Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панел-дискусија „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“: Тезата дека нема потреба од брзање е погрешна и многу опасна за Северна Македнија

0
By Ана Василевска on December 18, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 18, 2023 13:08

Геополитичките поместувања во Европа ја подотворија вратата за проширување и тоа е шанса што Северна Македонија треба да ја искористи, но нема да трае предолго. Тезата дека нема потреба од брзање, е погрешна, нереална и многу опасна за нас. Знаеме како изгледа чекање и дека 17 години чекање не донесе ништо подобро, затоа пратениците имаат обврска да донесат одлука за иднината на граѓаните. Заклучокот на Европскиот совет е јасен. Северна Македонија успешно го заврши процесот на скрининг и останува да ја заврши својата обврска за изгласување на уставните амандмани.

Ова беше порачано панел-дискусијата „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики.

Премиерот Димитар Ковачевски, во своето обраќање рече дека во насловот на панелот може да се додаде и дека не е само стар ризик, туку ист ризик, од исти луѓе, и дека тоа е одговорот и од последниот Самит Западен Балкан-ЕУ.

– Ќе ви одговорам многу едноставно. Делот за Северна Македонија траеше многу кратко. Ние никогаш не сме имале појасен заклучок на Европскиот совет од сега. Заклучокот беше еден параграф, во кој стоеше дека Северна Македонија успешно го заврши процесот на скрининг и останува да ја заврши својата обврска за изгласување на уставните амандмани и без одлагање и дополнителна одлука, Европскиот совет ја закажува втората меѓувладина конференција на која се отвораат сите поглавја, рече Ковачевски.

Ако минатата година беше тешка година на носење тешки одлуки, во делот на преговарање и прифаќање на францускиот предлог, според Ковачевски, на последниот Самит, спортски кажано, имавме „празен гол и чист пенал“, што како што нагласи, „заради ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Демократски сојуз не го шутиравме“.

– Тоа е она што се случи. Стар ризик, ист ризик, исти играчи. Мора да бидеме искрени. Се она што сега слушаме е замена на тези. Дали оваа реформа била или не била направена, е замена на тези. Ние имаме заклучок што е еден параграф. Чист и јасен. Амандманите и почнува отворање на поглавјата. Сите поглавја ќе беа отворени наеднаш, изјави Ковачевски.

Процесот од една и пол година скрининг, според Ковачески покажа дека сме во пар со европските институции и европските земји, и дека не треба да се потценуваме.

– Проблемот е што некој, заради личен политички профит и лична политичка агенда, сакаше да ја повтори и ја повтори 2008 година. Јас разбирам да кажете дека нешто нема да направите, но да кажете што е алтернатива. Тука нема алтернатива, не постои, изјави Ковачевски.

Не може, нагласи Ковачевски, постојано да бараме изговори, дали ќе правиме реформи или ќе носиме одлуки.

– Во 2005 станавме земја кандидат за ЕУ заедно со Хрватска. Проекцијата беше 2012 заедно да влеземе, но 2008 година Северна Македонија реши да се антиквизира и наместо 100 години напред, отидовме 1 200 години назад, ама никој не може да се амнестира од тоа. Тоа беше една хипокризија, нагласи Ковачевски.

Претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска, во воведното излагање порача дека проширувањето на ЕУ се повеќе станува геополитички проект и секое поголемо проширување на ЕУ во историјата било и ќе остане геополитичко, како и дека првиот заклучок на групата за изминатата година, бил дека геополитичките поместувања во Европа ќе ја подотворат вратата за проширување и тоа е шанса што Северна Македонија треба да ја искористи, но и дека оваа врата нема да трае предолго и не е гарант дека ќе биде одржлива на долг рок.

– Тезата дека нема потреба од брзање, затоа што тоа што треба и онака ќе дојде е погрешна, е нереална и многу опасна за нас, изјави Шекеринска.

Европската Унија, нагласи Шекеринска, мора одвреме навреме да седнува на нашата билатерална маса со Бугарија, бидејќи кога Северна Македонија преговара со Бугарија, не ја има само Република Бугарија, туку и политичката моќ од членството во ЕУ и нашата желба да станеме членка.

– Кога веќе ЕУ не успеа да ја избалансира таа асиметричност, со тоа што билатералните прашања ќе ги елиминира од процесот, во тој случај сметаме дека ЕУ мора да седне на маса и да помогне да се најде одржлив и продуктивен процес, изјави Шекеринска.

Шансата за успех, според Шекеринска, зависи од политичките и експертски лидерства и во регионот и во ЕУ.

Настанот се одржува во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“. Целта на настанот, како што е најавено, е да се фокусираат одредени прашања, поврзани со последните случувања и ставовите на лидерите и експертите во насока на проширувањето на ЕУ, како и заклучоците од работата на експертската група која во текот на 2023 година ги сумираше ставовите на прогресивните политички гласови, експерти, креатори на мислења и новинари. Модератор, на настанот беше професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Рената Дескоска.

Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности панел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.