Author: Ана Василевска

Државата мора да ги контролира фирмите феномени на екстра профити. Јас таквите компании ги нарекувам „супер профит мејкери“. Сериозни држави не толерираат компании кои остваруваат екстра профити надвор од сите логични економски стандарди, некои држави знаат таквите компании и да ги конфискуваат, вели академик Абдулменаф Беџети за ЦИВИЛ медиа. -Нашата држава, вели академикот, се плаши. Ако ништо друго таквите компании барем треба екстремно да ги оданочува. Да ги оданочува профитите остварени во вонредни околности. Но нашите влади тоа не го прават. А зошто нашата влада тоа не го прави? Па не го прави затоа што се плаши, затоа што нема…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Скопје вчера чмаеше. Беше јадно да се гледа како градот стои. Не знам дали забележавте, беше изненадувачки што мањкаа и нервозните свирки на возачите. Колку и сурово да звучи, вчера граѓаните се помирија со својот избор. Или барем требаше. А изборот го направија сами, без притисоци, без контрапротести, без исклучени лифтови… И, им се случи Данела – „независната кандидатка“ поддржана од  ВМРО-ДПМНЕ, величена од шпицниот градоначалник Мицкоски. Ви текнува како пееја „Цело Скопје вмровски град“, па зурли, тапани пред белата палата? Ја славеа вмровците победата на Данела за градоначалничка на Скопје. Беше тоа општа фешта, со купишта озарени…

Read More

Откупот на тутунот започна официјално од вчера и според првичните информации тутунопроизводителите се задоволни од постигнатата цена. На откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп вчера беа лично премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски кои објавија дека цената на тутунот годинава е зголемена за 30 % и изнесува 261 денар за килограм тутун. Тутунарот Стеван Вељаноски од Прилеп вели дека е задоволен од просечната цена по која се откупува тутунот. „Прилично сум задоволен од просечната откупна цена на тутунот, задоволен сум и од квалитетот на мојот тутун, па очекувам да постигнам добра цена“, изјави тој. Мирјана Митровска,…

Read More

По долго и тешко боледување, утрово, на 77- годишна возраст почина доктор Јовица Угриновски. Веста ја објавија од болницата „Неуромедика“. „Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово, на 77-годишна возраст, по тешко боледување, почина нашиот ценет и почитуван проф. д-р Јовица Угриновски. Тој беше основач и претседател на Управниот одбор на ‘Неуромедика’. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето“, се наведува во нивната објава.

Read More

Пишува: Зоран Бојаровски Колку и да се опираат да признаат, тенка е, премногу е тенка, како пајакова пајажина, нишката на која се одржуваат отпорот и скептицизмот на противниците на Преспанскиот договор. Со одлуката на грчките судови да го регистрираат Центарот за македонски јазик во Грција во Лерин, објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година, на сите оние коишто злонамерно го толкуваа Преспанскиот договор сега им се отвори можност да си олеснат на душата и да ја прифатат реалноста: Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес. Вредно е да се нагласи и прифати дека во случајов станува збор за прва…

Read More

Катар денеска соопшти дека потпишал 15-годишен договор со Германија за снабдување на земјата со природен течен гас, во услови на глобална енергетска криза предизвикана од војната во Украина. Договорот меѓу катарската државна фирма „Катар енерџи“ и американската компанија „КонкоФилипс“ ќе придонесе за напорите за поддршка на енергетската безбедност во Германија и Европа, изјави на прес-конференција катарскиот министер за енергетика Саад Шерида Ал-Каби. Според договорот, почнувајќи од 2026 година, Катар ќе испорачува до два милиони тони течен природен гас (ЛНГ) годишно на гасниот терминал во изградба во Брунсбител на северот на Германија, рече министерот. КонокоФилипс (ConocoPhillips) има удел во морското гасно поле на Катар…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. „Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер! Првата официјална посета на претседателот Штајнмајер, после само четири месеци од почетокот на пристапните преговори е јасен сигнал за позициите на Германија за интеграцијата на регионот во ЕУ и за континуираната поддршка која Северна Македонија ја има за пристапување во Унијата. Ќе имаме доволно време да отвориме важни теми за регионот, за унапредување на меѓусебната соработка и за предизвиците со кои се соочува цела…

Read More

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе учествува на Конференцијата „Поддршка на парламентарната демократија ширум светот: Градење на демократска отпорност “ во организација на Европскиот парламент и Групата за поддршка на демократијата и Координација на изборите (ДЕГ). Конференцијата ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел. Таа е и во знак на одбележување на 10-годишнината од поддршка на демократијата ширум светот. „Претседателот Џафери ќе биде воведничар на две сесии, односно на воведната сесија на тема „Десет години ЕП ја поддржува демократијата ширум светот – што постигнавме и што научивме?“ на 29 ноември 2022 година и на втората работна…

Read More

Ирскиот регулатор за заштита на податоци (DPC) денеска го казни Фејсбук со 265 милиони евра, со што вкупната казна на компанијата Мета достигна речиси една милијарда евра. Казната произлезе од истрагата што почна во април 2021 година, а беше поврзана со откривањето на повеќе лични податоци од Фејсбук што беа достапни на Интернет. На Фејсбук му беше наредено да спроведе низа корективни мерки. Новата казна е веќе четврта изречена од DPC на една од компаниите на Мета. Во септември ирскиот регулатор го казни Инстаграм со рекордна казна од 405 милиони евра, што Мета планира да ја обжали. DPC ги надгледува…

Read More

Може да се најде„вин-вин“ решение што ќе резултира со повторно обединување на скулптурите на Партенонот во Грција, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Лондон за време на дискусијата организирана од Лондонската школа за економија. Тој додаде дека во исто време во евентуалното „вин-вин“ решение би се земала предвид и „загриженоста што би можела да ја има британскиот музеј“. Мицотакис истакна дека за Мермерите на Партенон што се наоѓаат во Британскиот музеј го користи изразот „повторно обединување“, наместо „враќање“, но и посочи дека има напредок, но не сака јавно да говори за разговорите и да открие повеќе детали. Грчкиот премиер Кирјакос…

Read More

Ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ, ќе бидат темите во фокусот на дводневната посета на претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија која почнува денеска. Ова е прва посета на Штајнмајер на Македонија, по која заминува во соседна Албанија со што дава поддршка на заедничките регионални перспективи за интеграција во Унијата. Германскиот претседател, според неговата агенда, се очекува денеска напладне да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во…

Read More