Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Македонските вина веќе се на пазарите на ЕУ, честит Ден на лозарите

0
By Ана Василевска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 14, 2023 11:18

Денеска на празникот Св. Трифун, со закројувањето на лозите и полевањето со вино, лозарите симболично ја означуваат новата сезона на производство.

„Северна Македонија е синоним за вкусно грозје, реномирани винарии и врвни македонски вина, кои се најдобрите македонски амбасадори во Европа и светот.
Имаме плодна земја која мајсторите на својот занает знаат да ја искористат. Лидери сме во искористеноста на ИПАРД Програмата, финансиска поддршка која ЕУ ја дава за македонските земјоделци и која ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра.“, напиша Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил.

Според него македонското вино одамна е во ЕУ.

„Сите клучни закони од областа на земјоделство и храна ги имаме усогласено со европското законодавство и се врши нивно редовно изменување и дополнување во насока на доусогласување, што е потврдено и од страна на Европската комисија во годишниот Извештај. Почетокот на преговорите со Унијата значи подготовка за користење на сите предности кои ги носи членството, во областа на вино и храна.
Ќе бидеме дел од Европската економска зона и дел од единствен пазар меѓу државите членки на ЕУ, со што ќе се овозможат нови пазари и ќе се понудат нови можности за македонските производители.“, напиша Маричиќ.

Тој ветува дека македонските земјоделци ќе добиваат поголема поддршка и стабилност на пазарот. Пристапот според него, до значаен дел од фондовите на ЕУ, е многу поголеми од сегашните.

„Моделот на ЕУ ќе биде поттик за македонските земјоделство, бидејќи постојат механизми за поддршка на малите фарми. Важно е што ЕУ не го ограничува развојот и зголемувањето на производството, како што често може да се слушне во јавноста, туку напротив ја поддржува конкурентноста на производителите и воведувањето на стандардите на ЕУ, а во исто време инсистира на регионална соработка.Ќе регистрираме и заштитуваме традиционални македонски земјоделски производи. Македонската храна и вино ќе бидат 100% безбедни и сигурни и конкурентни на европскиот пазар.Го честитам празникот Св.Трифун на сите верници кои го чествуваат, а на лозарите им посакувам богата жетва
и квалитетно, врвно вино на европскиот пазар, што ќе е гордост за секој од нас.Нека е многу години.“, напиша Маричиќ.

Бојан Маричиќ лозари Македонски вина Св. Трифун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.