Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Љубиша АРСИЌ Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е проект посветен на носење на четирите европски слободи, кои се основата на Европската Унија, за граѓаните и компаниите на Балканот. Оваа иницијатива ја засилува регионалната соработка и поврзаност со слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги, а нејзините ефекти се веќе забележливи и носат позитивни бројки. Поврзувањето на Северна Македонија, Албанија и Србија во иницијативата „Отворен Балкан“ придонесува за развој на економиите и зголемување на размената меѓу земјите учеснички во оваа иницијатива. Првите преземени чекори и олеснувања се во насока на градење заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без…
Владата на Република Северна Македонија го поздравува усвојувањето на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и на Законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан на вчерашната собраниска седница.„Со ратификувањето на овие договори, поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, велат од Владата. Дополнително, додаваат, олеснување…
Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, на прес конференција по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина откри детали за воената поддршка што ќе ѝ биде овозможена на украинската одбрана.
Молдавија е под зголемен руски притисок пред јунскиот состанок во Кишињев на Европската политичка заедница (земјите на ЕУ и нивните политички сојузници), изјави денеска Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел пред почетокот на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел. Молдавија денеска го затвори својот воздушен простор поради безбедносни причини, а по извесен период повторно го отвори. Затворањето на воздушниот простор над Молдавија се случи еден ден откако претседателката Маја Санду ја обвини Москва дека планира да користи странски саботери, со цел да ја собори Владата на Молдавија, да ја спречи земјата да се приклучи на…
На приватни електронски адреси на 14 професори попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште. Веднаш по добиената пријава, додаваат, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е прв пат да има повеќе закани на адреси во само едно училиште.
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава одкако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија. Основното јавно обвинителство поднело жалба против решението на Советот, а денеска е добиена одлука на Вторстепениот суд со која решението на Кривичниот совет се потврдува во целост. Решението во текот на денешниот ден ќе биде доставено до странките и КПУ Идризово, соопшти…
Напади и закани врз адвокати, здравствени и медиумски работници од сега ќе се третираат како напади врз службени лица, се предвидува во измените на Кривичниот законик за кој по две години во собраниските фиоки, пратениците вчера го изгласаа. Ова значи дека за закани по живот кон оваа група на луѓе ќе се одговара со парична казна или со затворска до 6 месеци. Доколку заканата предизвика чувство на страв или несигурност казната може да достигне и до една година затвор. Ако веќе станува збор за насилство сторено врз оваа група на луѓе затворската казна изнесува од три месеци до три години, пренесува…
Еден од најважните настани во агендата на Состанокот на НАТО министрите за одбрана во Брисел на 14 и 15 февруари, е деветтиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина кој започна во 10 часот. Состанокот го отвори американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, кој рече дека учесниците се тука да ја потврдат силната поддршка за слободна и суверена Украина. „Пред речиси една година, Путин ја започна својата неиспровоцирана и неоправдана инвазија на Украина. Путин мислеше дека за неколку дена неговите сили ќе го заземат Кијив и ќе ја соборат демократски избраната влада на Украина. И тој мислеше дека меѓународната…
Светска здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итна седница поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја од што починаа девет луѓе, а пријавени се 16 сомнителни случаи. Вирусот Марбург е многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, со симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја. Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани. Во Екваторијална Гвинеја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на вирусот Марбург. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата. За…
Нема никакви дилеми дека парламентарното мнозинство е зајакнато и стабилно, изјави денеска пратеничката на СДСМ и коалицијата, Санела Шкријељ. Да немате дилеми дека парламентарното мнозинство е зајакнато и стабилно и дека предлозите за нови министри ќе бидат поддржани. Апсолутно да, рече Шкријељ на денешната прес-конференција во Собранието. Пратеничката потсети дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата вчера ги усвои законите поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“. Надминати се сите пречки и граѓаните од Македонија, Србија и Албанија сега можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без малтретирања и чекања,…
Мраморното море кај Истанбул ненадејно се повлече за 25 метри, што предизвика загриженост кај жителите. За појавата се огласија од Техничкиот факултет во Истанбул, соопштувајќи дека повлекувањето на морето не е поврзано со земјотресот што пред осум дена го погоди југот на земјата. „Поради центарот со висок притисок лоциран во западниот дел од Турција, ветерот веќе подолго време дува над Истанбул од север кон југ, односно кон Мраморното Море“, информираа од факултетот. Како што соопштија од Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Ветерот постојано ја носи површинската морска вода од брегот на Мраморното…
Лидерката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин изјави дека партијата нема да излегува од Владината коалиција и дека одлуката за останување ја оправдува со програмските приоритети кои ги имаат за остварување. За неа „од суштинска важност е реализирањето на програмските приоритети“, а не која партија колку министерски, заменик министерски и директорски позиции добила. „Членството на Македонија во ЕУ е наша стратешка цел, за која за разлика од некои други општествено политички фактори кои популистички ги манипулираат граѓаните, ние посветено и аргументирано дејствуваме за нашата земја и целиот регион на Западен Балкан што побрзо станат дел од Европското семејство“, посочи таа…