Author: Ана Василевска

„Жак Делор не беше политичар како другите. Неговата смрт ќе создаде силни емоции низ Европа, тој  толку многу придонесе таа да се обликува. Ќе не потсетува  на ерата во која една генерација неуморно го следеше идеалот и се погрижи тој да биде преточен во акција и напредок“., напиша Франсоа Оланд. Жак Делор, поранешниот претседател на Европската комисија кој се сметаше за основач на денешната ЕУ, почина на 98-годишна возраст во својот дом во Париз. Европските државници се  простуваат од Делор со голема носталгија кон неговата политичка кариера. Беше претседател на Европската комисија во три мандата. Тој ќе остане засекогаш во…

Read More

Лидерот на либански Хезболах, Хасан Насрала бил информиран за плановите на палестинскиот Хамас да изврши повеќе напади на југот на Израел на половина час пред почетокот, на 7 октомври, објави денеска Фигаро. Според извештајот на весникот, еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури, кој живее во Либан, бил информиран во телефонски разговор утрото на 7 октомври за неизбежните напади и од него било побарано да го извести проиранскиот шиитски Хезболах. Оттогаш, Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно е во конфликт со израелската армија во пограничната област…што доведе до евакуација на повеќето населени области во близина на границата, пренесе Бета. Во…

Read More

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада. „После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук. Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е склучен „политички договор“ меѓу трите земји за проширување на зоната „до романската и бугарската воздушна и поморска граница“ од март 2024 година. Прашањето за отворање на копнените граници беше одложено за дискусија следната година. Австрија, која пред една година стави вето на влезот на…

Read More

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ  1. Половина од светското население ќе излезе на избори во 2024 година Избори ќе се случат во повеќе од 40 држави во 2024 година, при што на гласање ќе излезат четири милијарди граѓани меѓу кои и граѓаните од седум од првите десет најнаселени земји во светот. Граѓаните во Северна Македонија, САД, Европската Унија, Индија, Обединетото Кралство, Украина, Русија, Тајван и многу држави во Африка ќе бидат меѓу оние кои ќе излезат на гласање во 2024 година. Растечката политичка поларизација меѓу прогресивците и националистите ќе кулминира токму во 2024 година. Изборите ширум светот ќе одлучат која политичка опција ќе…

Read More

„Успехот на скрининг процесот, кој се одвиваше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажман на преку 1000 учесници од преку 200 различни институции, е доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ и која покажа дека можеме и знаеме“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција. Тој изрази благодарност за посветената работа на сите вклучени институции, вработените во СЕП и за вработените од министерствата кои вредно работеа на скринингот и беа најголем придонес за успехот. „Ние сме подготвени за следната фаза од преговорите, за која неопходно е завршување на обврските од Преговарачката рамка за…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази „крајна загриженост“ поради планот на локалните власти во Амстердам за преселување на познатиот комплекс на „црвените фенери“ од квартот Де Вален на локација во јужните предградија на градот, во близина до седиштето на ЕМА. Планот на амстердамската градоначалничка Фемке Халсема предвидува дислоцирање на „црвените фенери“ од централното градско подрачје со цел, како што најави, да „го ослободи“ Амстердам од имиџот на „град на гревот“, но и како реакција на поплаките на локалните жители за пораст на ситниот криминал и за „бучните“ туристи. Според планот, јавните куќи од сегашната локација во квартот Де Вален треба…

Read More

Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска се одвива во тензична атмосфера откако пратеничката на опозициските албански партии Сафије Садики Шаини побара да не биде ставен на гласање предлогот за член на ДИК Зулфи Адили поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, кој беше одбиен од членовите на партиите од власта. Таа потенцира дека претседателот на Собранието Талат Џафери се ободува да ги саботира изборот. Посочи дека ова место во ДИК и припаѓа на албанската опозиција- на Алтернатива и БЕСА. Членовите на Комисијата од опозициските албански партии и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да тропаат по…

Read More

Главниот обвинител на српското Специјално обвинителство за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ, во врска со истрагата за лажни пријави за бомби во училишта низ Србија, рече дека досега се откриени повеќе малолетници од странство кои користеле различни програми за комуникација – од оние што се вградени во компјутерски игри, до оние што постојат независно и бараат посебна инсталација и поставување. „Во овој случај се користеше една таква програма „Discord“. Оваа програма е многу популарна кај играчите, особено затоа што комуникацијата преку неа е заштитена со индустрискиот стандард за крипто-заштита. Со тоа е отежнато следењето на таа комуникација, но не е невозможно,…

Read More

Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес – конференција ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година. Зибери, како што соопштуваат од неговата канцеларија, ќе даде осврт на бројот на примените претставки, на која област најмногу се однесуваат, соработката на релација Народен правобранител – Влада на Република Северна Македонија, соработката со Собранието и други актуелни теми.

Read More

Според деталната анализата на Еуроњус, годината што следува ќе биде година на избори од кои во голема мера ќе зависи идното обликување на глобалната политика.  Проекциите за пораст на поддршката за евроскептичните и екстремно десничарските партии – поттикнати од неодамнешните изборни успеси во Холандија, Италија, Финска и Шведска – сеат сомнеж за идниот пат на ЕУ. Потенцијалните владини промени би можеле решително да ја нарушат геополитичката рамнотежа, што ќе влијае на поддршката на Западот за Украина, конфликтот на Блискиот исток, трговските односи и меѓусебно поврзаната глобална економија. Се проценува дека две милијарди луѓе во 50 земји во светот би можеле…

Read More

Предлог – националната стратегија за развој на културата со Акциски план за периодот 2023-2027 година беше усвоена на денешната владина седница. Притоа, како што информираат од владината прес-служба, донесена е одлука да се достави до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување. -Предлог – националната стратегија за развој на културата со Акциски план 2023 – 2027 година, според предлагачот, Министерството за култура, е стратегиски документ со којшто се утврдуваат среднорочни цели и приоритети за развој на културата во Република Северна Македонија. И, е основен стратегиски документ за областа култура, како за работа на Министерството за култура така и за други…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Најавата за протести и контрапротести за крстот на Попова шапка потрдува дека ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА се спремни да ја втурнат државата во хаос и безредие, во меѓуетнички конфликт, или да поттикнат спирала на тензични настани со обид за дестабилизација на државата. Провидна е, ептен е провидна играта играта меѓу БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ околу крстот во манастирскиот комплекс Св. Наум на Попова Шапка. Уште не се исуши мастилото на соопштението на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, дека добиле решение да го отстранат крстот во манастирот кој беше поставен на 16 ноември и кој од тогаш наваму локалните партиски војници на…

Read More