Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состојка опасна за црниот дроб и белите дробови е пронајдена во чај од Хрватска направен од листови нане од Србија

0
By Ана Василевска on December 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 6, 2023 10:24

Системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија (RASFF) на својата веб-страница објави дека се повлекува уште еден производ. Станува збор за чај од нане од Хрватска со суровина, листови од нане, купен во Србија, бидејќи се пронајдени пиролизидински алкалоиди во чајот, јави дописникот на МИА од Белград

Како што предупредува РАСФФ ризикот по здравјето може да биде сериозен.

Пиролизидинските алкалоиди (ПА) можат да бидат многу токсични за луѓето, наведе независната компанија ЕПО која произведува висококвалитетни ботанички екстракти. Пиролизидинските алкалоиди ги произведуваат растенијата за да се одбранат од штетници и тревопасни животни и се идентификувани во приближно 6.000 ботанички видови.

Овие состојки можат да бидат многу опасни за црниот дроб и белите дробови, а случаите на токсичност на црниот дроб од внесување растенија со овие супстанции датираат од 1920-тите.

Најголеми ризици се за големите консументи на чаеви, билни инфузии и мед, но може да се контаминира и добиточната храна. Пиролизидинските алкалоиди можат да навлезат во оваа храна преку самоникнати растенија или во случај на мед.

Хрватската агенција за храна (ХАХ) наведува дека пиролизидинските алкалоиди во високи дози може да доведат до откажување на работата на црниот дроб, што може да резултира со смрт. Вообичаените хронични ефекти на ПA вклучуваат оштетување на црниот дроб, како и оштетување на белите дробови.

Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.