Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИРИЗА достави предлог-закон за истополовите бракови, грчкиот премиер утре ќе ги претстави владините позиции

0
By Ана Василевска on January 9, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 9, 2024 11:24

редлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“.

– Браковите меѓу истополовите двојки веќе се признати во 14 земји-членки на Европската унија и во 18 земји-членки на Советот на Европа, објаснуваат од СИРИЗА.

Доставувањето на предлог-законот го најави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис минатата седмица, кога од грчкиот премиер побара да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

– Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА во петокот.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека премиерот Кирјакос Мицотакис, в среда, во интервју за државната телевизија ЕРТ ќе излезе со повеќе информации за конкретната легислатива, односно за тоа кој е владиниот план, како ќе започне оваа дискусија итн.

истополови бракови Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.