Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Веб-страницата на албанскиот парламент и две компании, мобилната „One Albania“ и „Ер Албанија“ вчера беа хакирани а одговорноста за овие кибер-напади ја презеде иранската група „Татковинска правда“, која испратила и порака преку „Телеграм“ во која вели дека „ќе платат оние што зазеле пратенички места во Собранието“. Еден од најпознатите албански експерти од областа на криминалистиката, Ервин Карамучо, денеска гостувајќи во емисија на abcnews.al, изјави дека овие податоци може да се купат со Биткоин. – Поминаа 24 часа, имаме хакирана телефонска компанија, авиокомпанија и Собранието на Албанија. Најголема штета има телекомуникациската и авиокомпанијата, бидејќи таму се податоците. Со ова имаат многу…
СПАК побара од Специјалниот суд во Албанија да му се одреди мерка домашен притвор на поранешниот премиер и лидер на демократите Сали Бериша. Иранските хакери повторно оперираат во Албанија, овој пат е хакирана веб страницата на Парламентот. Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. АЛБАНИЈА Топ Чанел: СПАК побара безбедносна мерка куќен притвор, денеска се одржува рочиштето за поранешниот премиер Бериша Пред неколку дена СПАК побара од Специјалниот суд да му одреди мерка за обезбедување куќен притвор на Сали Бериша. Денеска во 10 часот странките ќе бидат сослушани…
Во третиот квартал од 2023 година на 107.135 лица кои не се државјани на членки на ЕУ им се издадени решенија за напуштање на територијата на Унијата, додека во исто време 27.095 „не-Европејци“ биле депортирани од некоја од земјите на блокот. Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во споредба со истиот квартал во 2022 година бројот на издадени решенија на странци за напуштање на ЕУ во периодот јули-септември годинава е намален за четири проценти, додека бројот на депортирани е зголемен за 12 отсто. Споредено пак со претходниот овогодишен квартал, бројот на издадени решенија за депортација е зголемен за…
Европската унија соопшти дека мора да се почитува правото на мирни демонстрации во Србија, но нагласи дека насилството не е решение и е неприфатливо, и повторно повика на „соодветна истрага за наводите за изборни нерегуларности“. – Постапките на полицијата мора да бидат соодветни и основните права мора да се почитуваат во рамките на владеењето на правото. ЕУ повикува на мир и дијалог, соопшти Европската унија како одговор на прашање на Гласот на Америка за немирите на протестите во Белград завчера. Брисел не ги коментира обвинувањата на властите во Србија кон неименувани западни земји за предизвикување немири на протестите по изборите.…
Српскиот министер за одбрана и претседател на СНС, Милош Вучевиќ, денеска изјави денеска дека никој нема да може насилно да ја уништи изборната волја на граѓаните. „Насилниците ќе одговараат за немирите, кои сакаа да го запалат Градското собрание, ја нападнаа полицијата – ќе одговараат, нема компромис“, изјави за белградски медиуми Вучевиќ, наведувајќи дека е „детска приказна“ тврдењето на опозицијата дека изборите биле нерегуларни. Според него, граѓаните можат да бидат мирни и да им веруваат на државните институции бидејќи тие го имаат одговорот на сите предизвици, како и дека законот ќе важи за сите. На прашањето дали во настаните е вмешан…
Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Како што информираат од Кабинетот на претседателот, со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку. Медал за заслуги за Република Северна Македонија ќе им биде врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров. Признанието Повелба на Република Северна Македонија ќе биде доделено на Албанскиот театар.
Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е лоциран, велат соработниците, 3 недели откако е изгубен контакт со него. Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наводно, повторно се појавил во затвор во близина на планинскиот венец Урал по речиси три недели исчезнување, според објавите на неговиот тим на платформата на социјалните мрежи Х. Навални е отстранет од затвор во Владимирската област во близина на Москва и одведен на непозната локација, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш во интервју минатата среда. Извор: Еуроњус
Мобилната компанија „One Albania“ стана цел на хакерите на иранската група „татковинска правда (Homeland Justice), чии членови објавија дека ги „таргетирале системите на мобилната компанија и во свои раце ги имаат податоците на илјадници Албанци“. Според медиумите групата објавила на Телеграм дека презела и отстранила податоци до 2 петабајти, што за познавачите на технологијата, ова е меѓу најголемите единици за мерење на компјутерски податоци. Едноставно кажано, податоците од 2 петабајти кои биле украдени од мобилната компанија „One Albania“ се еквивалентни на 500 милијарди печатени листови во стандарден формат. -Мисијата започна (DDMC). Албанските мобилни комуникации (AMC) беа хакирани од Homeland Justice.…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до надлежниот сектор на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со директна закана по живот кон основачот на Цивил медиа, Џабир Дерала. Како што стои во објавата на ЗНМ, пријавата следи по директната закана кон колегата Дерала во форма на коментар на негова објавена колумна на официјалната Фејсбук страница на „Нова ТВ веб“ каде што профил со име Александар Антиќ напишал коментар: „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“. „ЗНМ стапи во комуникација со контакт лицето во МВР задолжено за напади врз новинари, каде што го пријави…
Според Надзорната комисија за изборна кампања на Собранието на Србија, изборите на сите нивоа во Србија се оценети како регуларни. Надзорната комисија за изборната кампања на Собранието на Србија денеска со мнозинство гласови го отфрли предлогот на членот од опозицијата Слободан Првановиќ предвремените парламентарни, покраински и во некои општини и градови и локални избори, кои се одржаа на 17 декември да се оценат како нерегуларни. Првановиќ во писмена изјава наведе дека на седницата на Надзорниот одбор за изборна кампања, дал предлог одржаните избори да се оценат како „нерегуларни“ во однос на изборната кампања, што го поддржале двајца членови на тоа…
„Просечната плата е зголемена за 50 отсто, а минималната плата за 100 отсто. Ако во 2016 година биле потребни четири и пол мининмални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, денес се потребни две минимални плати“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат. Тој додаде дека податоците кажуваат и дека за 50 отсто се пораснати и минималната и просечната пензија во однос на 2016 година. „Кога зборуваме со податоци од Заводот за статистика, тоа не може да се негира“ рече Ковачевски. Премиерот исто така кажа дека невработеноста денес е 13 отсто, за разлика од 2016 година кога…
Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и дека оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот. Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување. Тој истакна дека припадниците на Министерството биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа. „Употребата на полициските единици била исклучиво во согласност со законот на начин предвиден со модерен полициски закон“, изјави…