Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот за депортирани мигранти од ЕУ зголемен за 12 отсто на годишно ниво

0
By Ана Василевска on December 26, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Германија мигранти
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 26, 2023 10:41

Во третиот квартал од 2023 година на 107.135 лица кои не се државјани на членки на ЕУ им се издадени решенија за напуштање на територијата на Унијата, додека во исто време 27.095 „не-Европејци“ биле депортирани од некоја од земјите на блокот.

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во споредба со истиот квартал во 2022 година бројот на издадени решенија на странци за напуштање на ЕУ во периодот јули-септември годинава е намален за четири проценти, додека бројот на депортирани е зголемен за 12 отсто.

Споредено пак со претходниот овогодишен квартал, бројот на издадени решенија за депортација е зголемен за еден отсто, а на депортирани мигранти за два проценти.

Гледано според земјата на потекло, најголем број од странците кои добиле решенија за напуштање на територијата на ЕУ или осум отсто се државјани на Мароко, по што следуваат Сиријците и Алжирците со по седум проценти, Авганистанците со шест и Турците и Грузијците со по пет отсто.

Од бројот на депортирани мигранти, 11 проценти биле државјани на Грузија, по седум отсто на Албанија и Турција и четири проценти граѓани на Молдавија.

Најголемиот број решенија за иселување или 29.885 се издадени во Франција, по што следува Германија со 11.470 и Грција со 9.545.

Најголемиот број од мигрантите или 4.100 биле депортирани од Германија, по што следува Шведска со 2.865 и Франција со 2.850 протерани државјани на земји што не се членки на ЕУ.

депортација Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.