Author: Ана Василевска

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес одржа средба со амбасадорката на Кралството Шведска Ами Ларсон Јаин. На средбата, Маричиќ и Ларсон Јаин зборуваа за продолжување на соработката со дефинирани стратешки чекори во реализација на проектите, поддршката со цел исполнување на сите потребни услови за понатамошно непречено продолжување на преговарачките процеси. Јасната определба на Шведска и Северна Македонија кои делат заеднички вредности и цели за забрзување и помагање на државата за влез во ЕУ се приоритет и цел на која се работи фокусирано и непречено. Благодарен сум на плодната соработка која ја имаме со шведската амбасадорка Ларсон…

Read More

Водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека пратениците секој ден се сé поблиску до одобрување продолжување на финансирањето на Украина, пренесува Гласот на Америка. Во моментов, преговарачите во Сенатот од двете страни жестоко работат на одобрување на уште една рунда помош за Украина со финализирање на нашиот дополнителен пакет за национална безбедност. Секој ден се приближуваме малку поблиску, но сè уште има прашања што треба да се решат. Но, едно е сигурно: ние ќе продолжиме да го правиме ова“, рече сенаторот Шумер. Во своето обраќање пред Сенатот, сенаторот потсети дека последниот пакет одбранбена помош за Украина во вредност од…

Read More

Обединетите нации не се во позиција да ги потврдат извештаите за соборувањето на рускиот авион во регионот Белгород, во близина на границата со Украина, во кој наводно се превезувале заробени украински војници, соопшти потсекретарката на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло. Воедно таа ги повика завојуваните страни да избегнуваат поттикнување „на и онака опасниот конфликт“. На седницата на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа, Ди Карло изјави дека Русија и Украина водат одвоени истраги за инцидентот, а Киев повикал на меѓународна истрага, објавено е на веб-страницата на ОН. Според неа, ОН не се во можност да ги проверат…

Read More

Нацоиналниот оператор за воздухопловна навигација М-НАВ и официјално доби ново раководство по инцидентот на 4 јануари годинава со упад во објектот и напад на вработени. Нов претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ, а Хекуран Асани нов член на управен одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна навигација. Нивните имиња се веќе впишани и на веб страницата на М-НАВ, од каде потврдуваат дека вчера се заокружени сите процедури. По инцидентот, постапувајќи по насоки на Владата Надзорниот одбор на М-НАВ ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди  и секторскиот извршен директор.…

Read More

Руската пропаганда во македонските медиуми сé повеќе добива на интензитет, но сега во едно поинакво светло. Веќе не се величаат „херојските“ успеси на руската армија (кои очигледно се дефицитарни), туку пропагандните руски наративи одат во друга насока, фокусирани на надворешните работи, критикувајќи ги западните земји, пред се САД, во говорите на високите руски владини претставници, и преку инсинуации, наведувачки и манипулативни содржини настојуваат да ја дискредитираат Украина, нејзините вооружени сили и раководсвото, со цел да се намали поддршката од западните сојузници, со што Украина би била ставена пред свршен чин да мора да прифати мировни преговори, но секако, под руски…

Read More

Новиот протест на опозициската коалиција „Србија против насилството“ поради, како што тврди, кражбата на гласови на декемвриските избори во Србија, ќе започне вечерва во 18 часот пред Уставниот суд во центарот на Белград. „Барањето до Уставниот суд да одлучува за изборниот спор со кој се бара поништување на републичките избори, нашиот адвокатски тим ќе го поднесе претходно истиот ден и ги повикуваме судиите на Уставниот суд да работат во интерес на државата и народот, а не во интерес на режимот на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ“, се наведува во соопштението. Таа коалиција, која бара повторување на републичките и белградските избори…

Read More

Црногорскиот дипломат Предраг Митровиќ е повлечен од функцијата вршител на должност во Србија по посебните безбедносни проверки наредени од премиерот Милојко Спајиќ за одреден број дипломати, објави денеска подгоричкиот весник „Побједа“. Според весникот, Министерството за надворешни работи на Црна Гора во декември го повикало Митровиќ на консултации во Подгорица, а тој никогаш не се вратил во Белград бидејќи по посебни безбедносни проверки бил сменет од таа функција. Освен Митровиќ, Владата на Црна Гора донесе одлука за повлекување од дипломатските позиции и на Владимир Радуловиќ, вршител на должност во Италија, како и на Гојко Челебиќ, вршител на работите во Аргентина. Дипломатски…

Read More

ЕУ треба да ја надмине „поларизацијата“ во својот земјоделско-прехранбен сектор преку дијалог, побара денеска шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додека земјоделците во неколку земји протестираат поради зголемените трошоци, а блокот се подготвува за изборите за Европскиот парламент во јуни. – Сите го имаме истото чувство на итност дека работите мора да се подобрат“, рече Фон дер Лајен на отворањет на стратешкиот дијалог за тоа како да се балансираат поплаките на земјоделците со зелената транзиција во Европа, пренесува Гардијан. – Мислам дека сите чувствуваме дека има зголемена поделба и поларизација кога станува збор за теми релевантни и поврзани…

Read More

Како што прв објави „Фронтлајн“ на 11 декември 2023 година – во техничката Влада, СДСМ ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер. Високи партиски извори од СДСМ за „Фронтлајн“потврдуваат дека оваа функција ќе им припадне и дека ќе ја води актуелниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ. За оваа функција од СДСМ кандидат беше и актуелниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, но социјалдемократите одлучија да биде Бојан Маричиќ, наведува изворот. Кандидатот за технички премиер, актуелниот претседател на Собранието – Талат Џафери, на последниот брифинг со новинари како прв парламентарец, рече дека: „Нема причина да се оптоварува прашањето за евентуални промени во составот на техничката…

Read More

Алексов пак кој е дипломиран детектив, беше поставен на функцијата во јануари минатата година откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Рекации следуваа од Програмскиот совет на МКЦ кои рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири. По синоќешниот прв работен ден на новиот директор на МКЦ музичарот Бени Шаќири во директорската канцеларија…

Read More

ТИМОТИ ГАРТОН ЕШ Еволуција или револуција?“ Прашањето што се поставува денес во Полска ја опфаќа дилемата за обидот да се врати либералната демократија по осум години популистичко заробување на државата. Мора ли, на пример, да се прекрши словото на одреден закон за да се врати владеењето на правото како севкупен услов? Полското искуство ќе ни каже нешто важно за иднината на демократијата во земјите-членки на ЕУ. Тоа, исто така, претставува предизвик со кој САД би можеле да се соочат на крајот на второто претседателствување на Доналд Трамп. Последните неколку недели во полската политика беа драматични, лути и понекогаш бизарни. Двајца…

Read More

Градоначалничката на Скопје, чедо на ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат направи урбанистички и политички хаос, извлекувајќи се деновиве во обид да изигрува жртва на своите креатори и да се преобликува во нова партиска опција. Арсовска за која транспарентноста беше непознаница и мува не ја лазеше од јавна критика, сега, не се симнува од медиумите промовирајќи ја својата нова партија Нова алтернатива, убедувајќи ја јавноста дека е „најомразената личност“ бидејќи го сака најдоброто за градот и граѓаните. Наместо бесплатен јавен превоз, главен адут на Арсовска во предизборната кампања, денеска граѓаните останаа и без автобуси од ЈСП. Сообраќаен хаос со штрајкот на ЈСП,…

Read More