Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Македонскиот пасош да биде европски, битка и обврска за 2024 година

0
By Ана Василевска on January 10, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 10, 2024 12:20

Европската иднина е клучна за граѓаните, а СДСМ продолжува во остварување на процесот на евроинтеграциите, каде што навистина припаѓаме. Целта е да успееме ние самите македонскиот пасош да биде европски пасош, и ова е една од обврските и битките која е пред нас и во 2024 година, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ во Утринска на Канал 5 Телевизија.

-Борбата е да имаме еднакви можности, а не да земаме други пасоши. Не е тоа ништо недостижно, ниту нешто што ние не можеме да го направиме. Напротив, јас сум често во Брисел и во држави членки на ЕУ и ние не сме ништо помалку вредни, ништо помалку способни од сите тие други нации, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека, иако изминатите години беа кризни од различни причини како држава направивме многу за да излеземе од тие кризи успешно.

-Ние сме поднеле големи жртви и сметам дека треба да го изодиме тој пат до крај за наше добро, за ничиј друг интерес. Изминативе три години беа кризни години од различни причини. Но, ние направивме и како држава и како институции многу за да излеземе од тие кризи поуспешно од некои други држави. На пример, Хрватска денеска е сосема поинаква држава од пред 10 години кога влегоа во ЕУ.  Денеска функционираат како секоја европска држава. Ние не сме ништо помалку вредни., потенцираше Маричиќ.

Најважно е да не застанеме и да не се вратиме назад, затоа сум убеден дека граѓаните на изборите ќе одлучат државата да продолжи напред, потенцираше Маричиќ.

-Јас сум убеден дека изборите ќе бидат успешни, дека граѓаните ќе бидат за државата да продолжи напред. Најбитно е да не застанеме во место и да се вратиме назад, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер Бојан Маричиќ.

Бојан Маричиќ ЕУ интеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.