Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Имаме највисоки откупни цени за тутунот во последните десет години, дури 33 отсто повеќе во споредба со лани

0
By Ана Василевска on November 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Димитар Ковачевски во посета на тутунопроизводителите
Димитар Ковачевски во посета на тутунопроизводителите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 28, 2022 14:57

Тутунарите ќе добијат највисоки откупни цени во последните десет години, најави денеска од Прилеп премиерот Димитар Ковачевски. Откупната цена ќе биде за 33 отсто поголема од лани.

„Денешниот ден го започнав со средба со луѓето кои се најважни за оваа наша традиционална земјоделска гранка – тутунопроизводителите. Имав можност да разговарам со дел од тутунарите од прилепскиот регион за годинешната реколта тутун, за откупната цена, за владините мерки, но и за нивните предлози за понатамошен развој производството на тутун. Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со неколку позитивни податоци: повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот“, рече Ковачевски.

Како што додаде премиерот, годинава откупот на тутунот стартува со 33 отсто повисока цена споредено со лани.

„Откупната цена за килограм тутун е 260 денари, за разлика од лани кога била 200,44 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – од 2014 година до сега откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7%. Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 % повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тутун. Имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година“, истакна Ковачевски.

Според него овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно би значело бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството.

„Ваквите бројки се доказ дека мерките кои што оваа Влада ги презема за тутунопроизводството, даваат позитивни резултати. Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство. За првпат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција“, заклучи Ковачевски при посетата на Прилеп.

Димитар Ковачевски Откуп на тутунот тутунопроизводители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.