Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Ова поглавје исто така ги вклучува и правилата на ЕУ во полето на хуманитарна помош и развојна политика. Претседателот на Владата, Ковачевски во своето излагање истакна дека Северна Македонија нема да бара преодни периоди, туку во целост ќе го прифати правото на ЕУ. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во рамки на работната посета на Брисел, се обрати и ја отвори последната сесија од скрининг процесот на Северна Македонија, посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика. На сесијата присуствуваа и заменикот на…
Продолжувањето на борбите во Газа ја засили кризата со гладот во оваа палестинска енклава, соопшти хуманитарната агенција на Обединетите нации. Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека за време на седумдневната пауза во борбите во Газа нивната помош стигнала до околу 250.000 лица, јави Би-Би-Си. Во соопштението се нагласува дека дистрибуцијата на помошта сега е „речиси невозможна“ и дека продолжувањето на конфликтот „ги загрозува животите на хуманитарните работници“. „WFP повикува на хуманитарен прекин на огнот и ги повикува сите лидери да работат со најголема итност за да најдат политички решенија кои можат да стават крај на страдањата на…
Јавното обвинителство на ЕУ оцени дека со најавените измени на Кривичниот законик, Словачка би можела да се соочи со недостиг на ефикасни и соодветни санкции за прекршоци поврзани со злоупотреби на средства од европскиот буџет, што евентуално би резултирало со ограничување на пристапот на земјата од фондовите на Унијата. – Според нашата прелиминарна анализа, загрижени сме дека некои од предложените амандмани на словачкиот Кривичен законик повеќе нема да гарантираат дека прекршоците поврзани со буџетот на ЕУ во Словачка ќе се казнуваат со ефективни, соодветни и превентивни кривични санкции, изјави портпаролката на Канцеларијата на Јавното обвинителство на ЕУ (ЕППО), Тине Холевут.…
„Такви политички партии, кои со не знам какви провиненции ги правеа, како таа што е формирана, мора да се дерегистрираат“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција на која соопшти дека е уапсен главниот осомничен за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче. Министерот додаде дека тие преку правење на политики, политиканство, коалиции, договори, влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација. „Мирот, стабилноста, сигурноста не може никој да ги загрозува. Вакво криминално гнездо како што е направено мора да се разбие до крај“ рече Спасовски. Тој додаде дека сите знаат какви ставови застапувале осомничените и нивната партија, што…
На 2 и 3 Декември 2023 година, во Скопје се одржа регионалната конференција „Користење на моментумот за проширување во променетата Европска безбедносна средина’’.Конференцијата беше организирана од страна на Институтот Прогрес и фондацијата „Калеви Сорса’’ од Финска. На конференцијата земаа учество домашни и странски експерти кои говореа што значи за Република Северна Македонија да влезе во Европската Унија и како државата да има прогрес и подобра иднина за граѓаните. Европската политика мора да има храба политкаа на проширување кон Западен Балкан. Република Македонија мора да ги искористи сите инструменти: план за раст, отварање на преговори и нивна реализација за да стане…
Системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија (RASFF) на својата веб-страница објави дека се повлекува уште еден производ. Станува збор за чај од нане од Хрватска со суровина, листови од нане, купен во Србија, бидејќи се пронајдени пиролизидински алкалоиди во чајот, јави дописникот на МИА од Белград Како што предупредува РАСФФ ризикот по здравјето може да биде сериозен. Пиролизидинските алкалоиди (ПА) можат да бидат многу токсични за луѓето, наведе независната компанија ЕПО која произведува висококвалитетни ботанички екстракти. Пиролизидинските алкалоиди ги произведуваат растенијата за да се одбранат од штетници и тревопасни животни и се идентификувани во приближно…
Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција. За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција. Кога ќе биде се подготвено, најверојатно министерот за правда Кренар Лога, на прес-конференција ќе ја инфоррмиа јавноста. Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија…
Тие бараат почит, се нарекуваат себеси „заборавените херои“ и што е најважно, решени си да им се слушне гласот. И покрај немилосрдниот дожд, стотици италијански лекари и медицински сестри се собраа вчера во центарот на Рим за да протестираат против условите за работа и да го изразат своето противење на неодамнешните мерки кои влијаат на јавниот здравствен сектор. Организаторите беа изненадени од огромното учество,со 80 отсто од здравствените работници во секој италијански регион. Демонстрантите бараат зголемени владини инвестиции во ресурси за подобрување на договорите за вработување, се спротивставуваат на предложените намалувања на пензиите и сакаат да ја направат професијата попривлечна…
Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска во Брисел ќе присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот, која е посветена на Кластерот 6 кој ги опфаќа поглавјата „30 – Надворешни односи“ и „31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“. Според најавите, премиерот Ковачевски ќе го отвори билатералниот скрининг по овој Кластер, со чие затворање во текот на утрешниот ден и официјално завршува овој процес од преговорите за членство во ЕУ. Покрај присуството на последната сесија од скрининг процесот, Ковачевски ќе има и работен состанок со европратеници од редовите…
Адвокатот го однел во Беград и таму е оставен во хотел, Таму го презема друго лице и со ренџ ровер преку граничниот премин Градина го носи во Бугарија, од каде е транспортиран во Турција каде оди во градот Баликесир. -Таму нашите служби стапуваат во контакт директно не само со полицијата туку и со еден нивен оперативен извор кој за многу кратко време ни потврди дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни ги кажа неговите намери. Од таму сакал да замине во Истанбул – објасни Спасовски Тука симулирал дека ќе оди но се вратил во градот и денеска попладнево од…
Во Приштина денеска ќе се одржат протести за соодветно третирање на фемицидот и родовото насилство. Ова е еден од многубројните протести во Косово преку кој општеството го искажува своето незадоволство за институционалното третирање на фемицидот и родовото насилство, а овој пат доаѓа по убиството на Лиридона Адемај, нарачано од сопругот. Во косовскиот парламент нема консензус за содржината на нацрт предлогот за Заедницата, бидејќи таа не е објавена од страна на Владата. Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Факти Дитор: Денеска сенароден протест, под…
Завршена е реставрацијата на три икони од авторот Дичо Зографи: „Свети Атанас“ (1855), „Свети Харалампиј“ (1855) и „Свети Никола “ (1859), коишто се дел од иконостасот во црквата Св. Никола во околината на Елбасан и кои од 1999 година се во фондот на Националниот историски музеј, благодарение на посветената работа на реставраторите на Лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, напиша на социјалните мрежи министерката за култура на Албанија Ева Маргарити. Информацијата за успешната реставрација на иконите со потписот на Дичо Зограф во Албанија, се совпаѓа со одбележувањето на 150 годишнината од смртта на Дичо Зограф и со…