Од МВР ја потврдија веста дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје.

„Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Како што објави НоваТВ, МВР настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката.

Станува збор за љубовна двојка , девојката е од скопската населба Ародром и е поранешна вокалистка на познат скопски бенд, додека починатиот исто така е познат на музичката и културната јавност.

А.В