Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема медицински персонал во Романија, се затвораат болници

0
By Ана Василевска on March 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 7, 2023 13:21

Се повеќе болници во Романија затвораат цели одделенија поради недостиг на персонал. Во последните години во медицинските установи недостигаат 1.200 лекари годишно, пренесува Диги24.

Забележлив е недостигот на специјалисти по анестезија, интензивна нега, психијатрија, кардиологија, радиологија, гастроентерологија.

„На многу болници им се заканува затворање затоа што немаат анестезиолог или имаат само еден, што не е нормално. Тој човек не може да има слободни денови, коментира Дорел Сундеск“, претседател на Комисијата за анестезија и интензивна нега.

Во најголемата психијатриска болница во Романија „Проф. д-р Александру Обрегија“ има 120 лекари за 1200 пациенти. Еден лекар се грижи за десет пациенти, во некои одделенија дури и за 30.

„Во Швајцарија, на пример, еден психијатар е должен да прегледа само четири пациенти дневно, не смее да прегледува повеќе, дури и да сака, има норма“, изјави директорот на медицинската установа Едуард Моцоеску.

Од 2014 година, платите на лекарите во Романија се тројно зголемени. Психијатар во земјата заработува просечна плата од 3.000 евра месечно. Сепак, повеќето млади специјалисти претпочитаат да работат во други земји на ЕУ, на пример во Франција.

„Таму веќе има психијатриски болници каде што романскиот се зборува како втор јазик меѓу лекарите“, објаснува Едуард Моческу.

Иако платите веќе не се ниски, лекарите не остануваат во Романија, главно поради недостигот од добро опремени болници и модерни терапии, забележува Диги24.

Од друга страна, раководителите на болниците велат дека доколку ги пополнат сите позиции не би можеле да ги плаќаат толку многу вработените.

„Имаме 200 работни места. Места, не пари. Ако вработиме 20 проценти од персоналот, практично ќе исплатиме плати само од буџетот на болницата, што е апсолутно невозможно, коментира Беатрис Малер“, менаџер на Институтот за пневмофтизиологија (белодробни заболувања) „Мариус Наста“.

Во периодот 2014-2021 година, болниците под Министерството за здравство во Романија работеле со дефицит од 9.845 лекари, информира Диги24.

болници Медицински персонал Романија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.