Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Овој месец е забележан драматичен скок на соборени мистериозни летечки објекти во воздушниот простор на САД – четири, всушност, во текот на осум дена. Оттогаш има бурни шпекулации за нивното потекло и цел, а соборувањето на наводниот кинески шпионски балон значително ги влоши и онака разнишаните односи меѓу Пекинг и Вашингтон. Меѓу сите теории и покажување со прст, едно нешто изгледа сигурно: деновиве на небото се забележуваат доста неидентификувани летечки објекти (НЛО), а експертите ги сфаќаат сериозно. Во текот на изминатите две години, американската влада додаде уште 350 снимки „НЛО знаци“ на своите записи, се вели во извештајот на американската…
Силен земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала во 10:47 минути го погоди островот Крк, каде бил и епицентарот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, четири километри источно од Крк и 37 километри југоисточно од Риека. Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје, како и во Загреб.
Европската интеграција на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан би можела да биде една од темите за кои американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе разговара со неговите домаќини во Грција за време на средбите следната седмица. Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Карен Донфрид, одговарајќи на новинарско прашање на брифингот во пресрет на патувањето на Блинкен во Грција, во однос на ЕУ перспективата на Северна Македонија, рекла дека не знае со сигурност кои ќе бидат темите на агендата на средбите на Блинкен во Атина, но претпоставува дека ќе се најде и тоа прашање. „Мислам дека, не…
Владата на Република Северна Македонија ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања. За одбраната како претставник на државата беше задолжен Бојан Маричиќ како министер за правда да го подготви одговорот на државата во врска со поднесените тужби од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур. Тој ангажираше поголем тим експерти кои се вклучија во подготовка на одбраната. Одговорот беше на десетици страници, со фокус на тоа фактот дека тогашниот претседател Иванов…
Министерката за правда на Србија, Маја Поповиќ оцени денеска дека протестот синоќа во центарот на Белград бил обид за насилна промена на уставното уредување и дестабилизација на државата, од која, како што рече, никој „без оглед на помош од странство“, не е посилен. Таа во соопштение наведува дека „екстремистичките групи на вчерашниот собир пред Претседателството, повикувајќи и поттикнувајќи насилно да се промени уставното уредување и да се соборат највисоките државни органи и претставници на тие органи, се обидоа да ја дестабилизираат државата“. Поповиќ рече дека „Србија е силна и стабилна земја, способна да спречи секаков екстремизам и да го зачува…
Холивудската дива Ракел Велч, чие излегување од морето во минимално , крзнено бикини во филмот „Еден милион години п.н.е.“ ја направи меѓународен секс симбол во текот на 1960-тите и 70-тите години, почина. Таа имаше 82 години. Велч почина рано во средата по кратко боледување, објави нејзиниот агент Стивен ЛаМана од агенцијата за таленти Иновативни уметници. Пробивот на Велч дојде во култниот праисториски филм „Еден милион години п.н.е.“ од 1966 година, и покрај тоа што имаше вкупно три изговорени реплики. Облечена во кафено бикини од лушпа, нејзиниот настап и направи инстантна сензација. „Само што мислев дека е глупава епопеја за диносаурусите…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека односите на државно рамниште меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија се на добро ниво и дека со колегата Иван Демерџиев покажале дека со интензивната соработка и праќањето заеднички пораки во контекст на одбележувањето на 4 февруари, може да ги намали тензиите. Во гостувањето на ТВ Шења, на прашањето за односите со Република Бугарија и нападите врз бугарските клубови, односно дали станува збор за подготвено сценарио за Република Северна Македонија да се насочи на друга страна, надвор од евроатланската перспектива, оценува дека тие се резултат на контроверзните имиња на клубовите кои предизвикуваат…
Во Франција денеска ќе се одржат протести против предлогот за пензиските реформи, но се очекува помал одѕив од граѓаните, бидејќи синдикатите, организатори на собирот, се подготвуваат за големиот протест закажан за 7 март. Протести денеска ќе се одржат во Париз и во помалите градови, како што е градот Алби во југозападниот дел, кој стана симбол на малите градови со големи собири против најавената пензиска реформа. По протестите во саботата кои привлекоа 963.000 луѓе ширум Франција, според властите, денеска се очекуваат помал број луѓе. Според полициски извори, се очекуваат од 450.000 до 650.000 луѓе низ целата земја, а меѓу 40.000 и…
Во Софија денеска и утре треба да се одржи 22. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Последниот состанок на комисијата беше на 17 и 18 ноември, исто така во Софија. Главна тема беше улогата и местото на Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за VII одделение во Република Северна Македонија. Копретседателот од македонскиот дел на комисијата Драги Ѓоргиев, тогаш изјави дека на средбата имало позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа договор не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. Денешниот состанок на…
Организација како „Офф фест“ која редовно добива најголеми средства од Министерството, да се жали и откажува фестивал поради помала сума од очекувањата е непочитување на останатите културни работници во државата, кои исто така придонесуваат за развојот на културата и културната сцена во земјава. Пишува Ана Василевска По реакциите на некои од конзументите на субвенции од Министерството за култура од резултатите на годинешниот конкурс за проекти, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, детално ги изнесе аргументите од одлуките на членовите на Комисиите. На денешниот брифинг со новинарите, таа потенцираше дека ги разбира незадоволните и дека пари за култура никогаш не…
Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти. „Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот за понатамошни постапки за добивање италијанскиот пасош, кој се издава преку структурите на МВР. Извори блиски до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, велат дека Лала се стекнал со статус на азилат, предизвикувајќи сериозни тешкотии и нула надежи за негова екстрадиција“, јави Ора…
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, брендот „Мамас“ и компанијата „Тотал Инжинеринг“, испратија хуманитарна помош за турскиот народ наменета за граѓаните од регионите погодени од катастрофалниот земјотрес. Станува збор за 22 тони разновидна конзервирана храна, која, со обезбеден донаторски транспорт (камион-шлепер) од „Сакаов транс“ – Струмица, е испратена до градот Едрене, од каде ќе биде дистрибуирана до погодените подрачја. „Како донатори, испраќаме јавна благодарност до вработените во турската амбасада во Република Северна Македонија, за одличната соработка и помошта околу спроведувањето на сите процедури, неопходни за непречено испраќање на хуманитарната помош. Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија…