Author: Ана Василевска

СДСМ во сабота (23 март) на Конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев синоќа во гостување на ТВ 24 изјави дека при одлучувањето ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, а секако ќе се внимава и на родовата и регионалната застапеност. -Ние имаме јасна визија за иднината на државата и отворено ја кажуваме. Ние донесовме тешки одлуки, но тие одлуки беа за повисока цел. Благодарение на тоа нашата држава сега е рамноправна членка на НАТО, а ние не се плашиме да кажеме дека нашата идеја е членство…

Read More

Поради значителна вмешаност во корупција, поранешната специјана обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски од денеска се  на црната листа на САД. Ова во допис до медиумите го соопшти Американсата амбасада на САД. „Денес, Стејт департментот на САД ја објавува јавнота забелешка за поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева; актуелен градоначалник на Карпош, Северна Македонија, Стевчо Јакимовски; и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку. Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади. “, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.…

Read More

Француската актерка Жилиет Бинош (Trois Couleurs: Bleu, The English Patient, The Taste of Things) ќе биде следната претседателка на Одборот на Европската филмска академија, наследувајќи ја полската режисерка Агњешка Холанд (Европа, Европа, Спор, Зелена граница), која планира целосно да го посвети своето време на снимање филмови. Бинош беше едногласно предложена од членовите на одборот откако Холанд одлучи да се повлече. Холанд изјави: „Јас не сум човек кој лесно може да се тргне настрана, но дојдов до заклучок дека пред се сум филмаџија. И ова е она на што сакам да се фокусирам во годините што доаѓаат“. Неодамнешниот филм на Холанд,…

Read More

Независната меѓународна мисија за проверка на факти на Обединетите нации за Иран денеска објави дека смртта на Махса Амини во притвор на иранската полиција за морал е незаконска и предизвикана од насилство. Шефицата на Мисијата, Сара Хосеин наведе дека протестите во септември 2022 година во Иран беа придружени со „грозоморно кршење на човековите права“, вклучително и егзекуции без судење, произволни апсења, тортура, силување и сексуално насилство. – Тоа беше извршено во контекст на раширени и систематски напади врз жени и девојки, како и врз други лица кои изразија поддршка за човековите права, истакна Хосаин, додавајќи дека некои од овие злосторства…

Read More

Поради технички проблеми со веб-страницата  www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од  Државната изборна комисија. Оттаму додаваат дека техничкиот проблем се случил во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот. Од таа причина, нагласуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.

Read More

„Свесен дека по укинување на гарантираните цени имаше зголемување на цените на дел од прехранбените производи, што секако негативно влијае врз семејните буџети, но од тој аспект, овој закон ќе донесе ред во маржите“, порача во интервју за Слободен печат, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски како одговор на прашање околу новодонесениот Закон за спречување на нефер трговски практики. Носењето на овој закон, додава Ковачевски, е поради тоа што голем дел од компаниите покажале голема неодговорност кон граѓаните во време на светки кризи. Компаниите мора да се покажат одговорни во услови на таква криза, но добар дел се покажаа неодговорни на…

Read More

Протечениот документ ја фокусира работата на комисијата во осум клучни активности, кои се движат од добивање побрз влез на пазарот за биотехнолошки производи до поставување на курсот за идни иницијативи, вклучително и преглед на стратегијата за биоекономија на ЕУ до крајот на 2025 година. Извршната власт на ЕУ треба да објави нови мерки, вклучително и формирање Биотехнолошки центар, отворајќи го патот за законодавна иницијатива дизајнирана да ги олесни одобренијата за биопроизводство низ целиот блок, според протечениот документ што го добил Еуроњус. Откривањето на „Иницијативата за биотехнологија и биопроизводство“, прва од ваков вид, е поставена за оваа среда (20 март) по…

Read More

Во текот на изминатата година, на иницијатива на Министерство за правда, се формира Работна група за измени во Изборниот законик во чиј состав влегоа повеќе државни институции и независни тела, како што се ДИК, ДКСК, ДЗР, АВМУ, МИОА, Управен суд, МТСП, Министерство за финансии, и други.  Основната цел на РГ беше да формулира измени во ИЗ според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои во голем дел се совпаѓаат со препораките на ЦИВИЛ, МОСТ, Инклузива и други релевантни граѓански организации во изминатите години. Во РГ беа повикани и сите политички партии, како и граѓанските организации и саморегулаторни тела. Во работата на ова…

Read More

Претседателските избори што ги организираше Русија од 15 до 17 март се одржаа во многу рестриктивен амбиент, влошено и од илегалната агресија врз Украина, при што руските власти продолжија да ја зголемуваат систематската внатрешна репресија со сузбивање на опозициските политичари, граѓанските организации, независните медиуми и другите критички гласови со користење на репресивно законодавство и политички мотивирани затворски казни, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во писмена изјава во врска со руските претседателски избори – Шокантната смрт на опозицискиот политичар Алексеј Навални во пресрет на изборите е уште еден знак за забрзана и систематска репресија.…

Read More

Почна реконструкцијата на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно и негова адаптација во центар за промоција на македонскиот јазик. Планираните активности на училишниот објект каде на 15 ноември 1945 година е одржан првиот час на македонски јазик, според ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска ќе бидат завршени до крајот на следната година. При денешниот увид на реализацијата на проектот, Костадиновска Стојчевска рече дека во изминатиот период надлежната установа Завод и Музеј Битола со стручните тимови и со сите инволвирани во процесот работеле со многу трпение, посветеност и професионалност во исполнување на бројните неопходни чекори за остварување на визијата за модерен…

Read More

Кампањата на американскиот претседател Џо Бајден досега собра 155 милиони долари во готовина, што е многу повеќе од паричните донации за неговиот републикански противник Доналд Трамп, објавија американските медиуми. Само изминатиот месец, Бајден собра 53 милиони долари, што е најсилниот месец за локално прибирање средства. -Добиваме вистински ентузијазам додека одиме низ земјата. Собравме цел куп пари. Имаме 1,5 милиони донатори, вклучително и 500 илјади кои се сосема нови, ова се мали донатори; 97 отсто од донациите се под 200 долари, рече Бајден минатата недела во интервју за локална радио станица во Висконсин. Бајден и Трамп веќе ги добија номинациите на…

Read More

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно бележи дезинформации и говор на омраза на социјалните мрежи, а неретко и во медиумите, нагласи Дерала. На социјалните мрежи, претежно на Фејсбук и Екс (поранешен Твитер) се бележи трицифрена бројка од коментари на различни објави, во кои се бележи експлицитен говор, говор на омраза, повикување на насилство, и закани со убиства и линч („народен суд“). Во дел од медиумите, исто така, се бележи неселективно пренесување на дел од објавите на социјалните мрежи во кои има дезинформации и говор на омраза, со што на овој начин на јавна комуникација му се дава кредибилитет и го одобрува…

Read More