Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес се сретна со шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. Во фокус на разговорите беше соработката меѓу ОБСЕ, со која актуелно претседаваме, и ЕУ, вклучително и потребата од поблиска координација во дадениот чувствителен геополитички контекст. Министерот Османи го брифираше евроамбасадорот за неодамнешната посета на Киев и средбите со украинскиот државен врв. Во таа смисла, најави посета на Брисел кон крајот на месецот, каде во својство на претседавач со ОБСЕ, ќе се сретне со челниците на институциите на ЕУ, при што централна тема на разговор ќе биде Украина. Соговорниците…
Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението. Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад. Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација. Инаку, ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е…
Амбасадорот на Украина во ЕУ, Всеволод Ченцов, во интервју за онлајн весникот Европска правда, предвидува дека Европската унија ќе најде начин да го надмине блокирањето на Унгарија за доделување на 500 милиони евра воена помош за Украина, пренесува Укринформ. Ченцов истакна дека ова не е првпат Унгарија да ја блокира помошта за Украина. Според него, тоа веќе стана еден вид „лоша неинтересна игра“ на унгарската страна. „Ако се потсетиме што се случи со одлуката за доделување макрофинансиска поддршка за оваа година, не е првпат земјите-членки на ЕУ да можат да развијат превентивна алатка, така што оваа одлука во секој случај би била…
Лажни биле дојавите за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина, објави грчката новинска агениција АНА-МПА. Рано утрово биле испратени мејловите до аеродромот и шесте болници, пишувало дека се поставени бомби, по што полицијата веднаш извршила проверка, но не било пронајдено ништо сомнително.
Најстарата неолитска населба во Македонија датирана во 64-от век пред новата ера, дури 300 години пред останатите во овој регион е откриена со новите екслузивни сознанија од истражувањата на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија. Имено, лабораториското датирање на овој локалитет потврдува дека тој засега е најстарата неолитска населба во Македонија, информира д-р Гоце Наумов од Центар за истражување на предисоријата. „Освен неговото екслузивно датирање, локалитетот Влахо е специфичен и по присуството на десетина ровови и објекти, што беше регистрирано со геофизичкото скенирање на неговиот простор. Археолошкото истражување на локалитетот го потврди постоењето на овие ровови, како и богатата…
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициски партнери на СДСМ. Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ. Ковачевски денеска во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери, во однос, како што вели, за функционирањето на темите што се значајни за работењето на Владата, а од интерес за граѓаните. „Исто така, имам разговарано и со партијата Алтернатива, односно со нејзиниот претседател, бидејќи имаме редовни состаноци,…
Ајхан Јашаров од Тополница, Радовиш има 23 години и е студент на земјоделски факултет „Гоце Делчев-Штип“. Како и кај повеќето негови колеги фармери и кај него сточарството е фамилијарен бизнис. Неговото семејство одгледува околу 500 овци и 50-ина кози. Ајхан смета дека во однос со ситуацијата со сточарството во Македонија, потребно е некои работи да се сменат. „Лично мислам дека сѐ уште има потреба многу работи да се сменат во сточарството. Модернизирање, следење на новите техники во ова производство. Ние сме млади и следиме интернет, образовани сме и знаеме како е да се биде фармер во развиените земји. Во…
„Јас сум човек кој сака да сведочи на успешни бизниси, стратегии, иновативност, посветена работа, да сведочи на напредок, на успешно менаџирање, развој на нови бизнис идеи“, рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Метро“. „Денеска сум во посета на две компании кои се незаменливи во работата што ја извршуваат, тие успеале да ги искористат средствата преку ИПАРД Програма и да го развијат и унапредат својот бизнис. Компанијата „Метро“, која се занимава со трговија на големо и мало со производи од свежа и замрзната риба, како и купување, складирање и продажба за овошје и зеленчук изминативе 5 години значително работи…
Европска комисија денеска го осуди палењето на куранот пред Амбасадата на Турција во Шведска. Портпаролот на ЕК истакна дека очекува шведските власти да ги преземат неопходните мерки во овој случај. „Ваквите постапки се некомпатибилни со вредностите на кои е заснована ЕУ. Претходно изјавивме дека расизмот, ксенофобијата, омразата заснована на вера, раса и боја на кожа немаат место во ЕУ“, истакна портпаролот на ЕК. Поради палењето на куранот во Стокхолм, Турција најави дека ќе поднесе тужби пред меѓународните судови. Исто така, Анкара соопшти дека поради инцидентот откажана е посета на шведскиот министер за одбрана на Турција.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и лидерот на ДПА Мендух Тачи, се осудени на две години затвор за случајот „Титаник 2“. Пресудата денеска беше објавена во Кривичниот суд, а истата затворска казна им беше изречена и на обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска. Кривичното дело за кое е осуден Мијалков, „Примање награда за противзаконито влијание“, му застарува за три месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.
ЏАБИР ДЕРАЛА Чии срца сакаат да освојат политичарите? На кој начин? Секој христијански празник е прилика за врвот на партиите и државата да нѐ убедат во својата побожност. Ако во нешто претеруваат до невкус, тоа секако е за време на верските празници. Парадираат заедно со црковниот клер пред камерите и насобраните верници и даваат вознесени изјави за медиумите и учествуваат во верските обреди, небаре се портпароли на Црквата. Недостасува само попски мантии да стават и да ја комплетираат сликата. За време на верските празници, социјалдемократите не се разликуваат многу од опозицискиот табор. Се разбира, вмровците секогаш можат да отидат многу…
Во албанските медиуми денеска преовладуваат вести за блокадата на цели општини и патишта во северниот дел од Албанија, а во Косово фокусот е на српско-косовскиот договор. Во продолжение е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот. ТОП ЧАНЕЛ: Снегот на северот на Албанија ги затвори училиштата, на оската Ќафе Торе-Тет лавината го блокира патот „Четврти ден по ред Тет и понатаму е блокиран на двата патни правци. На оската кон Мола е Шошит има одрони, а патот се уште не е расчистен, додека во Ќафа е Торес состојбата со снег е влошена. На ова подрачје…