Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ донесе одлука за организациско проширување на Специјалните сили на српските вооружени сили. Во одлуката е наведено дека организациското проширување на мирнодопската и воената организација на Специјалните сили на Вооружените сили на Србија треба да се изврши до проектираната нумеричка состојба. За извршување на оваа одлука Министерството за одбрана и началникот на Генералштабот на вооружените сили ќе ги донесат потребните акти. Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето 13 февруари 2023 година.
Романски новинар е номиниран за Нобеловата награда за мир за неговиот придонес во разоткривањето на организираниот криминал и политичката корупција, пишува веб-страницата Зиаре. Пол Раду е ко-основач на таканаречениот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), глобална мрежа на истражувачки новинари кои ги објавуваат своите стории преку локалните медиуми и на англиски и руски преку својата веб-страница. „Фокусирани сме на истражување на глобалниот и локалниот организиран криминал и корупција. Нашата организација е стара повеќе од 15 години. Почнавме со седум луѓе во 2006 година. Денес имаме вработени во Латинска Америка, Азија. Ние сме на шест континенти. Почнав во…
Од Брисел Џабир Дерала Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО што се одржува денеска и утре во Брисел, започна со изјави за медиумите во холот на седиштето на НАТО. Прв пред бројните новинарски екипи застана генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ги повтори главните пораки на НАТО што ги испорача и на вчерашната прес конференција. Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир. Она што го гледаме е спротивното, тој се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади. Затоа, уште поважно е сојузниците и партнерите на НАТО да ѝ…
Денеска на празникот Св. Трифун, со закројувањето на лозите и полевањето со вино, лозарите симболично ја означуваат новата сезона на производство. „Северна Македонија е синоним за вкусно грозје, реномирани винарии и врвни македонски вина, кои се најдобрите македонски амбасадори во Европа и светот. Имаме плодна земја која мајсторите на својот занает знаат да ја искористат. Лидери сме во искористеноста на ИПАРД Програмата, финансиска поддршка која ЕУ ја дава за македонските земјоделци и која ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра.“, напиша Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил. Според него македонското вино…
Во галеријата на Младинскиот културен центар, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата насловена „Љубов“ на Александра Мириќ. Мириќ е архитект-конзерватор. Валоризацијата на градителското наследство го проучувала на универзитетот во Прованса, Франција. Со докторат по архитектура се стекнала на универзитетот во Ниш, Србија, а со докторат по aрхеологија на универзитетот Лион 2 во Франција. Како самостоен истражувач е посветена на проучувањето, презентацијата и промоцијата на светското културно наследство и локалните традиции, добитник е на бројни награди за извонредни придонеси во развојот на науката и културата. Со самостојни изложби се претставила во Ниш (2010, 2015, 2018, 2019), Ќуприја (2018), Париз…
Саудиски авион со хуманитарна помош за жртвите од земјотресот слета утринава во градот Алепо во северна Сирија и тоа е првиот саудиски хуманитарен авион по повеќе од десет години, соопшти сириското Министерство за транспорт. Авиони со хуманитарна помош пристигнуваат во Турција и Сирија по разорниот земјотрес на 6 февруари во кој загинаа повеќе од 35.000 луѓе во двете земји. На овој начин се стави крај на дипломатската изолација на сириската Влада. „Тоа е првиот авион од Саудиска Арабија што слета во Сирија по повеќе од една деценија“, изјави анонимен претставник на сириското министерство. Саудискиот авион донесе 35 тони храна, јави…
Пишува БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Министри и официјални претставници од повеќе од 40 земји членки на НАТО и други сојузници се состануваат утринава за да разговараат за дополнителна воена и логистичка поддршка за одбраната на Украина од бруталната и нелегална инвазија на Русија. Се очекува на состанокот да присуствува и министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников. Министрите за одбрана од земјите на НАТО по овој состанок ќе го одржат Северноатлантскиот совет кој започнува во 17 часот. Пред состанокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека министрите најверојатно ќе разговараат за потенцијалните испораки на борбени авиони за Украина. Германија, Полска и…
Во ова ексклузивно интервју за порталот Рацин.мк, првиот човек на Јавниот радиодифузен сервис на Украина (Національна суспільна телерадіокомпанія України, или скратено Суспільне України) Миколај Чернотицки говори за работата на новинарите и медиумските работници на државната телевизија во услови на војна, за борбата за спречување на дезинформациите на Русија и за откривањето на воените злосторства на руските воени формации. Интервјуто го реализираше Мирјана ВАСИЛЕВА Условите во кои работат украинските новинари се многу тешки, особено колегите во вашиот Јавен радиодифузен сервис (Національна суспільна телерадіокомпанія України, или скратено Суспільне України). Пренесете ја за македонската јавност атмосферата, условите во кои работите. Како ги пренесувате информациите во етерот откако мета…
ОД 1950 година најмалку 4.815 малолетници биле жртви на сексуално насилство во Португалската католичка црква, се наведува во извештајот на независната комисија која испитала повеќе од 500 сведоци во текот на едногодишната истрага. Тие сведоштва ни овозможија да дојдеме до многу поголем број жртви, пресметавме дека има најмалку 4.815, изјави координаторот на Комисијата и детски психијатар Педро Стрехт за време на презентацијата на финалниот извештај во Лисабон. Комисијата појасни дека не се работи за кривична истрага бидејќи во најголем број делата се застарени, додека 25 кривични дела, кои сè уште не се застарени се проследени до судството. На крајот на 2021 година, Португалската католичка црква го задолжи Стрехт да собере тим од експерти и да…
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со нивната антидржавна политика во Собранието. Откако не беа присутни во собраниската сала кога се ратификуваше Договорот со ФРОНТЕКС, тие „избегаа“ и денес кога Собранието ги ратификуваше договорите за Отворен Балкан. Собранието на Република Северна Македонија денес ги ратификуваше Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан со што се овозможува граѓаните од трите земји од Западен Балкан да работат во останатите држави без дополнителни дозволи. Договорите беа потпишани уште минатото лето и се очекуваше првите…
Максималната поддршка од НАТО за Украина, клучна тема и на министерскиот состанок на 14 и 15 февруари. НАТО не смее да дозволи агресијата да биде наградена, бидејќи тоа би го направило светот далеку поопасно место за живеење. Путин не се подготвува за мир. Тој започнува нови офанзиви. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја започна денешната прес конференција во Брисел со информација за помошта што Алијансата ја пружа за турскиот народ по разорниот земјотрес минатата недела. „Нашите мисли остануваат со турскиот народ по разорните земјотреси минатата недела. Илјадници луѓе во состав на единиците за одговор при итни случаи од сојузниците на НАТО…
Од МВР ја потврдија веста дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. „Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР. Како што објави НоваТВ, МВР настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката. Станува збор за љубовна двојка , девојката е од…