Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затвор за напаѓачи на новинари, лекари и адвокати, демнењето стана кривично дело, детално дефинирано што е семејно насилство

0
By Ана Василевска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 14, 2023 14:34

Напади и закани врз адвокати, здравствени и медиумски работници од сега ќе се третираат како напади врз службени лица, се предвидува во измените на Кривичниот законик за кој по две години во собраниските фиоки, пратениците вчера го изгласаа.

Ова значи дека за закани по живот кон оваа група на луѓе ќе се одговара со парична казна или со затворска до 6 месеци. Доколку заканата предизвика чувство на страв или несигурност казната може да достигне и до една година затвор. Ако веќе станува збор за насилство сторено врз оваа група на луѓе затворската казна изнесува од три месеци до три години, пренесува Радио Слободна Европа.

„ Со казната на овој член ќе се казни тој што делото ќе го стори спрема службено лице во вршењето на службата, адвокат, лекар или друг здравствен работник, новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или спрема повеќе лица“, пишува во измените на законот.

Во кривичниот законик предвидени се казни и за јавно искажани закани за кривични дела на интернет кои се поттикнати од каков било вид на дискриминација.

Но, правдата за заканите искажани кон адвокатите, новинарите, снимателите, лекарите и медицинските сестри ќе треба да ја бараат со приватна тужба, а нема да им следува по службена должност.

Додека новинарите и медиумските работници веќе пет години ги чекаат измените на Кривичниот законик за поголема безбедност додека работат, со тоа што нападот врз новинар ќе се третира како напад врз службено лице, минатата година порасна бројот на инциденти кон нив споредено со минатата 2021 година. Минатата година заврши со вкупно седум посериозни напади според регистарот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Беа регистрирани физички и вербални напади врз новинари, како и задржување против нивна волја при извршување работа на терен.

Демнење и сексуално вознемирување станаа кривични дела

За прв пат во кривичниот законик се вметнуваат кривични дела како демнење и сексуално вознемирување. Со новите измени на законот се предвидува дека со парична казна или затворска до три години ќе се казни човекот за кој судот ќе утврди дека ве следи, прогонува, психички ве вознемирува, злоставува или застрашува, лично или преку пишана комуникација, како и ви ги злоупотребува личните податоци.

Трнлив пат до правда за жртвите од Јавна соба

Казната е поголема ако ова дело го стори близок човек, односно сегашен или поранешен интимен партнер, како и доколку делото е сторено кон дете, тогаш казната може да достигне и до пет години затвор.

Низ пекол поминуваа многу жени, кога во 2020 година во јавноста за првпат се дозна за „Јавна соба“, каде во затворена група на апликацијата Телеграм се споделуваа слики и видеа од девојки – некои пратени во доверба, други преземени од социјалните мрежи, дополнувани со Фотошоп, со недолични коментари, но и контакти од девојките. Меѓу нив имаше и малолетни девојчиња.

Измени на Кривичниот законик беа најавени за прв пат на 30 јануари 2021 година, откако групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм предизвика бројни реакции во јавноста.

Сега со измените на законот е предвидено дека до една година затвор може да се казнат тие кои што вршат сексуално вознемирување без разлика дали тоа го прават вербално или со физичка присила.

Зголемени се затворските казни за силувачи и педофили, па според измените затворска казна од 3 до 5 години е предвидена за силување сторено од сегашен или поранешен брачен или интимен партнер, како и силување на малолетник под 15 години ќе се казни со најмалку 8 години затвор. За убиство со умисла на жена или девојче со извршена тортура или тешка телесна повреда предизвикана од омраза судот може да досуди и доживотен затвор. Затворски казни се предвидени и за неовластена употреба на сила од страна на службени лица и тоа до 8 години затвор.

Марш за женски права- држава што не постапува е држава што силува

Со новите измени се дефинира детално што е семејно насилство и за прв пат во овој сегмент влегува и економското насилство врз жртвите.

„ Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема сегашен или поранешен брачен другар, вонбрачен партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не,“ пишува во законот.

Измени на кривичниот законик Напад врз новинари семејно насилство Случај Јавна соба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.