самит на Берлинскиот процес. Веста ја соопшти германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин, со албанскиот премиер Еди Рама, јави Топ чанел.

Тој додаде дека Западен Балкан и неговата интеграција во Европската унија се многу важни.

„Во многу наврати го свртев вниманието на фактот дека ова е една од големите задачи што Европа мора да ги исполни сега. Западен Балкан е дел од Европа и дел од европското семејство. Затоа, мило ми е што следниот Самит на Берлинскиот процес ќе се одржи на 16 октомври во Албанија. На овој начин, Самитот на Берлинскиот процес за првпат во речиси 10-годишната историја на процесот да се организира во главниот град на една земја од Западен Балкан“, рече Шолц.

Рама го изрази своето задоволство, што Тирана е избрана за место за одржување на самитот на Берлинскиот процес.

„Драго ми е што можеме да го објавиме и датумот, 16 октомври годинава, кога во Тирана ќе се одржи Самитот на Берлинскиот процес. Овој самит ќе го продолжи продлабочувањето на процесот, ќе се занимава со балансот на постигнувањата, со целите што треба да се постигнат понатаму и ќе ја зајакне соработката во регионот“, рече Рама, нарекувајќи ја Германија како „внимателен сопатник“.

Во однос на француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, Рама посочи дека силно го поддржува мировниот план, кој според него, ја носи потребната и долгоочекувана нормализација кон која двете страни мора да се однесуваат сериозно и со потребна храброст.

„Разговаравме и за регионот, силно го поддржуваме планот за мир и нормализација меѓу Косово и Србија. Според нас, тоа е многу суштински и реален план, кој ја носи потребната и долгоочекувана нормализација кон која двете страни мора да се однесуваат сериозно и со потребна храброст“, рече меѓу другото тој.

Премиерот Рама ја презеде улогата на домаќин на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември минатата година.

Тирана, инаку, на 6 декември минатата година беше домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што за првпат ваква средба одржана надвор од границите на ЕУ, на кој учествуваа лидери и делегации од 44 држави.

Албанската делегација денеска ќе се сретне и со високи претставници на германскиот бизнис, а премиерот Рама ќе го посети и Меѓународниот саем за туризам, кој секоја година пречекува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји, меѓу кои ќе биде и албанскиот штанд.

берлински процес Еди Рама Олаф Шолц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.