На приватни електронски адреси на 14 професори попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште.

Веднаш по добиената пријава, додаваат, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е прв пат да има повеќе закани на адреси во само едно училиште.