Author: Ана Василевска

Откако на владина седница беше донесена одлука да се издвојат финансиски средства и евентуално централната власт да го финализира објектот Универзална сала, се очекува да се формализира решението околу тоа како ќе продолжи реконструкцијата. Одговорноста треба да ја преземе Министерството за култура, по неуспехот на градоначалничката Данела Арсовска, која пак дополнително го комплицираше и опструираше процесот, а објектот остана разурнат. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов вчера заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше на средба кај градоначалничката Данела Арсовска. Пенов изјави дека тие добиле согласност од Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура. „Имаме…

Read More

„Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“, беше темата на вториот настан што денеска се одржа во Скопје, посветен на годишниот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности”. Во првиот дел од дискусијата вовед даде вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој истакна дека реформите мора да продолжат и секоја институција треба да биде на ниво на задачата, особено законодавниот дом. „Евроинтеграцијата е државен и тимски процес“, истакна Маричиќ пред присутните и додаде дека обврската што ја презема оваа Влада е тешка, но развојот, просперитетот, европската економија и европскиот животен стандард се…

Read More

Според податоците на интернет страницата „IQair“, град Скопје денеска е на 11 место по загаденост во светот. Според денешните податоци на Winix кој користи информации од Министерството за животна средина, за проверка на квалитет на воздухот, врз основа на средни часовни вредности, Скопје е најзагаден град во земјата. И денеска најзагадено е во Центар, Лисиче, Гази Баба и Миладиновци со 155 ПМ 10 честички на метар кубен. На почетокот на 2021 година Град Скопје се пофали дека според индексот на  „IQair“ за 2020 година, Скопје се наоѓа на 38 место по загаденост во светот, односно на 17 место, ако се земат предвид мерењата само на…

Read More

Ана Василевска Во Собранието денеска пратениците по скратена постапка, односно со потпис на пет пратеници ќе гласаат за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Суштината на промените се однесува на бришење на Членот 102, со што се враќа праксата медиумите легитимно да се хранат со пари од владини кампањи. Со ова Македонија се враќа пет години наназад кога со донесувањето на овој член се стави кочница во Законот за медиуми што директно ја поттикнува корупцијата на уредувачките политики. Опасноста, Македонија да се врати во времињата кога сите извештаи на медиумскиот мониторинг на ЕУ ги рангираа…

Read More

Поранешниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва триумфираше над актуелниот претседател Жаир Болсонаро на 30 октомври, во вториот круг од претседателските избори во Бразил. Да Силва освои 50.9% од гласачките ливчиња со 99.9% гласови изброени. Победата на 77-годишниот Да Силва претставува неверојатен пресврт на настаните. Претходно, тој беше на чело на државата од 2003 до 2010 година. Подоцна, тој беше во затвор 18 месеци поради обвиненија за корупција, но тие обвиненија потоа беа поништени од страна на Врховниот суд. ЦИВИЛ МЕДИА имаше интервју со Џејмс Н. Грин, професор по бразилска историја и култура на Универзитетот Браун и Претседател на…

Read More

Укаринскиот претседател, Володимир Зеленски посочи на Русија дека е виновна за синоќешниот пад на проектили во Полска, и рече дека ова е руски ракетен напад врз колективната безбедност, па оттука мора да се дејствува. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг укажа на важноста да се утврдат сите факти, додавајќи дека НАТО ја следи ситуацијата во Полска и сојузниците внимателно се консултираат. Полска го подигна нивото на борбена готовност и го активира членот 4 од повелбата на НАТО. Членот 4 од договорот за НАТО го опфаќа сценариото во кое земја-членка се чувствува загрозена од друга земја или терористичка организација. „Страните меѓусебно…

Read More

По синоќешниот пад на два проектила во Пжеводов – полско село во близина на границата со Украина, каде што загинаа две лица, премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство до неговиот полски колега, Матеуш Моравецки и полскиот народ за загубата на животи во експлозијата во близина на украинската граница. Condolences to @MorawieckiM and the Polish people for the loss of life in the explosion near Ukrainian border. This is a time to be even more resolute in our core task – keep NATO territory safe and secure. Working together with Allies to gather all facts on this tragic event. — Dimitar Kovachevski…

Read More

Неколку полски медиуми јавија дека во попладневните часови се случила експлозијапо пад на проектил полско-украинската граница ,а според првичните информации загинале две лица. Полските портали пишуваат дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата се уште не е позната. Радио Лублин соопшти дека две лица загинале. Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер, исто така, ги повика медиумите и јавноста „да не објавуваат непотврдени информации“. АП објави, цитирајќи висок претставник на американското разузнавање, дека руски проектили паднале во Полска, при што загинале две лица. Мулер не ги коментираше извештаите, само го нарече инцидентот „кризна ситуација“. Некои полски медиуми…

Read More

Претседателот на универзитетското собрание на УКИМ, Славчо Темелковски кажа дека за време на вчерашниот разговор во Собранието било потенцирано дека во однос на носењето на одлуки на државно ниво, младите треба да бидат дел од овој процес. Тој кажа дека е оптимист за усвојување на решение за студентскиот оброк кое ќе биде системско и долгорочно. „Ние предлагаме легитимни решенија кои можат да се адаптираат и применат. Секогаш е подобро да се донесе едно решение кое ќе биде системско и долгорочно. Притоа нема да има потреба од постојани законски измени, кои можат да бидат кочени. Кога вчера се согласија предлагачите на…

Read More

Пишува: Ерол Ризаов Не е убаво да се каже, но војната во Украина е најголема шанса на пробудена Европа за интеграција на Западен Балкан. Губење време за предвремени избори е ризик за долгогодишен статус кво на Македонија. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сите свои јавни настапи и говори ги почнува и завршува со неопходноста од предвремени парламентарни избори. Тоа е неговиот пресинг од првиот ден на горчливиот опозициски леб. Со години неговата спасоносна понуда, брзи избори, е единствениот излез од сите кризи, економски, политички, здравствени, енергетски, морални и криминални со кои се соочува Македонија. Тоа е решение и за односите…

Read More

Неуспешен обид на опозициската партија Левица да ги киднапира студентските барања и да добие ситни политички поени. И покрај протестите на педесетина студенти (читај членови на Левица), односно на  Црвена младина, сепак студентите и властите синоќа се договорија студентскиот оброк да се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март 2023 година, низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење. Законот за субвенциониран студентски оброк беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата на 05 февруари 2020 година,…

Read More

Цените во септември во Еврозоната пораснале за 9,9 проценти споредено со месец октомври лани, инфлацијата во целата ЕУ пак изнесува 10,9 проценти и достигна највисоко ниво од воведувањето на еврото како заедничка валута во 1999 година. Енергенсите во септември биле поскапи за 40,7 проценти во однос на истиот месец лани, додека животните продукти се продавале за 12,7 проценти поскапо. Во целата Европска унија покачувањето на цените достигна рекордна вредност од 10,9 проценти. Додека пак во Унгарија, Латвија, Литванија, Моладавија итн, таа се искачи на повеќе од 20 насто. Најниско ниво на инфлација Евростат регистрирал во Франција (6,2 %), во Малта…

Read More