Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес

0
By Ана Василевска on November 29, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 29, 2022 12:44

Пишува: Зоран Бојаровски

Колку и да се опираат да признаат, тенка е, премногу е тенка, како пајакова пајажина, нишката на која се одржуваат отпорот и скептицизмот на противниците на Преспанскиот договор.

Со одлуката на грчките судови да го регистрираат Центарот за македонски јазик во Грција во Лерин, објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година, на сите оние коишто злонамерно го толкуваа Преспанскиот договор сега им се отвори можност да си олеснат на душата и да ја прифатат реалноста:

Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес.

Вредно е да се нагласи и прифати дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи, и дека со овој чин, една официјална грчка институција, како што е судот, препознава постоење на македонското говорно население во Грција.

Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо.

Тоа е директна придобивка од Договорот од Преспа и тоа сега никој не може да го порекне. Договорот што го креираа тимовите на тогашните премиери Заев и Ципрас кои покажаа историско визионерство и храброст, јасно ја означи посебноста на македонскиот јазик, под тоа име, како и кириличното писмо како наш автентичен код.

И навистина е од историско значење оваа одлука на грчкиот суд, којашто претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција спроведен во 1920 година, кога македонскиот јазик бил наведен како јазик што го зборува дел од населението во одредени региони.

За восхитување и за оддавање на секое признание е истрајноста и полетот на активистите на Центарот за македонски јазик во Лерин, Грција. Тие велат дека за нив ова е само почеток на кампањата за остварување на другите цели на организацијата впишани во статутот на организацијата и како таков одобрен од грчкиот суд, како што се изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница, поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и на универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија, поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

Извинете, ама сето ова до 2018 година беше едноставно – невозможно.

Договорот во Нивици, на брегот на Преспанското езеро на 17 јуни 2018 година, од една страна ги откочи нашите евро-атлантски аспирации, не доведе до членство во НАТО во пресрет на најголемата закана за мирот и безбедноста во светот – војната во Украина и ни даде силен ветар во едрата на патот до членство во ЕУ, а Грција стана наш најголем поддржувач во институциите во Брисел.

Во годините после потпишувањето на Договорот беа охрабрени факторите на економскиот живот во двете земји, што пред сѐ, се однесуваше на новата клима кај бизнисмените од двете страни на границата што донесоа нови грчки инвестиции во земјата.

Како резултат на пријателските односи, Грција се постави како доверлив партнер кога Мицотакис и Ковачевски се договорија дека нашиот јужен сосед ќе ги обезбеди потребните енергенси во јаглен и мазут за непречена работа на нашите енергетски капацитети во овој актуелен период на енергетска криза.

Ете зошто Преспанскиот договор огромен број најистакани политичари, сите мултилатерални организации, вклучувајќи ја и ОН, го препознаа договорот од Нивици како модел за решавање на најкомплицираните билатерални проблеми.

И за тогаш, кога се поптиша договорот, и за денеска, за сите најголеми противници и скептици кои толкуваа дека Македонија е поразена, важи пораката: Победија граѓаните на двете земји затоа што со Преспа дојде време на просперитет, мир и пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Граѓаните избраа да се ослободат од товарот и фрустрациите на минатото и на светот да му понудат ново пријателство на овој Балкан, и да го преобличат во регион на можности и политичка стабилност, како место на поврзани соседи и пријателство.

Оние што не го гледаат тоа денеска, ќе го видат малку подоцна. На нивна штета и жалост.

Извор/ Цивил медиа

Зоран Заев Преспански договор Центар за македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.