Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии во Косово, хибридни напади во Македонија и Црна Гора, кој го дестабилизира Балканот?

0
By Ана Василевска on December 13, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 13, 2022 11:44

Последните неколку денови во регионот се случуваат процеси кои потсетуваат на некои лоши времиња од минатото.

На северот на Косово во последните денови растат тензиите, откако беа уапсени неколку лица од српска националност а стигнуваа вести за пукање кон полициските единици.

Српскиот претседател Вучиќ најави дека Србија ќе бара дозвола за испраќање на околу 1.000 српски безбедносни сили согласно Резолуцијата 12/44 што косовската страна го протолкува како отворена провокација која ќе доведе до дополнително радикализирање на состојбата.

Во меѓувреме Македонија е под постојан хибриден напад со лажни дојави за бомби. Откако првенствено таргет беа средните училишта, заканите за поставени бомби се прелеаја и кон државни институции, но и приватни субјекти па дури и станбени згради.

ГТЦ, „Ист Гејт“ кулите „Џевахир“ како и зграда на МНР денеска беа евакуирани поради дојави за поставени бомби.

Утрово и Црна Гора се разбуди со неколку дојави за поставени бомби во објекти на училишта.

Дојавите освен што предизвикуваат паника кај граѓаните и дополнително го трошат системот на безбедност и имаат за цел негова парализа.

Многу стручњаци сметаат дека ваквите хибридни напади се со еден центар за кој се сомневаат дека е сместен во Русија а како поткрепа на тоа го издвојуваат фактот што руските структури и претходно вршеле слични напади и на далеку поголеми и посилни држави отколку што се Македонија и Црна Гора.

Вториот факт тие го гледаат во тоа што на Русија, на која не и оди воопшто добро во Украина и е потребно проширување на конфликтот и отворање нови фронтови но тие да бидат што подалеку од нејзините граници и во земји членки на НАТО, со цел да се дестабилизира Алијансата.

Светски безбедносни аналитичари тврдат дека војната во Украина дополнително ќе се разгорува, па доколку хибридните напади навистина се сторени или инспирирани од Москва, сигурно ќе продолжат со несмален интензитет.

Извор 24 Инфо

закани со бомби во училиштата Косово хибридни закани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.