Author: Ана Василевска

Социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари за новогодишното украсување на општина Крива паланка. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски вели дека за празничното украсување и осветлување воопшто не е потрошен денар од општинската каса, затоа што тоа е донација од компании од општината но и граѓани на Крива Паланка кои се на привремена работа во странство. „Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фирми. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса.…

Read More

Истражувачите од јапонскиот Универзитет во Јамагата открија 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу со помош на дронови. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи. Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера. Со најновите додатоци откриени од истражувачите од Универзитетот Јамагата, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да се најдат. Со оглед на тоа што линиите се создадени со…

Read More

Специјалниот претставник на ЕУ за Дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак доаѓа во Белград за да разговара со Александар Вучиќ и претставници на властите во Србија за актуелните тензии на Косово. После тоа со истата задача тој патува во Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Лајчак во текот на денот во Брисел ќе го информира политичкиот комитет на ЕУ за состојбата на терен, но и со текстот на ажурираниот предлог на ЕУ за решение на односите меѓу двете страни. Како што вчера најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Лајчак ќе направи длабинска анализа на тој предлог…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината за прв пат по една деценија, бидејќи руските трупи продолжуваат да губат позиции во Украина, пренесе POLITICO. „Што се однесува до годишната прес-конференција, да, нема да се одржи пред Нова година“, рече во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека сè уште се очекува претседателот да разговара со новинарите, исто така, за време на странски посети. Сè уште не е одреден датум за новогодишното обраќање на Путин до нацијата, додаде Песков. Годишниот говор во минатото траеше со часови, нудејќи му на Путин можност да го…

Read More

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја повика Русија конечно да ја запре агресијата и да ги повлече своите војници овој Божиќ, пренесува Укринформ.  „Многу наскоро ќе имаме празници кои ги слават милијарди луѓе. Божиќ – според Грегоријанскиот календар или Нова Година и Божиќ – според јулијанскиот календар. Ова е време нормалните луѓе да размислуваат за мир, а не за агресија. Предлагам Русија барем да се обиде да докаже дека е способна да се откаже од агресијата. Би било правилно да започне повлекувањето на руските трупи од меѓународно признатата територија на Украина овој Божиќ. Ако Русија ги повлече своите трупи…

Read More

НОА: Кои се „маските“ на северот на Косово што го разбрануваат Балканот? „Вооружени и маскирани лица веќе неколку дена пукаат кон полицајците и службениците на ЕУЛЕКС, но ги тероризираат и жителите на четирите северни општини на Косово. Овие лица и понатаму се непознати за безбедносните органи, барем досега, бидејќи официјално не се знае дали некој од нив е уапсен. Но, кои се луѓето кои се кријат зад маските?“, се наведува во НОА. ГАЗЕТА ШЌИП: Европскиот суд за човекови права ја казни Албанија со 25 илјади евра „Европскиот суд за човекови права и даде право на поранешната обвинителка Антонета Севдари, која се…

Read More

Друштвото на филмски работници на Македонија објави повик за прием на нови членови во секциите: режија, продукција, камера, сценографија, костимографија и шминка, тон и монтажа, анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во соодветните училишта и факултети, како и лицата кои ќе се докажат преку своите филмски дела. Сите заинтересирани кандидати можат до крајот на годината да испратат своја кратка биографија на contact@dfrm.org.mk, а сите информации и критериумите за прием на нови членови се наоаѓаат на веб-страницата на Друштвото на филмски…

Read More

По три недели поминати во болница, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, денес заминува од Клиниката за Дигестивна хирургија во добра состојба, со здрав орган и со шанса за нов живот. „Среќен сум што сум денес овде со вас и со моите колеги со кои ја направивме првата трансплантација на црн дроб во земјава и еве по три недели го испративме пациентот дома во добра здравствена состојба со функционален орган и со шанса да има нормален и квалитетен живот. Морам да признаам дека не беше лесно да се дојде до ова. Работевме…

Read More

Песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година, изведена од повеќе од петнаесет македонски познати ѕвезди на музичката и актерската сцена, на иницијатива на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“. Кристина Арнаудова, Адријан Азири, Тијана Тодевска, Ана Стојановска, Мики Јовановски Џафер, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Јована Спасиќ се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик. Европскиот сон е, конечно, остварлив. Во овој период најпотребно е да се обединат општеството и сите политички фактори за остварување на заедничкиот интерес…

Read More

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА „Не нѐ бива, не бива држава од нас“ завршува познаникот и се прашувам дали тоа само така го вели како „убаво времево“, или навистина така мисли. И кои се тие „ние“, бидејќи, очигледно, не мисли на нас двајца, петмина што си се познаваме. И дали, на пример, ако некој за себе си вели „Не бива човек од мене“, воопшто може да функционира, оти тоа личи на прилично само-поразително, скоро самоубиствено убедување за човек. Можеби мисли на „нив“ – не бива држава од „нив“? Тоа се оние другите заради кои „ние“ би биле загрозени. Никако тие другите „да се…

Read More

Последните неколку денови во регионот се случуваат процеси кои потсетуваат на некои лоши времиња од минатото. На северот на Косово во последните денови растат тензиите, откако беа уапсени неколку лица од српска националност а стигнуваа вести за пукање кон полициските единици. Српскиот претседател Вучиќ најави дека Србија ќе бара дозвола за испраќање на околу 1.000 српски безбедносни сили согласно Резолуцијата 12/44 што косовската страна го протолкува како отворена провокација која ќе доведе до дополнително радикализирање на состојбата. Во меѓувреме Македонија е под постојан хибриден напад со лажни дојави за бомби. Откако првенствено таргет беа средните училишта, заканите за поставени бомби…

Read More

Повеќе од петнаесет познати ѕвезди на музичката и актерската сцена учествуваат во иницијативата на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“, песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година. Кристина Арнаудова, Адријан Азири, Тијана Тодевска, Ана Стојановска, Мики Јовановски Џафер, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Јована Спасиќ се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик. Промоцијата на песната „Insieme/Заедно“ ќе се одржи денеска, вторник, 13 декември, во кафе-клубот „Мош“, со почеток во 13 часот. Со оваа иницијатива, Цивил…

Read More