Author: Ана Василевска

Руската амбасада во Северна Македонија на 6.11.2022 објави твит со мурал на кој пишува „Косовска Митровица. Косово е Србија – Крим е Русија“. Во твитот пишува: „Напомена, + Русија = Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“. Твитот потоа се прошири на социјалните мрежи, а го објавија и повеќе портали. Но, овој твит на руската амбасада не содржи факти, туку пропагандни дезинформации. Прво, за Северна Македонија, држава во која е објавен твитот, Косово не е Србија, туку независна држава признаена пред 14 години. Косово е признаено и од повеќе од 100 членки на ОН. Второ, за Северна Македонија Крим е дел од Украина, а…

Read More

Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир преку социјалните мрежи се заблагодари за македонската поддршка на Украина со гласањето „ЗА“ на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН „За обезбедување на механизми за правна заштита и репарации во врска со агресијата против Украина“. Искрено им благодариме на нашите 🇲🇰 пријатели за постојаната поддршка на 🇺🇦, а посебно за решителното “ЗА” на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН “За обезбедување на механизми за правна заштита и репарации во врска со агресијата против 🇺🇦” https://t.co/tK2JO5wHSN — Larysa Dir (@dir_larysa) November 15, 2022

Read More

Секој пред себе мора да го има прво интересот на граѓаните, интересот на идните генерации, а потоа личниот политички интерес. Ако некој решил да се изолира и ако притоа решил да ја изолира и својата политичка партија тој не може и нема право да ја изолира цела држава“ изјави на премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со европратеничката Перез. Тој додаде дека најголема опасност за нашиот пат кон ЕУ се Левица и Апасиев, кои во заложништво го држат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Она што ние го имаме пред нас се одлуки за продолжување на патот кон полноправно членство во…

Read More

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графички дела на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути. Младите автори од Тетово, воспитаници на тетовскиот Факултет за уметности, прв пат се претставуваат пред софиската публика и во КИЦ на РСМ. Според Јелдз Асани, историчар на уметноста, преку експлозивната моќ на интерпретацијата на теми од фолклорот, етнолошките елементи, тројцата млади автори ги прават првите чекори на професионалниот пат каде што започнуваат делата за докажување на стремежите и наменетите уметнички пораки. „Берат Беќири, Астрит Реџепи…

Read More

Групата Г20 водечки светски економии е „длабоко загрижена“ поради глобалната криза со храна, се вели во нацрт-заедничката завршна декларација од самитот во Индонезија. Глобалната безбедност на храната е „влошена од актуелните конфликти и тензии“, пишуваат лидерите од Г20, повикувајќи на употреба на „сите достапни алатки“ за борба против кризата и „заштита на најранливите од глад“. Руската инвазија врз Украина, која почна на крајот на февруари, имаше сериозно влијание врз глобалните пазари на храна. Двете земји се сметаат за два од најважните извозници на жито во светот. Земјите-членки на Г20, вклучително и Русија, ветија дека „ќе преземат акција за промовирање на безбедноста на храната и…

Read More

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Левица и ВМРО-ДПМНЕ се двата спротивни пола на една иста магнетна сила којашто е против европскиот пат на земјата и против членството на Северна Македонија во НАТО како најмоќен безбедносен сојуз којшто ја заштити земјата од влијанијата од исток. Овие влијанија имаа(т) за цел земјата на геостратешкиот крстопат меѓу Европа и Азија да ја претворат во зона на постојана криза за да го раслабнат нејзиниот демократски капацитет и да предизвикаат сомнеж во нејзините стратешки определби. Вака спакувани овие закани се во суштината на пораката од говорот во Гевгелија каде што Димитар Ковачевски настапи како претседател на СДСМ на граѓанската трибина…

Read More

Несериозноста и непрофесионалноста во водењето на Град Скопје на градоначалничката Данела Арсовска излезе на виделина за Денот на ослободувањето на Скопје и доделувањето на традиционалните награди „13 Ноември“. За разлика од сите претходни години кога наградите се доделуваа транспарентно и добитниците беа соопштени навремено, оваа година тоа беше зад очите на јавноста и без никакви најави. Откако минатата година воопшто не се појави на доделувањето на наградите „13 Ноември“, оваа година администрацијата на Град Скопје не ги објави имињата и не извести за церемонијата на доделување на наградите се до вечерта на 13 ноември. Церемонијата за доделувањето на наградата беше…

Read More

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Македонија како држава која во својата конституција се дефинира како демократска со аспирации за биде дел од големото евроатлатско семејство  кое живее согласно некои традиционални западни вредности, тешко дека ќе може да се реализира себе си како таква, доколку на идеолошкиот мејнстрим пејзаж делуваат политички субјекти кои застапуваат анахрони идеолошки матрици.

Read More

Филмот „Зад стоговите сено“ во режија на Асимина Проедроу, снимен во копродукција меѓу Северна Македонија, Грција и Германија доби специјална награда ( Special mention) и наградата Здружението на филмски критичари „Фипресци“ ( The International Federation of Film Critics) на 63. Солун филм фест што се одржа од 3 до 13 ноември. Посебното признание на филмот, како што се вели во образложението на жирито,  му се доделува бидејќи е многу влијателен и се занимава со актуелна и важна тема. Македонскиот продуцент на овој комплексен филмски проект е  „Сектор Филм“ односно продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Главен продуцент на филмот е…

Read More

Младински културен центар е добитник на наградата “13 Ноември” на Град Скопје за особени достигнувања во културата, во линија и на својот овогодишен, 50. јубилеј од постоењето. Со тоа, ЈУ Младински културен центар како институција која со својата посветена работа, ентузијазам, напредно програмско делување и неуморност успева да биде препознаена како клучна институција во развојот на културата во својот град. “Наградата “13 Ноември” силно ја валидира нашата работа и секако нашата меѓународна позиција како важен чинител во домашната и европска сцена. МКЦ со нескриена гордост ја прими ова награда, најважна за нас, бидејќи го сакаме градот и се што правиме…

Read More

Полицијата и специјалните сили вооружени патролираат низ целиот град, по денешната експлозија на популарната авенија Истиклал во центарот на Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а најмалку 81 беа повредени. Улицата во моментот на експлозијата била полна со туристи и локални жители. Затворен е и дел од јавниот превоз. Коментирајќи ја денешната експлозија, турскиот претседател  Реџеп Тајип Ердоган изјави дека првите информации укажуваат на терористички напад. Иако веднаш по експлозијата почнаа да се шират гласини дека бомбаш-самоубиец е одговорен за експлозијата, според последните неофицијални информации експлодирала чанта оставена на авенијата Истиклал. На социјалните мрежи кружи и фотографија на која…

Read More

Под слоганот „Албанија во опасност, заедно да излеземе од неа“, албанските опозициски партии, Демократската предводена од Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, синоќа одржаа протест пред владата во Тирана. Двајцата му порачаа на премиерот Еди Рама дека „набрзо ќе се најде пред лицето на правдата и дека го очекува затвор”, јави дописничката на МИА од Тирана. „Во албанската химна не постои зборот откажување туку предавник. Денеска предавникот го следи овој победнички митинг од луксузен чартер, но, набрзо ќе го стигне правдата, многу набрзо ќе биде пред лицето на правдата за она што го прави. Ова е посебен…

Read More