Author: Ана Василевска

САД имаат цврст став дека нема да дозволат отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и ќе реагираат на таквиот обид за прекршување на Дејтонскиот договор, потврди американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан. – Разговаравме за тоа во Дејтон и сите таму разбраа дека нема право на отцепување. Точка. САД ќе дејствуваат доколку некој се обиде да го промени овој фундаментален елемент на Дејтона, наведе О’Брајан во изјавата објавена на неговиот официјален профил на социјалната мрежа „Икс“. Тој со тоа ја потврди реакцијата од Американската амбасада во Сараево, која исто така изјави дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик…

Read More

„Би ја оценил 2023 и претходната како можне успешни во полето на македонската продукција. Да ги ставиме настрана финансиите. Она што е произведено е прилично солидно. Тоа покажа дека добар дел од филмовите се присутни на светските филмски фестивали, наградувани. Тоа е за почит. Една млада генерација на автори и авторки, што е многу битно, потврдија дека се талентирани и дека се блиску до зрелоста за правење филмови“ рече портпаролот на Дедо Мраз Влатко Галевски во утринска програма на Слободен Печат. Тој дополни дека нема да зборува за исклучоци како што се „Медена земја“, режисерот Столевски кој направил три извонредни…

Read More

Нови коли за итна помош и вработувања во здравството низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Поликлиника Чаир. Седум од колите за итна медицинска помош, се донација  од Европска Унија и треба да бидат промовирани во првите недели на јануари. – Плус оние што кога дојдов во кабинет, ги имаме нарачано, ќе се потпише тендерот некаде во јануари, за 22 коли, појасни тој. Тој нагласи дека интензивно ќе има нови вработувања од јануари, најголем број за медицински сестри, но и во брзата помош, секаде каде што има дефицит, така што малку…

Read More

Една година војна во Украина;  Финска влезе во НАТО; Катастрофата со мигрантскиот брод Адријана; Законот на ЕУ за обнова на природата го преживеа гласањето на нож; Грција се бори со најголемиот шумски пожар во ЕУ; Избувнува војна меѓу Израел и Хамас; Про-ЕУ опозиција ја презема власта во Полска; Договорот за амнестија предизвика протести во Шпанија; Герт Вилдерс победи на изборите во Холандија; Украина, Молдавија и Грузија се поблиску до членство во ЕУ.  Како што се приближува кон крајот на годината, „Еуроњус“ издвојува  десет клучни моменти што ја обликуваа Европа во 2023 година. 1. Една година војна во Украина Украинскиот претседател…

Read More

Русија претрпе огромни човечки и материјални загуби во Украина и нејзината армија ќе излезе ослабена од конфликтот, изјави висок германски воен функционер во интервју објавено денеска. „Знаете дека според податоците на западните разузнавачи, 300.000 руски војници се убиени или толку сериозно ранети што повеќе не можат да бидат мобилизирани за војната“, изјави за Зидојче цајтунг, Кристијан Фројдинг, кој ја надгледува поддршката на германската армија за Киев. Американско разузнавање претходно овој месец посочи дека 315.000 руски војници биле убиени или ранети во Украина од почетокот на војната. „Руските загуби на луѓе и материјал се огромни“, рече Фројдинг, кој е и клучен…

Read More

Само 20 проценти од граѓаните во земјава очекуваат 2024 година да биде подобра од 2023 (светскиот просек е 39%), 34 отсто сметаат дека ќе биде полоша (светскиот просек е 26%), а 40 проценти дека ќе биде иста како годинава (светскиот просек е 28%), покажува традиционалното глобално истражување на Галуп интернешенел „Крај на годината“, кое во РС Македонија го спровела БРИМА во периодот од 1 до 22 декември со анкетирање лице-в-лице на 1203 испитаници. Во регионот, Косово (68%) и Албанија (57%) се со највисок степен на „позитивни“ одговори на испитаниците, т.е оние кои сметаат дека 2024 ќе биде „подобра“ од 2023.…

Read More

За жал кога се потпиша Преспанскиот договор, реков во едно интервју дека најтешките преговори ќе се случуваат со Бугарија. Тоа го знам од многу одамна и ги следам македонско-бугарските односи, бидејќи и од Делчево потекнувам. Знам добро која е нивната основна теза. Таа теза е во спротивност со геополитичките, воено – стратегиските и другите интереси на големите играчи, и држави и колективитети, и во тоа Бугарија нема право и таа не може да издејствува некои работи, вели проф. д-р Трајан Гоцевски во гостувањето во емисијата „Слободен печат“, во соработка со ЦИВИЛ Медиа.  Говорејќи за пречките во интегративниот процес како…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека од  1 јануари 2024 година ќе биде во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси. -Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем  со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk/, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК, информираат од Државна комисија за спречување на корупцијата.

Read More

Во Тирана денеска судот ќе решава за Сали Бериша, откако вчера по втор пат ја одложи мерката куќен притвор. 3 бригади имаат оперативно проширување долж границата со Косово. Ова проширување е претставено преку воспоставување на 48 напредни оперативни бази на армијата и жандармеријата долж целата гранична линија, соопшти Косовскиот министер за одбрана. Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес. АЛБАНИЈА Клан: Судот денеска ќе решава за Бериша Втор пат по ред Специјалниот суд вчера го одложи донесувањето на мерката за безбедност против Сали Бериша, по барањето…

Read More

Расте бројот на граѓаните кои сметаат дека Европската Унија е најдобрата опција за државата и дека не треба да се бара друга алтернатива, покажува последната анкета на Преспа Институтот. Според истражувањето 70,6 отсто од граѓаните одоговориле дека ЕУ е најдобрата опција во декември, што е раст во споредба со истата анкета направена во мај оваа година, кога 61,2 отсто од граѓаните одговориле дека тоа е ЕУ. Раст се забележува и во потврдниот одговор на прашањето како би гласале доколку во недела се одржи референдум за членство во Унијата. 67,3 отсто од граѓаните на анкетата во декември одговориле дека би гласале…

Read More

Во Кинотеката вечер ќе се одржи проекција на дел од новопримените филмски материјали што се прибрани од 2023 година. Ова ќе биде последната официјална филмска проекција за оваа годинава. -Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Одделението за прибирање, заштита, обработка и чување на филмови и филмски материјали, односно на Филмскиот архив при Кинотеката – е токму прибирањето на филмови и придружни филмски материјали кои се поврзани со Македонија. Кинотеката годинава оствари соработка со Филмскиот музеј „Ај“ (EYE Filmmuseum) од Амстердам, Холандија, Кинотеката на регионот Савоја (Cinémathèque des Pays de Savoie et de l’Ain) од Франција, Компанијата „Филмске новости“…

Read More

Рано утрово, грчката крајбрежна служба спасила 36 мигранти во морскиот дел, на 26 наутички милји јужно од островот Гавдос и сите се пренесени на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Лицата се пренесувале во дрвен чамец, а ова е втор случај за нешто повеќе од 24 часа, на речиси идентична локација да бидат спасени мигранти. Во текот на ноќта во вторникот, крајбрежната служба интервенираше за пронаоѓање и спасување на 38 мигранти во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од Гавдос Гавдос е најјужниот грчки остров и се наоѓа јужно од Крит.

Read More