Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ја поздрави одлуката на ЕСЧП за аболицијата на Иванов

0
By Ана Василевска on February 16, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 11:05

Владата на Република Северна Македонија ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

За одбраната како претставник на државата беше задолжен Бојан Маричиќ како министер за правда да го подготви одговорот на државата во врска со поднесените тужби од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур.

Тој ангажираше поголем тим експерти кои се вклучија во подготовка на одбраната. Одговорот беше на десетици страници, со фокус на тоа фактот дека тогашниот претседател Иванов немал законска можност да ја даде аболицијата, па оттаму и фактот дека не ни можел потоа да ја повлече. Тој не може да повлекува нешто за кое претходно немало законска основа да се даде, тврдеше Маричиќ. Од денеска изнесеното оваа стратегија се покажа како исправна, што беше беше потврдена и од судот во Стразбур.

Одговорот на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници, беше испратен во текот на јуни 2021-вата година до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во врска со колективната аболиција за снимките од прислушуваните разговор што ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права.
„Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на 6 случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови”, истакнаа денеска од Владата.

Судот во Стразбур се изјасни по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија. Станува збор за аболицијата на Иванов од април 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска,
поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. Жалбата беше отфрлена од судот, што значи дека предметите на СЈО и судењата кои произлегоа од нив ќе продолжат.

Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите.

аболиција Влада Ѓорѓе Иванов Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.