Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Американскиот претседател Џо Бајден повторно го предложи Дејвид Џ. Костеланчик за амбасадор на СAД во Албанија, ако деновиве неговото наименување го одби Сенатот. Овој повторен предлог доаѓа откако на 4 јануари Сенатот не го одобри наименувањето на Костеланџик за амбасадор на САД во Албанија, поради пречекорување на роковите. Него на функцијата амбасадор на САД во Албанија, Бајден го предложи во јануари минатата година а два месеца подоцна тој ги претстави своите приоритети пред Комисијата за надворешни односи на Сенатот. Во април, Комитетот гласаше за негово потврдување, но целосното гласање во Сенатот не се одржа. Костеланчик има 30-годишна кариера. Во Албанија…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување во утринската програма на Македонската радиотелевизија, „Македонија наутро“, уште еднаш апелираше Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што поскоро да се најде на дневен ред на Собранието и истиот да биде изгласан од пратениците од сите пратенички групи. Одговарајќи на новинарско прашање таа ја појасни важноста од донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик како законска рамка за уредување, развој и правилна употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, нешто што сме обврзани да го направиме. „Со усвојувањето на Законот ќе се воспостават механизми за негова правилна употреба, потоа во…
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, повеќе од 3.000 Украинци, вклучително и хронично болни и повредени, се примени на лекување во ЕУ, соопшти Европската комисија. Украинските пациенти се дистрибуирани преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Тоа е досега најголемата медицинска евакуација договорена од ЕК, се наведува во соопштението. Лекување понудија болници во 22 земји на ЕУ – Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.
Европска народна партија (ЕПП) и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и натаму ќе бидат двете најбројни политички групи во Европскиот парламент, но по три и пол децении либералите ќе ја загубат „титулата“ трета партија по бројност, бидејќи ќе бидат потиснати од екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД), покажуваат најновите резултатите од истражувањето на аналитичкиот центар на „Еурактив“ во пресрет на јунските евроизборите. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската народна партија (ЕПП), која ги обединува демохристијанските, либерално-конзервативните и конзервативните партии од десниот центар, според оваа анкета, би освоила 23,5 отсто од гласовите и 178 места…
Светскиот економски форум одржува состанок секоја година откако е основан во 1971 година. Но, зошто Давос, како што е општо познато, е толку значаен? Вообичаено, можете да очекувате присутни светски лидери – обично актуелниот американски претседател, раководството на ЕУ и ОН и така натаму – но и деловни лидери и претприемачи, истакнати мислители и академици, раководители на невладини организации и добротворниот сектор, иноватори, медиумите, граѓанското општество, активистите од сите вери – дури и повремените славни личности. Во кое било друго време од годината, Давос е незабележителен освен тоа што е популарен ски-центар високо на швајцарските Алпи. Но, за една недела…
Граѓаните често знаат да бидат изманипулирани на социјалните мрежи, било од компаниите било од политичарите. Преку вешти техники што се користат насекаде во светот, маркетиншките трикови во земјава се во полн ек, а овој тренд се чини дека нема да запре во блиска иднина. Во интервју за „Слободен печат“, комуникологот Бојан Кордалов објасни како граѓаните можат да се заштитат од ваквите измами на социјалните мрежи и какви тактики користат политичарите и компаниите за да ги примамат корисниците. Една од најголемите тактики во маркетингот отсекогаш биле инфлуенсерите. Иако со текот на годините се менувал концептот на користење инфлуенсери, во минатото сме…
Новата мерка што ја протурка Мицотакис не им дозволува на истополовите парови во иднина да стекнуваат деца преку сурогат мајчинство. Целосните родителски права ќе им бидат доделени на истополовите парови кои веќе имаат деца. Планот за легализирање на истополовите граѓански бракови и усвојување, поттикнати од централно-десничарската грчка влада, треба да биде одобрен од Парламентот благодарение на поддршката на левичарската опозиција, и покрај реакциите од Православната црква. Плановите на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да ги легализира истополовите бракови во земјата и да дозволи посвојување на ЛГБТК+ парови, синоќа добија клучна поддршка од левичарската опозиција. Стефанос Каселакис, отворено геј поранешен банкар што…
Иако е тешко да се процени популацијата, локалитетот бил дом на најмалку 10.000 жители – а можеби дури 15.000 или 30.000 на својот врв, рече археологот Антоан Дорисон, коавтор на студијата во истиот француски институт. Тоа е споредливо со проценетото население на Лондон од римската ера, тогаш најголемиот град во Британија. Археолозите открија кластер од изгубени градови во прашумите на Амазон, каде што живееле најмалку 10.000 земјоделци пред околу 2.000 години. Серија земјени могили и затрупани патишта во Еквадор првпат беа забележани пред повеќе од две децении од археологот Стивен Ростен. Но, во тоа време, „не бев сигурен како сето…
Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Демократијата не смее да биде оттурната далеку на брегот како превртен чамец пред разулавеното цунами на екстремната десничарска сила. Фашистичкиот поздрав на стотици поддржувачи на Мусолини на 7 јануари во центарот на Рим е само еден од многуте аларми што се провлекуваат децении по завршувањето на пеколот од втората светска војна. Духовите на екстремно ориентираните националисти не мируваат а денес како никогаш досега имаат „плодно“ тло лесно да го разгорат огнот на фашизмот. Оваа страотна проекција на можноста да се потклекне на примитивните реторики кои се сведуваат на заеднички именител на „непријателот“ што е наводна закана за…
Еден до два милиони евра од парите што ги врти бизнисот сo игри на среќа, да се наменат за зачувување на нашето домашно, македонско културно наследство. Вака гласи предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри поднесен до Собранието, кој според „Движењето за Антикоцкање“ е „обелување“ на образот на политичарите и сите што се дел од игрите на среќа. За приредувачите на игри на среќа, предлогот е прифатлив. Доколку се прифати предлогот, еден до два милиони евра годишно се наменуваат за заштита на културното наследство. Пред пратениците кон крајот на 2023 година се…
Поранешниот министер за внатрешни работи на Полска, Мариуш Камињски, денеска започна штрајк со глад, откако вчера беше уапсен и спроведен во затвор. Тој беше уапсен во претседателската палата во Варшава, заедно со неговиот заменик Мациеј Васик. Полскиот премиер Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда за попречување на правдата, откако Камињски и неговиот заменик Мациеј Васик беа видени во претседателската палата. Неколку недели откако партијата Право и Правда дојде на власт во 2015 година, Дуда го помилува Мариуш Камињски, кој беше осуден за злоупотреба на политичко влијание, дозволувајќи му да стане министер за внатрешни работи. Во постапката пред апелациониот…
Европската иднина е клучна за граѓаните, а СДСМ продолжува во остварување на процесот на евроинтеграциите, каде што навистина припаѓаме. Целта е да успееме ние самите македонскиот пасош да биде европски пасош, и ова е една од обврските и битките која е пред нас и во 2024 година, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ во Утринска на Канал 5 Телевизија. -Борбата е да имаме еднакви можности, а не да земаме други пасоши. Не е тоа ништо недостижно, ниту нешто што ние не можеме да го направиме. Напротив, јас сум често во Брисел и во држави членки…