Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приватниот превозник „Макескпрес“ од утре можно е да не вози, причината се долгови ЈСП и Град Скопје

0
By Ана Василевска on October 30, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
Од ЈСП велат дека дваесетина луѓе го држат во заложништво целиот град
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 30, 2022 17:22

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ најави дека е можно од утре да не сообраќаат на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 поради неисплатен долг од страна на ЈСП и Грда Скопје.

Сопственикот на компанијата Милорад Димитријевски бара итна средба со раководството на ЈСП и градската власт.

“Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот превоз. Имено, моменталниот долг на ЈСП кон претпријатието Макекспрес превоз до овој момент изнесува повеќе од 30 милиони денари и овој долг секојдневно расте, линиите 19, 20,22, 52 и 54 од утре најверојатно нема да бидат функција“, изјави денеска Димитријевски.

Бара исплата на долгот за август, септември и октомври и да се почне со редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз, пренесува МИА.

Во спротивно, вели  Димитријевски, нема да бидат во можност да го извршуваат превозот и напомена дека за да можат нормално да работат, парите им се итно потребни за набавка на гориво, резервни делови за тековно одржување на автобусите, како и за исплата на плати и придонеси за возачите.

– Станува збор за секојдневен трошок од стотици евра што на име на гориво го имаат превозниците, а при тоа не ги добиваат парите за извршената работа. Во изминатиот период се соочивме со непријатна ситуација, дел од возилата од линиите 19 и 20 да се исклучат од сообраќај, рече Димитријевски.

Додаде дека поради доцнењето на исплатите во последниот период, реализацијата на превозот паднала под 80 проценти и истакна дека поради тоа градската власт сега ја разгледува опцијата за раскинување на договорот со ова претпријатие.

„Како што градската власт на прес конференции побара должниците да си ги платат долговите кон ЈСП, така и ние сега бараме од градската власт да ги подмири своите долгови кон приватните превозници“, нагласи тој.

„Макекспрес“ врши превоз на патници на линиите 19, 20, 22, 52 и 54. Имаат регистрирано 53 фирми и вкупно 77 возила.

Автобуски превоз ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.