СДСМ денеска информираше за нов скандал поврзан со бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ и ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопшти Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, на денешната прес-конференција, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат ученици во интерес на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.
„Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов“, вели Каевски, посочувајќи ја Жанета Сирвини,  поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци.
„Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските деца, ученици и студенти. Лицемерот и спинеротот Мицкоски, да излезе веднаш и да побара отчет од неговиот градоначалник Коњановски и одговорност, од него и од директорката поставена од ВМРО-ДПМНЕ“; повика Каевски.
Според, Каевски, ВМРО-ДПМНЕ додека не се откаже од континуитетот на Ванчо Михајлов бадијала лажно се претставува. Тој посочи дека злоупотребаата на малолетни лица во политички цели, го покажува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ како антидржавна и антинародна партија