Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фигаро: Лидерот на либански Хезболах бил информиран за нападите на 7 октомври половина час пред да започнат

0
By Ана Василевска on December 28, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2023 10:17

Лидерот на либански Хезболах, Хасан Насрала бил информиран за плановите на палестинскиот Хамас да изврши повеќе напади на југот на Израел на половина час пред почетокот, на 7 октомври, објави денеска Фигаро.

Според извештајот на весникот, еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури, кој живее во Либан, бил информиран во телефонски разговор утрото на 7 октомври за неизбежните напади и од него било побарано да го извести проиранскиот шиитски Хезболах. Оттогаш, Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно е во конфликт со израелската армија во пограничната област…што доведе до евакуација на повеќето населени области во близина на границата, пренесе Бета.

Во средата тие населби беа погодени од најтешкиот бараж на Хезболах од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, јавија израелските медиуми. Сирените за предупредување од проектили постојано се огласуваа во северниот дел на Израел додека продолжија ракетните напади врз Рош Ханикра и Кирјат Шмона.

Тоа е голема ескалација на насилството долж немирната граница и началникот на израелската армија објави дека е подготвен да се бори против Хезболах додека продолжуваат жестоките борби во јужниот дел на Појасот Газа.

Никој не беше повреден во израелскиот ракетен истрел од Либан, а тоа беше одговор на убиството на припадник на Хезболах, неговиот брат и снаа во напад за кој е обвинета израелската армија.

Хезболах објави дека од почетокот на засилениот конфликт се убиени 129 членови на организацијата, повеќето во Либан, а некои во Сирија. Во Либан загинаа и 16 палестински оперативци, еден либански војник и 19 цивили, меѓу кои и тројца новинари.

Либан Фигаро Хезболах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.