Author: Ана Василевска

Она што не смееше да му се случува на Никола Груевски, станува секојдневие за Хрустијан Мицкоски – се повеќе членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ стануваат незадоволни од лидерот на партијата, неговите политики и неконзистентни ставови во врска со клучните државни прашања. Ова како да го откри во јавноста потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски, во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа. Како што кажа тој, на средбите кои Мицкоски ги има во локалните комитети на партијата тој бил постојано напаѓан и критикуван. Николоски се обиде ваквото незадоволство да го прикаже дека се случувало од, како што кажа, „лажни вмровци“, кои…

Read More

Премиерката на Данска Мете Фредериксен најави дека ќе поднесе оставка на нејзината влада и покрај тоа што нејзините социјалдемократи треба да останат најсилната сила во Данска по парламентарните избори, јави ДПА. Фредериксен утрово им рече на партиските поддржувачи во Копенхаген дека ќе поднесе оставка како премиерка и ќе ја разгледа „можноста за широка влада низ политичкиот спектар“. И покрај тоа што оваа форма на владеење е ретка во Данска, Фредериксен рече дека тоа е вистинскиот пристап со оглед на моменталните кризи. Иако нејзините социјалдемократи повторно беа најсилната сила на изборите, освојувајќи 27,5 отсто од гласовите што е најдобар резултат во…

Read More

Деновиве сите ги очекуваат антикризните мерки, ранливите категории и пензионерите ветената помош, компаниите поевтина струја. Премиерот Димитар Ковачевски уште кога ги соопшти побара соработка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо поддршка тие започнуваа нова дебата дека овие мерки се недоволни. И покрај предупредувањата на Светската банка дека нашиот Буџет е лимитиран и дека треба секој денар да се испланира, ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни мерки, ама не кажува од каде земјава да најде пари за истите. Владата уште пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен  пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра, но ако се присетиме како во минатото функционираше…

Read More

Ана Василевска Тематското навраќање на новиот филм на Теона Стругар-Митевска „Најсреќниот човек на светот“ кон војната на поранешните југословенските простори, тема што ја видовме во десетици филмови во регионалната па и во светската продукција, е со еден свеж,  поинаков агол. И во поставеноста на филмските елементи и во приодот кон темата. Целото дејствие се одигрува во еден и единствен затворен простор, но дијалозите и силната актерска игра ни визуелизираат многу повеќе. Поставеноста  на дејствето во  театарски манир ( „Догвил“, Ларс Фон Триер, „Климакс“, Гаспар Ное), минимализам во колоритот во кој доминираат нијанси на пастелно розова (униформите кои во интерес на…

Read More

Детската фудбалска лига оваа недела ќе биде во знакот на подигнување на свеста кај младите за општество ослободено од омраза и дискриминација, вклучувајќи ги и фудбалските терени. Како дел од заедничката кампања на Европската унија и Советот на Европа насловена „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, фокусирана на борбата против говорот на омраза, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, денеска млади, родители и навивачи на фудбалските терени на ФФМ во Скопје ќе навиваат за својот омилен тим, но ќе имаат можност и да се информираат за различните начини на борба против говорот на омраза во спортот и секојдневниот живот. Целта…

Read More

Неосновани се руските обвинувања кон Велика Британија за тоа дека учествувала во нападите врз гасоводите „Северен тек 1 и 2“ и бродовите на руската морнарица на Крим, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи. Обвинувањата се дел од стратегијата на Москва „да го оттргне вниманието од нејзината единствена одговорност во агресивната војна што ја води против Украина“, се наведува во соопштението на заменик портпаролот на Министерството. Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека миноловец на руската Црноморска флота е оштетен во Севастопол, на полуостровот Крим, за време на напади со беспилотни летала. Според министерството, нападите биле извршени од Украина под…

Read More

Со усвојувањето нов закон, по речиси 30 години од првичниот, Кина денеска на жените им овозможи поголема заштита од родова дискриминација и сексуално вознемирување, пренесуваат британските медиуми. Законот доаѓа во време кога активистите изразуваат се поголема загриженост поради зголемената реторика на владата за вредностите на традиционалните женски улоги и тоа што некои го гледаат како назадување на правата на жените и порестриктивни ставови кон абортусот, додаваат британските медиуми. Сè уште не се знае до кој степен ќе бидат застапени ваквите поконзервативни владини ставови во новиот закон, бидејќи деталите од овој правен акт се уште не се објавени. Ова е првпат…

Read More

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ најави дека е можно од утре да не сообраќаат на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 поради неисплатен долг од страна на ЈСП и Грда Скопје. Сопственикот на компанијата Милорад Димитријевски бара итна средба со раководството на ЈСП и градската власт. “Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот превоз. Имено, моменталниот долг на ЈСП кон претпријатието Макекспрес превоз до овој момент изнесува повеќе од 30 милиони денари и овој долг секојдневно расте, линиите 19, 20,22, 52 и 54 од утре најверојатно нема да бидат…

Read More

СДСМ денеска информираше за нов скандал поврзан со бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ и ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, на денешната прес-конференција, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат ученици во интерес на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. „Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов“, вели Каевски, посочувајќи ја Жанета Сирвини,  поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци. „Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден, кој е на половина од неговиот мандат, предвремено гласаше на среднорочните избори за Конгрес, закажани за 8 ноември. Со Бајден беше и неговата 18-годишна внука Натали, која гласаше за првпат, јавија дел од британските медиуми. Според анкетите, демократите би можеле да ја изгубат контролата над двата дома на Конгресот. Незадоволството на гласачите поради високата инфлација, го нарушува замавот, на што се надеваа демократите, во острата битка со републиканците околу правата на абортус. Американскиот претседател беше дециден дека овие избори не се референдум, туку се избира меѓу две многу различни гледишта. Тој вети дека ќе ја…

Read More

Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени, во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше…

Read More

Британската опозициска Лабуристичка партија ќе се обиде да ја принуди владата да објави проценка за нарушување на безбедноста од страна на  Суела Брејвермен, додека се редат негативните ракции за нејзиното повторно назначување за министер за внатрешни работи, само шест дена откако самата поднесе оставка од истата функција, јави  денеска ДПА. Премиерот Риши Сунак досега се спротивставуваше на повиците да отвори  истрага за тоа дали Брејверман ги прекршила владините правила за користење на електронската пошта со тоа што,  без дозвола, споделила чувствителен документ со конзервативен пратеник од нејзината лична електронска пошта. Лабуристите и либералдемократите изразија загриженост за „националната безбедност“ и го…

Read More