Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска денеска поднесе оставка од функцијата поради како што вели медиумската хајка која „била спроведена бидејќи нејзиниот избор не и одговарал на група од судската – бизнис елита. „Ја известувам јавноста дека поднесувам оставка од позицијата претседател на Судскиот совет на РСМ. Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси…
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Иран од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини, изјави синоќа генералот на иранската Револуционерна гарда, Амирирал Хаџизадех. Протестите во Иран почнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември која почина во притвор каде беше затворена поради кршење на строгиот кодекс за облекување на жените. Во видео објавено од онлајн новинската агенција Мехр, командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда на Иран, Амирирал Хаџизадех, рече дека сите во земјата биле погодени од смртта на девојката. „Немам најнови податоци, но мислам дека можеби имавме повеќе од 300 маченици и настрадани меѓу најдобрите деца на…
Борјан Јовановски Во декември се одржува последниот Европски Совет под претседaтелство на Чешката Република. Чешкото претседателство има амбиции за интензивирање на процесот на проширувањето. Ќе успеат ли Чесите да го мрднат од мртва точка овој значаен процес? Борјан Јовановски разговараше со амбасадорката на Чешката Репубика во Советот на ЕУ, Житка Латал Знаменачкова. НоваТВ: Дали може да се очекува напредок во однос на процесот на проширувањето на ЕУ за време на вашето претседавање со ЕУ? Знаменачкова: Сега веќе можеме да кажеме дека чешкото претседателство успешно го поддржа процесот на проширување на ЕУ. Направени се многу позитивни чекори кон Западен Балкан. На…
Тутунарите ќе добијат највисоки откупни цени во последните десет години, најави денеска од Прилеп премиерот Димитар Ковачевски. Откупната цена ќе биде за 33 отсто поголема од лани. „Денешниот ден го започнав со средба со луѓето кои се најважни за оваа наша традиционална земјоделска гранка – тутунопроизводителите. Имав можност да разговарам со дел од тутунарите од прилепскиот регион за годинешната реколта тутун, за откупната цена, за владините мерки, но и за нивните предлози за понатамошен развој производството на тутун. Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со неколку…
Како дел од антикризните мерки на владата над 230 компани кои произведуваат основни прехранбени продукти од 1 декември ќе плаќаат субвенционирана струја по двојно пониска цена, што треба да предизвика и пад на цените на основните прехранбени продукти во земјава. Со тоа што овие компании ќе плаќаат двојно поевтина цена на струја од пазарната, се очекува и значително да поевтинат лебот, маслото, млечните производи, како и месото. Согласно владината одлука компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како леб, пекарски производи, брашно, масло, млечни производи, месна индустрија ќе добиваат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час.…
Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно сметката ќе се зголеми за 300 динари. Оние што ќе се греат на ТА печки и ги вклучуваат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари. Граѓаните кои си греат етажно на котли на струја може да…
Пишува: Зоран Бојаровски Во нашата јавност малку е позната работата на Институтот за Централна и Југо-Источна Европа со седиште во Будимпешта кој е основан како огранок на Институтот за европски студии на Универзитетот за општествени науки од Вухан, Народна Република Кина. Ако ја отворите нивната интернет страница многу лесно ќе дојдете до категоријата „Неделни брифинзи“ во која со прилично динамична фреквенција се објавуваат овие така наречени неделни брифинзи за неколку различни теми за најважните актуелни настани и процеси во земјите од централна и југоисточна Европа. До тука ништо чудно, ќе речете, но ако го отворите последниот неделен брифинг за Северна Македонија „Macedonian foreign policy…
Преку блокадата на Собранието, со цел да предизвика предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ започна уште во мај годинава, кога Христијан Мицкоски најави дека опозициска блокада во Собранието е „стратегија што ќе трае“ и нема да биде само „инстант акција“, а причината на блокадата се „сите штетни законски решенија и прописи што доаѓаат од Владата“. Што се крие зад овие барања? БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА ДИК нема буџет за предвремени избори. Во новиот Предлог-буџет за 2023 година, за Државната изборна комисија се одвоени 82.641.000 денари. Во планираните активности за ДИК се наведени континуиран развој и унапредување на обуката за едукација во врска со изборниот процес,…
SYRI – 110 години држава – Со пушка и пенкало, како започна ова патување Признавањето на Албанија како независна и суверена држава од страна на големите сили и од другите држави беше чин од витално значење за албанскиот народ и нација. Овој настан означи демаркациона линија во албанската историја. Сè започна на 28 ноември 1443 година… пишува во косовскиот портал SYRI. БОТА СОТ : Во чест на 28 ноември, планинари од Косово го развеаја државното знаме на врвот Бистра Алпинистите од Косово, Фадил Сахити, Астрит Красниќи и Неџат Палуши во чест на 28 ноември, Денот на Независноста на Република Албанија се искачија…
Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ. Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија. Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Да ви кажам искрено, кога го слушам Александар Николоски кај што вели, „ние ќе дојдеме до 61 пратеник за да не можат Албанците да не уценуваат“, на ваква изјава, пристоен човек не може да не го разбере освен како еден симптом на „припитомен неофашизам“ или неонацизам. Добрата работа во оваа глупава и дискриминаторска изјава е што Николоски и неговите се во опозиција, така што не би можеле да отвaраат „концентрациони логори“, ама прават сè само за да ги оправдаат и дефинираат причините на оние кои во 30-тите и 40-тите години од минатиот век практично тоа го правеа. За…
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој е во посета на Лондон, вечерва ќе се сретне со кралот Чарлс Трети, што ќе биде прва нивна средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и неговата сопруга ќе бидат примени од Кралот Чарлс Трети во кралската резиденција во Виндзор, а грчки владини извори за новинската агенција АНА-МПА потсетиле дека последната средба на Мицотакис со Чарлс беше во декември минатата година во Шкотска, а меѓу другото, разговарале и за плановите на грчката Влада за обнова на кралската палата Татои во близина на Атина. За конкретната…