Author: Ана Василевска

ДРАГАН МИШЕВ Спутник е руски збор за сателит, и кога се толкува во астрономски контекст, и воопшто, спутник е општоприфатен термин во рускиот јазик за вештачките сателити на која било земја и природните сателити околу која било планета. Следствено на тоа, Спутник 1 (/ˈspʌtnɪk, ˈspʊtnɪk/, руски: Спутник-1, Сателит 1) бил именуван првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран во елиптична ниска земјина орбита од страна на Советскиот Сојуз на 4 октомври 1957 година како дел од советската вселенска програма. Испратил радио сигнал назад на Земјата три недели пред да се потрошат неговите батерии, по што на 4 јануари 1958 година, по…

Read More

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека ЕУ нема да се изјасни за изборите во Србија се додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарни резултати, јави дописникот на МИА од Белград. -Изборите ги следевме многу внимателно и секогаш се воздржуваме од коментари додека ОБСЕ/ОДИХР не даде прелиминарна оценка, која ќе биде подоцна попладнево, изјави Писонеро на брифингот за медиумите. Од друга страна, сенаторот на Руската Федерација и шеф на набљудувачката мисија на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, Дмитри Василенко, синоќа…

Read More

Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година. Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието на Република Северна Македонија, а се направени и потребни измени и дополнувања на првично утврдениот Предлог Буџет. Клучните елементи на Дополнетиот Предлог Буџет за 2024 година се редизајнирање на буџетската политика и фискална консолидација. Утврдениот Дополнет Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, Владата…

Read More

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ денеска го обвини Израел дека намерно на Палестинците им го оневозможува пристапот до храна, вода и други неопходни потреби, оценувајќи дека гладувањето на цивилното население е воено злосторство. Во исто време, „Хјуман рајтс воч“ ги повикува светските лидери да одговорат на оваа ситуација во Газа. Директорот на „Хјуман рајтс воч“ за Израел и Палестина, Омар Шакир денеска изјави дека има најмалку пет докази дека Израел намерно ги изгладнува Палестинците во Појасот Газа и дека тоа е воено злосторство. Шакир наведе дека првиот доказ е дека повеќе од два месеци е блокиран…

Read More

Русија речиси сигурно ќе користи методи, вклучувајќи суштинска изборна измама и заплашување на гласачите во привремено окупираните области на Украина за да се осигура дека Путин ќе победи на таканаречените „претседателски избори“ и да даде перцепција за легитимност на инвазијата на агресорот во Украина, објави Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на платформата за социјални медиуми Икс, повикувајќи се на најновото ажурирање на одбранбеното разузнавање. Како што се наведува во објавата, на 11 декември 2023 година, руската централна изборна комисија објави дека гласањето на претседателските избори во март 2024 година ќе се прошири на регионите Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје во Украина.…

Read More

Европската комисија започна формална постапка за да процени дали социјалната мрежа Икс го прекршила Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ поврзано со управувањето со ризици, умереноста на објавените содржини, транспарентноста на рекламирањето и пристапот на истражувачите до податоците на платформата, соопшти денеска портпаролот на ЕК за дигитална економија, истражување и иновации Јоханес Барке. Тој нагласи дека ова е прва формална постапка покрената од Еврокомисијата за одговорност на онлајн платформите врз основа на ДСА. Формалната постапка е покрената врз основа на спроведената прелиминарна истрага и анализите на извештаите на Икс за проценка на ризикот, поднесен во септември, и за транспарентност,…

Read More

Геополитичките поместувања во Европа ја подотворија вратата за проширување и тоа е шанса што Северна Македонија треба да ја искористи, но нема да трае предолго. Тезата дека нема потреба од брзање, е погрешна, нереална и многу опасна за нас. Знаеме како изгледа чекање и дека 17 години чекање не донесе ништо подобро, затоа пратениците имаат обврска да донесат одлука за иднината на граѓаните. Заклучокот на Европскиот совет е јасен. Северна Македонија успешно го заврши процесот на скрининг и останува да ја заврши својата обврска за изгласување на уставните амандмани. Ова беше порачано панел-дискусијата „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари…

Read More

Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку телефони со отстранети камери, микрофони и сензори за локација, користејќи СМС пораки со сложена безбедносна шифра и можности за само бришење. Обвинети се Белгијци, Албанци, Колумбијци и државјани на северноафриканските земји. Тие се товарат за трговија и дистрибуција на кокаин и марихуана. Во истрагата учествувале…

Read More

„Ние во 2008 година влеговме во процес на антиквизација, место во европеизација. Наместо да одиме 100 години напред, ние отидовме 2300 години назад. Тој процес не изолираше и раскара со сите соседи и не донесе ништо добро за државата, ни во економска смисла немаше напредок, а во демократска смисла имавме уназадување, европските извештаи укажуваа на заробена држава“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24. Тој додаде дека сега во Брисел имавме најјасен заклучок од 2005 година до денес – дека Северна Македонија успешно го заврши скринингот и дека штом ќе ја заврши обврската за уставните измени, без…

Read More

„Луѓето кои не живеат во Белград беа донесени во автобуси, комбиња и автомобили да гласаат како да се граѓани на Белград“, рече лидерот на опозицијата Мирослав Алексиќ. Тој тврди дека биле издадени 40.000 лични документи за луѓе кои не живеат во главниот град. Владејачките популисти во Србија забележаа убедлива победа синоќа на парламентарните избори во земјата, нарушени со извештаи за големи нерегуларности на денот на гласањето. Вршителот на должноста премиер Ана Брнабиќ рече дека со половина преброени гласачки ливчиња, проекциите на владејачката Српска напредна партија покажаа дека освоила 47 отсто од гласовите. Ова ќе им донесе околу 130 места во…

Read More

Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики, денеска во Скопје,  во Даут Пашин Амам, ќе се одржи настан во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“. Настанот ќе започне со воведни излагања на претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и директорот на Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија Петер Хурелбринк. На панелот насловен „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар…

Read More

о последното деноноќие во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112. „Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,90 отсто, а 58,10 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните. Како што информираат од ЦУК, кон полиција биле упатени 43,48 отсто од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 40,00 проценти, кон пожарникарите 6,52 отсто, а кон АМСМ биле упатени  0,44 проценти. -Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,56 проценти од „реалните“, што…

Read More