Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем антивладин протест во Тирана, Бериша и Мета му порачаа на Рама дека набрзо ќе заврши во затвор

0
By Ана Василевска on November 13, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 13, 2022 10:28
Под слоганот „Албанија во опасност, заедно да излеземе од неа“, албанските опозициски партии, Демократската предводена од Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, синоќа одржаа протест пред владата во Тирана.
Двајцата му порачаа на премиерот Еди Рама дека „набрзо ќе се најде пред лицето на правдата и дека го очекува затвор”, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Во албанската химна не постои зборот откажување туку предавник. Денеска предавникот го следи овој победнички митинг од луксузен чартер, но, набрзо ќе го стигне правдата, многу набрзо ќе биде пред лицето на правдата за она што го прави. Ова е посебен ден. Рама има стотина авионски патувања со чартер, ги краде Албанците секоја секунда, затоа нема потреба да биде во Албанија. Под итно треба да замине. Ова е демократска пролет која не може да се спречи. Вие имате право да ја урнете владата“, порача меѓу другото Мета.
Пред илјадниците протестанти од сите делови на земјата се обратија претставници на партиите, граѓански активисти, културни работници, пратеници, во чии говори заеднички именител беше дека  „владата на Рама мора да падне за да се спаси Албанија и албанскиот народ”.
Последен  се обрати Бериша кој учеството на протестот го опиша како „цунами на слободата на Албанците”.
„По Енвер Хоџа, Еди Рама е најжестокиот непријател на нашите слободи. Тој кој ги ја украде надежта и божествената светлина кон иднината.Овој непријател не признава ниту закон, ниту Уставот,  ниту морал и ја искористи машинеријата на нарко државата за да им го одземе гласот, достоинството, надежта, вербата на Албанците“, обвини тој.
Додаде  дека Рама со кражбата на гласовите го вратил монизмот.
„Еди Рама, ќе го архивираме твојот монизам во куќата на срамот на историјата, ќе го архивираме твојот монизам заедно со тебе, твоето место е во затвор со посебен режим и ќе те однесеме таму“, порача Бериша.
Тој со повик до меѓународните претставници да не го поддржуваат „режимот на Рама” и предупреди дека без „слободно даден глас нема стабилна Албанија”.
За безбедноста беа ангажирани повеќе од илјада полициски службеници од сите сектори, како и припадници на Националната гарда. Влезната врата на владиниот објект беше заштитена со метални профили, а на многу места долж булеварот „Национални херои” беа поставени камери со висока резолуција. Зголемено беше обезбедувањето и пред Парламентот и други државни институции.
Освен неколкуте моменти што се случија на крајот на тричасовниот протест, кога дел од учесниците  го пробија полицискиот кордон и се качија на степениците пред влезната врата на владиниот објект, палеа свеќи и  фрлија  боја на објектот и приведувањето едно лице, на протестот немаше инциденти.
Ова беше втор протест организиран од Демократската партија по оној на 7 јули, но беше многу помасовен.
Извор: МИА
протести Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.