Author: Ана Василевска

Компанијата Јунајтед ерлајнс денеска објави дека при проверка открила дека на голем број од нејзиниот Боинг 737 Mакс 9, вратите не биле доволно добро прицврстени. -На пример, на завртките им е потребно дополнително затегнување, се вели во соопштението на Јунајтед, кој ја спроведе проверката по налог на американскиот регулатор ФАА. По застрашувачкото изместување на вратата под притисок на средината на летот и принудното враќање на авионот на Алјаска ерлајнс на аеродромот во Портланд, ФАА привремено ги приземји авионите на Боинг 737 Mакс 9 за безбедносни тестови. Одлуката на ФАА ја прифати и Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА), која истовремено…

Read More

Париз оддаде почит на музичката легенда Дејвид Боуви со именување на улица по неговото име  на 77-миот роденден. Боуви почина по долга борба со ракот во 2016 година, неколку дена по неговиот 69-ти роденден кога го издаде својот 25-ти албум наречен Blackstar. Влијанието на Боуви врз музиката, со хитовите како Space Oddity и Let’s Dance, и врз модата, сега трајно се препознаваат во градскиот пејзаж на Париз. Неговиот албум Pin Ups беше снимен во близина на француската престолнина во 1973 година во Шато д’Херувил по завршувањето на турнејата Ziggy Stardust.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Не е важно дали премиерката и претседателка на Браќата на Италија (Fratelli d’Italia), Џорџа Мелони, навистина го мисли или не го мисли тоа што го кажа за фашистичкиот собир во Рим на 7 јануари. Едноставно, идеолошката матрица на партијата што ја води Мелони, влече корени од фашизмот на Бенито Мусолини. Почнувајќи од италијанските социјалисти, завршувајќи со академските истражувања, хроники и анализи – Браќата на Италија ги опишуваат, најблаго речено, како ултрадесничарска партија со неофашистички корени и политики. Резервите и стравувањата непосредно по доаѓањето на власт на Мелони во септември 2022 година, дека се враќа фашизмот во една голема и…

Read More

Шпанската опозициска Народна партија (ПП) обвини дека признавањето на косовските пасоши од страна на Владата во Мадрид би можело да претставува преседан за признавање на евентуални каталонските патни исправи во иднина од страна на некои држави. Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез го промени својот досегашен став и реши да ги признае косовските пасоши по стапувањето во сила на визната либерализација за граѓаните на Косово при патување во ЕУ од 1 јануари 2024 година, но нагласи дека тоа не значи и де факто признавање на независноста и суверенитетот на Косово. Според ПП, сепак, ваквата владина одлука „воведува преседан врз основа…

Read More

Санела Шкријељ е пратеничка во македонското Собрание и долгогодишна активистска за правата на жените, маргинализираните заедници и лицата во ризик. На самиот почеток на веќе турбулентната 2024-та година, ни одговори на неколку прашања поврзани со растот на десничарските движења, загрозеноста на некои прва за кои сметавме дека се добиени засекогаш, а и за Дедо Мраз. Трн: По неодамнешните парламентарни избори во Полска за Mинистерка за семејство и социјална политика е назначена Агнешка Бак, борец против контраверзниот закон за абортус и активистка за човекови права, со што Полска се враќа кон европскиот пат и вредности. Има ли простор во Европа денес…

Read More

Белоруска државјанка е приведена во Полска поради сомнение за шпионажа и дека на белоруските безбедносни служби им дала информации за дијаспората во Полска, соопшти денеска полската служба за внатрешно разузнавање. Полска е центар за западни воени материјали за Украина и тврди дека е важна цел за руските шпиони. Ги обвинува Москва и нејзината сојузничка Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат. „На 20 декември 2023 година, службениците на Агенцијата за внатрешна безбедност приведоа државјанка на Република Белорусија осомничена за шпионирање за белоруската специјална служба – Комитет за државна безбедност на Република Белорусија (КГБ)“, соопшти полската служба. „Неколку месеци, белоруската државјанка…

Read More

На првиот ден од годинава, десетици илјади Турци излегоа на улиците на Истанбул, мавтајќи со турски и палестински знамиња извикувајќи „ Израел убиец, излези од Палестина“и „Алаху акбар“(Господ е голем). Митингот, како што пренесува France24, беше организиран од фондацијата во која членува Билал Ердоган, синот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, и тоа не беше прв масовен пропалестински митинг во Турција од почетокот на војната меѓу Израел и Газа на 7 октомври. Масовниот протест во понеделникот, како што пренесува Би-Би-Си, следеше по запаливите изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Предходно, неодмерените и потпалувачки изјави на Ердоган доведоа и до зголемена појава на антисемистските…

Read More

редлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“. – Браковите меѓу истополовите двојки…

Read More

Билборди, герилски акции, разни транспаренти, видео презентации, слогани и изјави со неосновани обвинувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ултранационалистичката Левица за дискредитирање на проевропските партии СДСМ, ДУИ, АА итн., иако предизборната кампања официјално не е започната, е сликата на политичката сцена во Северна Македонија, на почетокот на новата година. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја презентира својата изборна програма пред граѓаните, како алтернатива на прогресивните политики на Владата, таа секојдневно се занимава со неосновани обвинувања, предизвикувајќи иритација кај граѓаните, а во некои случаи и наштетување и наелектризирање на меѓуетничките и меѓурелигиските односи, со својата популистичка и националистичка реторика. Говорејќи за скандалот во…

Read More

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата Адолфо Масијас избега од затвор каде ја отслужуваше казната. -Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните постапки. Помина времето кога шверцерите на дрога, убијците и организираниот криминал и диктираат на владата што да прави, рече Нобоа. За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час. Во неделата Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда…

Read More

Новата методологија за пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка презентирана на крајот на минатата година покажа дека две минимални плати не се доволни за да се подмират минималните трошоци на едно четиричлено семејство. Пресметките покажаа дека во декември на едно семејство од двајца родители и две деца ученици им се потребни 56.522 денари за подмирување на основните месечни потреби. Потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошница е поскапа за 21.324 денари поради трошоците за станарина, вода, струја и греење. Доколку се спореди со минималните трошоци во декември 2022 година пресметани според старата методологија, разликата е 13.359…

Read More

Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори и ќе стојат пред клучните владини институции. Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да функционира нормално. Како што пренесуваат германските медиуми, блокирани се влезовите улиците и сообраќајот е парализиран. „Билд“ оценува дека денеска не би требало да има големи блокади во сообраќајот, туку дека тоа може да се промени веќе од утре. Тогаш, според најавата на синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ, треба да започне тридневен штрајк на железницата,…

Read More