Author: Ана Василевска

Германската државна развојна банка KfW го идентификува постојаниот недостиг на квалификувани работници и падот на продуктивноста на трудот како сериозна закана за просперитетот на Германија, јави ДПА. „Нивото на благосостојба во Германија практично се зголеми во изминатите 70 години, но доаѓа крајот на овие времиња, бидејќи основата за нејзиниот понатамошен раст пропаѓа, е заклучокот на KFW, врз основа на студија цитирана од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Комбинацијата на долгорочен пад на бројот на вработени на домашниот пазар на труд и слаб раст на продуктивноста претставува единствен предизвик со кој се соочуваме за прв пат во повоениот период“, нагласува главниот економист на…

Read More

„Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“, со овој стих на великанот Ацо Шопов, објавен пред четириесет и три години, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го започна своето обраќање на свеченото отворање на Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ. Таа напомена дека овој стих, се чини ја одразува смислата на Школата, која годинава е во чест на Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. „Во сето време досега, токму странските македонисти и слависти се оние…

Read More

Пишува АНА ВАСИЛЕВСКА Дали наспроти пополнувањето со малтер  на дупките меѓу пукнатините на циглите  во образовниот ѕид, некој ќе ја препознае вистинската архитектурата потребна за да изградиме цврсти темели за модерна надградба и за солидно образувани генерации, за која секако нема учебник? Во второто полугодие, второодделенците ќе добијат учебници по математика и општество, најави министерот Јетон Шаќири. Оваа вест треба да ја дочекаме со радост и истовремено таа да ги покрие сите пропусти направени минатото полугодие. Со среќа, и да се надеваме дека нема да има измешани равенки и државни симболи. Но, тоа што во новите учебници минатото полугодие беа…

Read More

„Ние ја охрабруваме бугарската заедница да се обедини во клубови, да отвори што повеќе клубови, меѓутоа не треба да ги повредуваат чувствата на останатите граѓани. Очигледно имињата кои беа избрани, без разлика на нивното научно толкување, се провокација за мнозинството и тоа е доволно. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од тоа, треба да ја разбереме оваа чувствителност и верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница“, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за БТВ. Прашан дали со неодамна усвоените измени во Закон за фондации и здруженија со кои се забранува здруженија и партии да носат…

Read More

Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апслоутни почетници, го објави седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. Зиги Стардаст е измислен лик создаден од Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со воз). Тој е рокенрол вонземјанин испратен на Земјата да ја пренесе пораката на надеж, во последните пет години од нејзиното постоење… 1972 година го означува раѓањето на овој рокенрол месија, чии провокативни настапи му го донесоа на Дејвид Боуви статусот на водечка светска музичка ѕвезда, поосчуваат од…

Read More

Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС. Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, пренесе Бета. Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води…

Read More

Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство. Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат. Убиецот си го одзел животот вчера во градот Торанс, град на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала. Тран откако уби десет луѓе во паркот Монтереј, со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да…

Read More

Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти…

Read More

„Особено сум горд што старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно, кое го посетив денес, станува Центар за промоција на македонскиот јазик. Ова вековно огниште на употребата на македонскиот јазик, ја потврдува констатацијата на нашиот јазичен визионер Блаже Конески, дека активната употреба на македонскиот јазик е неговата најголема промоција. Тоа го знаеле и македонските учители кои образувале низа генерации на мајчиниот, македонски јазик. Го знаеме и ние денес“, објави премиерот Ковачевски од денешната посета на Љубојно. Затоа, нагласи Премиерот, и веќе се преземени активности за реконструкција и ревитализација на објектот на Старото училиште тука во Љубојно и негова адаптација во Центар за…

Read More

Вкупниот број на клиенти што се обратиле минатата година во Скопскиот Квир Центар е зголемен за половина повеќе од претходната година што е индикатор на драстично ослободување на  ЛГБТИ+ луѓето во однос на нивното отворање на проблемите преку овој Центар. Според податоците на Центарот, а систематизирано според целната група односно категоријата на клиенти, најголем број на од корисниците на услуги во минатата година , 40 лица се геј мажи, 12 се лезбијки, 7 се бисексуалци, 5 се трансродни лица, а 5 се родители и други членови на семејството на ЛГБТИ+ лица. Исто така во 2022 година, корисниците на услуги на…

Read More

Вонсудскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб одлучи поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер да мора да мине во затвор вкупно 18 години и осум месеци. Хина од судот дозна дека одлуката за вкупната казна била донесена на крајот на декември, а деновиве била испратена до Санадер и неговите адвокати. Адвокатот на поранешниот хрватски премиер, Чедо Продановиќ, како апсолутно неоснована ја оцени одлуката на вонсудскиот совет, со кој се определи единствена казна за трите досега правосилни пресуди, и притоа најави жалба. Одбраната смета дека за сите пресуди, со оглед на тоа што се слични кривични дела, Санадер не…

Read More

Во пресрет на Денот на Единството на Украина, утре (сабота) во галеријата на „Мала станца“ во 17 часот ќе биде отворена изложба на фотографии. Изложбата е воедно и најава за премиерата на документарниот филм за војната во Украина „Приспивни сирени“ на Кристина Атовска, во продукција на Виктор Петрески. Филмот е снимен од средината на март до средината на јули минатата година. Изложбата е во организација на единствената македонската новинарка која известуваше од Украина, Атовска. На изложбата почесно обраќање ќе има амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир. „Со оглед на фактот дека фотографиите и филмот покажуваат извршени злосторства против…

Read More