Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуев: Како добри луѓе да се бориме насекаде каде ќе почувствуваме дека се појавува дехуманизација

0
By Ана Василевска on November 24, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 24, 2022 14:16

Историјата ги запишува најголемите трагедии во минатото, но не само гласноста на злоделата на лошите луѓе, туку и страшната тишина на добрите луѓе. Денес сме собрани да се сетиме на Гладоморот во Украина од 1932 до 1933 г., една од најголемите трагедии во историјата на човештвото, во која животот го загубиле преку 7 милиони луѓе, Украинци, и сите оние на кои сталинистичката идеологија им пресудила во име на изопачената глорификација на советското општество за создавање на модерна и пролетерска украинска нација по цена и на нејзина ликвидација, и со скриена намера преку мотото дека комунизмот произведува одвишок храна да се пресмета со бунтот и отпорот на Украинците, истакна проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, на денешната изложба по повод: Денот на сеќавање на Гладоморот (26 ноември) во Собрание на Република Северна Македонија, 24 ноември 2022.

„Украинскиот збор Голодомор е изведен од „морити голодом“, ‘да умориш (убиеш) со глад’. Одамнина во словенските јазици, во епската поезија постои зборот „човекоморец“, ‘убиец на мажи’, како епитет на силни воини на бојното поле. Самиот збор ‘гладомор’ е искован во поновата историја, бидејќи е непознат чин за нашите предци особено во услови на мир и нормални природни услови за живот.

Историјата памети многу Големи гладови уште од антиката. Но тие во најголем дел се причинети од болести на земјоделските култури и стоката, природни катастрофи и временски непогоди, особено суши и војни. Понекогаш во војните се уништувале посевите за да се ослаби непријателот. Но тоа не се причините за страшниот Гладомор, неразумно е во најголемата европска житница селаните и населението да умираат од глад без никој да им помогне, а најголемиот непријател на државата да стане обичниот човек кој доколку скрие храна за да го спаси животот на своите деца бил осудуван на смрт.

Како луѓе логично е да се запрашаме како е можно е тоа? Зарем меѓу заблудените луѓе на една цела нација немало добри луѓе? Зарем погледот на едно невино дете или немоќен старец не можел ли да поттикне емпатија барем кај дел од нив? Каде биле добрите луѓе?

За творците на таа идеологија и на „Декулакизацијата на богатите селани“ и нејзините извршители, тоа претставувало засилување на комунистичката економија и победа над недовербата во советскиот систем во светот и доказ за неговата сила како единствен систем што произведува вишок на храна. Набргу пространите плодни степи наместо полни со жито и плодови биле прекриени со човечки изгладнети и изморени тела. Набргу и немало кој да работи на полињата па присилно се доселувани лица од други краишта на СССР. Дали овој чин скроен во главата на Сталин се разликува од оној договорен на Вансејската конференција близу Берлин што претставувало расна хигиена, и обезбедување на „Простор за живеење“ на нивната самопрогласена „чиста раса“ со систематско истребување на цели народи? Дека целта не била само насилна колективизација и јакнење на комунистичката економија зборуваат податоците што во исто време биле уапсени десетици илјади украински учители и интелектуалци и биле отстранети сите книги напишани на украински јазик од училиштата и библиотеките.

За секоја голема трагедија со која се соочила човештвото, науката постојано бара одговор на прашањето зошто се јавува дехуманизацијата, што се случува во човечкиот мозок за да другиот го смета за помалку човек и со што се оправдува неговото ѕверско однесување, при тоа не предизвикан од никаков непријателски акт? Но она што е пострашно е тишината на добрите луѓе. Во тогашниот СССР Гладоморот станал забранета тема. И покрај укажувањата на Украинците и сите докази за неделата, дури во 2007 г. Европскиот парламент ќе го признае Гладоморот како геноцид, по цели 75 г. Како народ и ние паметиме геноцид, можеби не во толкав обем и во време на војна, но не верувам дека некогаш ќе дочекам да биде признаен. Признанието не носи утеха на денешните генерации, минатото не може да се врати, младите се свртени кон иднината. Признанието е победа на гласноста на добрите луѓе, бидејќи „Оние кои не го паметат минатото се осудени да го повторуваат“.

Дали го најдовме одговорот за дехуманизацијата? Денес Украина е исправена повторно пред голема криза предизвикана од воената инвазија на Русија: уништување на нејзината инфраструктура, полиња полни со барут наместо со жито, илјадници невини жртви, невини луѓе кои мораат да ги напуштат своите домови. Кога денес читам книги, гледам документарни филмови за „најголемите полиња на смртта во Европа“ се обидувам да го разберам и лудилото на сталинистичката идеологија и да ги почувствувам страдањата на илјадници луѓе кои минале низ тој пекол, без никаква вина, без никаков грев, само затоа што биле Украинци.

Затоа денес сме собрани, тука, како и на многу други места ширум светот, пред овој Паметник за да никогаш повеќе не се повтори такво зло, но и како добри луѓе да се бориме насекаде каде ќе почувствуваме дека се појавува дехуманизација, бидејќи нашата ужасна тишина поттикна нови вресоци и нови нелуѓе. Само нашата гласност му помага на украинскиот народ дека за разлика од пред 75 г. тие не се сами, дека ние сме со нив и дека ние сме нивниот глас!“, рече проф. Дуев.

Војна во Украина Гладомор дехуманизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.