Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски за нападите врз клубовите: Тие се резултат на контроверзните имиња на клубовите кои предизвикуваат негативна перцепција кај македонските граѓани.

0
By Ана Василевска on February 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Оливер Спасовски
Оливер Спасовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 16, 2023 10:26

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека односите на државно рамниште меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија се на добро ниво и дека со колегата Иван Демерџиев покажале дека со интензивната соработка и праќањето заеднички пораки во контекст на одбележувањето на 4 февруари, може да ги намали тензиите.

Во гостувањето на ТВ Шења, на прашањето за односите со Република Бугарија и нападите врз бугарските клубови, односно дали станува збор за  подготвено сценарио за Република Северна Македонија да се насочи на друга страна, надвор од евроатланската перспектива, оценува дека тие се резултат на контроверзните имиња на клубовите кои предизвикуваат негативна перцепција кај македонските граѓани.

„Се појавуваат тензии, ги нарушуваат тие добри односи и тоа е, пред сѐ, од радикални структури кои постојат и во двете држави. Меѓутоа ние немаме официјален државен став на Бугарија кој наликува на оној на радикалните структури, со негирање, и со сето тоа што се случува. Провокации имаше и од едната и од другата страна. Сметам дека ниту еден граѓанин нема да реагира доколку имаме клубови за култура и други активности за соработка, меѓутоа иритираа именувањата на тие клубови со имиња на одредени фашисти кои што се практично рана и предизвикуваат негативна перцепција за македонските граѓани. Оваа држава – треба да ни биде на сите јасно – дека е изградена, изродена врз база на антифашизмот и нормално е дека таквите постапки ќе предизвикуваат реакции. Тоа не смее да биде причина да немаме добри односи денес, бидејќи не можеме да живееме во историјата“, истакна Спасовски.

Во врска со нападите врз клубовите, Спасовски нагласи дека државата и власта се тие кои што треба сѐ да направат тие тензии да стивнат.
„Покажавме со мојот колега, министерот за внатрешни работи на Бугарија во тој период дека интензивната соработка, праќањето на заеднички пораки може да ги спласне тензиите. За одбележување е пораката која мојот бугарски колега Иван Демерџиев ја прати од Скопје, дека ја поддржува и македонската држава и македонскиот народ. И тоа е пораката која што е официјална политика на Бугарија. Исто како што и ние го поддржуваме градењето на тие добрососедски односи. Е сега дали постојат сили коишто посакуваат не само Северна Македонија, туку повеќе држави од регионот да го напуштат тој европски пат, да не се дел од НАТО Алијансата и да ги одржуваат т.н. замрзнати конфликти – да, постојат! Добрата геостратешка позиција отвора многу перспективи за нашите држави, но отвора и  многу ризици“, посочи Спасовски.
бугарски клуб Цар Борис Трети Оливер Спасовски провокации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.