Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Со реализирани 1 043 инспекциски надзори, 173 повеќе од предвидените, од кои 677 редовни, 164 вонредни и 202 контролни надзори, изготвени 21 решение и 29 прекршочни санкции, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во вторите шест месеци од 2022 година од прекршочни санкции изречени над правни и физички лица во државниот Буџет има обезбедено прилив од над 300 000 евра. Како што информираше на денешната прес-конференција за презентација на шестмесечниот извештај директорот на Инспекторатот, Сретен Стојковски, од кога е тој прв човек на ДИЖС од пред 18 месеци, изречени се или иницирани прекршочни санкции над правни и физички лица за…
Лидерите на Франција, Германија и Обединетото Кралство ќе им се придружат на десетици други во петок на безбедносната конференција во Германија за да разговараат за следните чекори за поддршка на Украина кога се наближува една година од руската инвазија. За прв пат по две децении, руските лидери не беа поканети на Минхенската безбедносна конференција, годишен собир на светски лидери, политичари и експерти за безбедност, кој треба да биде отворен со видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Американската потпретседателка Камала Харис доаѓа на конференцијата една година откако таа сподели предупредувања дека Русија ќе го нападне својот сосед, само неколку дена…
Карневалот во Рио де Жанеиро се враќа во полн ек по пандемијата Ковид-19, а федералната влада на Бразил очекува 46 милиони луѓе да се приклучат на свеченостите, кои официјално започнуваат денеска и ќе траат до 22 февруари. Минатата година поради пандемијата на Ковид-19 карневалот во Рио де Жанеиро беше одложен два месеци и беа забранети одредени активности, на кои присуствуваа главно локални жители. Повеќето туристи одат на забави на кои учествуваат карневалски улични групи, познати како „блокови“, кои беа откажани минатата година, а годинава во Рио де Жанеиро ги има повеќе од 600. Спектакл се очекува на Самбадром, каде се…
Со заедничката истрага на неколку европски полициски сили, вклучително и хрватските, и со поддршка на Европол, е разбиена француско-израелска група која се стекнала со околу 38 милиони евра со перење пари на лажни директори на компании преку неколку банкарски сметки во ЕУ, Кина и Израел. Полициската управа денеска соопшти дека се уапсени осуммина осомничени од криминалната мрежа составена од француски и израелски државјани, која е вмешана во голема измама на таканаречени извршни директори, кои за само пет дена „извлекле“ повеќе од 38 милиони евра. Нивна цел биле фирми во Франција, при што еден од осомничените лажно се претставувал како извршен…
Посочуваат дека генерално се забележува мало подобрување на нивото на аргументирање од страна на учесниците во дискусијата во Собранието, во споредба со претходниот период на набљудување јануари – јуни 2022 година. На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието на Република Северна Македонија за второто полугодие на 2022 е 5,7. Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јули – декември 2022 година. Во фокус беа дискусиите што се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија, информираат од Институтот за демократија.…
Само неколку дена пред годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, двопартиска група на американски сенатори повторно поднесе до Сенатот нацрт-резолуција за признавање на руската војна против Украина како геноцид.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку марш од Владата до Собранието, денеска упатија барања за изнаоѓање системски решенија за квалитет на новинарските содржини, достоинствени плати, обезбедување услови за квалитетни и професионални новинарски продукти за традиционалните, но и за новите медиуми. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски од пред Владата образложувајќи ги барањата посочи оти е потребна имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера за обезбедување и независно функционално работење на јавниот сервис и на регулаторот. ЗНМ и ССНМ побараа брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста…
На Ева Каили, грчката европратеничка која е во центарот на корупцискиот скандал што го зафати Европскиот парламент, во четвртокот и беше наредено да остане во затвор уште најмалку два месеци, и покрај молбите на нејзиниот адвокат за ослободување под електронски надзор. Затекнатата пратеничка е во истражен затвор од 9 декември, кога беше уапсена од белгиската полиција, откако наводно била фатена на дело. Пратеничкиот имунитет и беше укинат на лице место, а подоцна беше обвинета за учество во криминална организација, корупција и перење пари. Во нејзината резиденција во Брисел биле пронајдени над 150.000 евра во готовина. Одлуката за продолжување на притворот…
Но, патот до менструалното отсуство на Шпанија беше трновит. Политичарите – вклучително и оние во владејачката коалиција – и синдикатите се поделени во врска со ова прашање и некои стравуваат дека би можела да предизвика контраефект и да ги стигматизира жените на работното место. Шпанската влада усвои закон со кој на жените со особено болни менструални циклуси им се дозволува да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што воведе таков закон. Законот предвидува право на тридневно менструално отсуство со можност за продолжување за уште два дена за жените кои имаат проблематичен циклус, проследен со…
Тековно се преговара со производителот на лекот „трикафта“. Од комисијата при Министерството за здравство, задолжена за неговото набавување, нѐ уверија дека што повеќе пациенти ќе го добијат лекот со оваа прва интервентна набавка. Интервентниот увоз зависи од производителот на лекот, мислам дека тој рок што го кажаа оттаму е околу триесет дена, информираше денеска за МИА, Бојан Крстовски, член на надзорен одбор на Асоцијацијата за цистична фиброза, по средбата во Министерството за здравство. Во меѓувреме, се работело на законските измени, по пример од други држави, по што ќе следувала тригодишна програма, за лек да стаса до сите пациенти со оваа…
Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар. Го пренесуваме соопштението од Централен регистар во целост: „Ја информираме јавноста во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации, Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување…
Речиси идентична ситуација во и пред албанскиот Парламент, како и во понеделникот, внатре тензична ситуација со блокирање на собраниската говорница од страна на пратеници приврзаници на Сали Бериша. Додека пред Парламентот има протест и обраќања преполни со обвинувања за премиерот Еди Рама, а беа фрлени и неколку димни бомби на одредена оддалеченост од полицискиот кордон. Протестот по масовност е многу помал и не се регистрирани поголеми инциденти. Пред Парламентот се појави и маж облечен во национална албанска облека на бел коњ (како што бил на Скендербег) и се обиде да влезе во дворот на Парламентот, но беше сопрен од полицијата. Бериша, кој е меѓу 12. демократски пратеници, негови приврзаници,…