Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како не возат Данела и 40 шпицни разбојници

0
By Ана Василевска on January 22, 2024 КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА, СТАВ, ФЛЕШ ТРИ
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2024 13:27

Градоначалничката на Скопје, чедо на ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат направи урбанистички и политички хаос, извлекувајќи се деновиве во обид да изигрува жртва на своите креатори и да се преобликува во нова партиска опција. Арсовска за која транспарентноста беше непознаница и мува не ја лазеше од јавна критика, сега, не се симнува од медиумите промовирајќи ја својата нова партија Нова алтернатива, убедувајќи ја јавноста дека е „најомразената личност“ бидејќи го сака најдоброто за градот и граѓаните.

Наместо бесплатен јавен превоз, главен адут на Арсовска во предизборната кампања, денеска граѓаните останаа и без автобуси од ЈСП.

Сообраќаен хаос со штрајкот на ЈСП, според Арсовска е дело на советниците на Град Скопје кои не сакаат да го изгласаат буџетот потребен и за платите на возачите, а сакаат да создадат криза, која пак тие подоцна би ја решиле.

Слична и полоша криза Арсовска создаде кога во договор со шефот на приватните градски автобуски превозници Ленин, го блокираа сообраќајот во Скопје. Граѓаните не добија ни извинување за тој циркуз што подоцна демек Арсовска го реши. Заради инаетот и неспособноста на Арсовска, решение немаше ниту за Универзална сала, па Министерството за култура во последен миг го спасуваше проектот.

И точно кога со Скопје завладеаа комунален и урбанистички хорор предизвикан од самоволието и единствено политички мотивираната градоначалничка, таа сега веќе накитена со нов партиски амблем, гордо ни ја откри дивата депонија во Ѓорче Петров.

Но овие смешни гладијаторски игри на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат цел да го потхрануваат гневот на граѓаните и да го вртат на едната или на другата страна повеќе не се ни смешни. Граѓаните сакаат оперативни резултати: план за справување со загадувањето, подобар автобуски превоз, битка со урбаната мафија, професионални кадри.

Згора на се, пред една година револтот за партизирање и на срцето на културната институција и именување на директор на МКЦ, детектив по професија, беше прескокнат и повторно победи волјата на градоначалничката денеска да го именува нејзиниот фаворит Бени Шаќири.

Не е потребно да си детектив за да се осуети предвидливоста на постапките на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ – кучињата лаат, караванот си врви. Граѓаните се заложници на партиски местенки, толку добро познати за опозицијата која како што знаеме е подготвена и војна да направи за да ја освои власта.

Додека Арсовска сега спие на картата да биде нов тројански коњ за нови коалициони здружувања, иживувањата врз граѓаните не престануваат.

Градот не е пештера која ќе биде засолниште на разбојници што ја знаат тајната лозинка за пљачкосување на градската каса, но доколку не биде сопрено ова самоволие на Арсовска, нејзините пајташи и сега веќе наводно нејзините политичките противници од кај Христијан Мицкоски, полека но сигурно метрополата ќе стане каллив бришан простор.

Сликата на Скопје креирана од немилосрдната жед за превласт по штета на граѓаните лесно може да се прелее во слика на државата.

Кочничарите на сообраќајот се подготвени да ја закочат и државата за да претворат во нивна „ветена земја“, бескрајно поле за партиска доминација далеку од Европа.

 

Град Скопје Данела Арсовска ЈСП МКЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.