Author: Ана Василевска

Секретарката на пратеничката група на грчката опозициска партија СИРИЗА и поранешна министерка Олга Геровасили пријави хакерски напад како на нејзините пратенички банкарски сметки од кои ѝ биле одземени пари, така и на нејзините профили на социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина. Геровасили во писмената изјава посочи дека „во продолжение на скандалот со прислушувањето од страна на центарот за следење Националната разузнавачка служба – Предатор“, на чиј мета, како што вели,била и таа лично, а за што веќе има преземено правни дејствија, сега била жртва на електронски напад. „Моите пратенички банкарски сметки веќе се хакирани и одземени се пари,…

Read More

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеjи потврди дека Босна и Херцеговина следниот месец може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. „Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширувањето. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ“, рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, каде што се одржува Форумот на 43 земји на Унијата за Медитеранот. Тој наведе дека со тоа даваат „нов живот на проширувањето“, но истакна дека проширувањето е…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека новата стратегија на Русија да ја втурне Украина во мрак со напади врз нејзината енергетска инфраструктура нема да ја ослабне решителноста на неговата земја. „Тоа е војна на сила, отпорност, се работи за тоа кој е најсилен“, вели Зеленски во интервјуто објавено во денешното издание на „Фајненшл Тајмс“. Околу 15 региони во Украина се соочуваат со проблеми во снабдувањето со вода и електрична енергија. Само во главниот град Киев, околу 60 отсто од населението се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Украина и денеска продолжува да работи на санирање на енергетската…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски во пресрет на вечерашниот натпревар на Светското првенство во Катар, помеѓу фудбалските репрезентации на Бразил и Србија, на Инстаграм објави дека вечерва навива за Србија. „Вечерва навивам за Србија“, објави Ковачевски Првото полувреме од натпреварот што е во тек, заврши нерешено 0:0 Извор/Фронтлајн

Read More

За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години независност (Анализа и истражување на јавното мислење)“, од авторите Александар Спасеновски, Васко Наумовски и Јован Андоновски, а во издание на Институт за општествени истражувања „МК91“ и Фондација „Конрад Аденауер“, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На прашањето „Според вас, која држава е најголем непријател на Северна Македонија?“, 44 отсто одговориле дека е тоа Бугарија, 29,3 отсто на поставеното прашање одговориле…

Read More

Во четвратата сабота на ноември секоја година традиционално се одржуваат настани за почитување на споменот на жртвите на Гладоморот-геноцидот од 1932-1933 година во Украина. Оваа година, почитувањето на споменот на милиони невини жртви на сталинистичките репресии ќе се одржи за време на руската воена агресија против Украина, рече Олександр Урбанович, лидер на Лесја Украина, на денешната изложба посветена на жртвите на Глодоморот. „Гладоморот е геноцид на украинската нација, извршен во 1932-1933 година. Тој беше измислен од раководството на Советскиот Сојуз со цел да ги потчини Украинците, конечно да го елиминира украинскиот отпор кон режимот и обидите да се изгради самостојна…

Read More

Историјата ги запишува најголемите трагедии во минатото, но не само гласноста на злоделата на лошите луѓе, туку и страшната тишина на добрите луѓе. Денес сме собрани да се сетиме на Гладоморот во Украина од 1932 до 1933 г., една од најголемите трагедии во историјата на човештвото, во која животот го загубиле преку 7 милиони луѓе, Украинци, и сите оние на кои сталинистичката идеологија им пресудила во име на изопачената глорификација на советското општество за создавање на модерна и пролетерска украинска нација по цена и на нејзина ликвидација, и со скриена намера преку мотото дека комунизмот произведува одвишок храна да се…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска  се обрати по повод одбележувањето на 90 години од Гладоморот во Украина (1932-1933). Собранието беше домаќин на изложбата за сеќавање на жртвите од Гладоморот во Украина „Украина се сеќава, светот признава“. „Дозволете, покрај тоа што Ви посакувам добредојде од име на пратениците на Собранието и во мое лично име, да упатам до Вас и апел за разбирање затоа што сум убеден дека после ова, никој нема да остане рамнодушен кон оваа човечка трагедија и кон овој период во кој се изгубила и најмалата допирна точка со тоа што значи да се биде – човек.…

Read More

Би сакала да ви се заблагодарам што најдовте време и можност да дојдете на отворањето на изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“, која е посветена на почитување на споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година, што се одржува во Украина и ширум светот во четвртата сабота од ноември (овој пат на 26 ноември), истакна Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија. „Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на сталинистичкото комунистичко раководство со цел да се создаде вештачки глад во 1932-1933 година во Украина, како резултат на кој загинаа милиони и…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје не покажуваше никаков интерес да се продолжи со реконструкцијата на Универзалната сала, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Според неа, навистина се чувствува нефункционалноста на салата во културниот живот. „Во 2019 година пари од буџетот, преку Министерството за култура биле префрлени, заедно со писмо за соработка со Град Скопје, за целосна реконструкција на салата, но тоа не се случува. Ние со министерот за локална самоуправа зборувавме со градоначалничката за да можеме да и излеземе во пресрет за реконструкцијата на Универзалната сала, бидејќи парите стојат на сметка, проектот е…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Има многу дискусии за тоа како треба слободарските медиуми да го третира Димитар Апасив. Од тоа дека не треба да му се обрнува внимание, дека е маргинален политички лик и дека со пишување за него само му се храни егото, па се до тоа дека е опасно да се игнорира и дека Апасиев сепак најдува начин да се наметне во јавноста и да создаде конфузија кај луѓето. Многу медиуми не му даваат никаков простор, не го коментираат. Им ги разбирам мотивите. На тоа мислење бев и јас до пред некоја година. Но кога видов дека со затворање на…

Read More

Законот за македонски јазик е веќе готов, се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа. „Законот за употреба на македонскиот јазик всушност предвидува мерки за тоа како да се промовира македонскиот јазик, како правилно да се имплементира… Тој закон предвидува стратегија за македонскиот јазик. Оние спорни делови, кои беа причини законот да се стопира во 2020 година сега се отстранети, бидејќи постои начелен договор…

Read More